NBA 2024/25

Koи тимови ке изборат плеј оф? (покрај фаворитите за титула)

  • Вкупно гласачи
    38
Член од
11 октомври 2024
Мислења
55
Поени од реакции
183
Никола Јокиќ сигурно ќе биде во топ 5 играчи во историјата на кошарката, а ако вака истера уште 4-5 сезони на ова ниво ќе биде сигурно во топ 3, ако не и најдобар кошаркар во историјата.

Човекот е апсолутно генијалец, Никола Тесла во кошарката, а неговата кошаркарска големина ја покажа против САД во полуфиналето на Олимпијадата, каде им вршеше физички и ментален терор 4 четвртини на најдобриот дрим тим на САД можеби последниве 20 години.

Колку титули ќе освои во животот не зависи од него, затоа што кошарката е колективен спорт, а не индивидуален. Сите играчи од Мајкл Џордан, Коби, Пипен, играле за тимови во кои имале и многу подобри соиграчи до нив, за разлика од Никола Јокиќ кој игра во сосема просечен тим, а го крева нивното ниво 5 левела нагоре.
 
Член од
19 март 2013
Мислења
2.935
Поени од реакции
4.336

Јокич може нема да заврши ко најдобар играч од Европа , не па на сите времиња.
 
Член од
3 јуни 2022
Мислења
1.528
Поени од реакции
3.668
Да не му беше украдено мпв-то 23/24 веќе ќе имаше исто со Леброн и Чемберлејн, 1 помалку од Џордан и 2 помалку од Џабар

Ама нема врска секако до крај на кариера ќе биде во топ3 во најлош случај
 
Член од
30 јуни 2020
Мислења
3.043
Поени од реакции
11.306
Ова ко она бокс мечот меѓу (после Али) најдобриот боксер, разбијач и нокаут мајстор vs пропалица јутубер ака ванаби боксер и да викаш абе овај јутуберот е ГОАТ во својот прајм пошто Тајсон во својот прајм имаше да јади прашина од овој.
Која нотарна глупост, да го спомниш Џордан, Коби и Никола Факинг Јокич во иста реченица.

Ај дека го сакаме сите го сакаме, ај дека издоминира последните сезони на својата позиција и воопшто во лигата издоминира ама дека во топ 3 евер или во топ 5 (па макар и топ 10) играчи... тоа ти е муабет на некој што почнал кошарка да прати од вчера пошто некни не бил ни во план. ;)

Он топик,
сношти си видоа Никси зошто требаше да трејдаат за Марканен наместо за КАТ, како и зш тоа куслето Бриџис не е Бог знае колкав апгрејд кога станува збор за собирање топки под кош.
Кога ОЏ бранеше надворешни позиции, под кош манкаа кој да скока, кога го позиционираа околу рекетот од надвор ги решетеа и така во круг.
Тибодо мора прво да си ја скоцка одбраната, па потоа да прави што и да планира да прави со КАТ и Брансон во офанзива.
Иако не беше никакво решение, дуото Харт - Ди Виченцо собираше подобри скокови и подобро бранеше рекет од Харт - Бриџис.

Исто Милвоки врза некоја победа, шо после попарвањето на Фила и нивните навивачи ради повредите и недоразбирањата во тимот барем остава шанса дека ќе има друг тим на истокот кој ќе биди каква таква закана во ПО (збораме за тим со легитимна ѕверка во составот - како шо е Јанис), а на запад мило ми е што Голден Стејт си има супер старт на сезоната.

Еден куп победи собраа, Кари има уште во себе баскет и иако старее сепак потсетува со одредени партии кој е и што е (ги угаси Бостон повторно), со тимот како ќе стојат во ПО и што ќе изиграат без центар не знам и не се надевам многу иако сега за сега се заслужено втори на запад.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom