Ако Денвер изгуби математиките се следни:
1. Минесота победува (со сигурност), а Голден Стеј го тепа Клиперс
Во ова лудо сценарио, 4 екипи би имале скор 49-33.
Меѓусебните би биле:
Голден Стејт-Минесота 3-1
Минесота-Клиперс 3-0
Клиперс-Голден Стејт 3-1
Клиперс-Денвер 2-2
Минесота-Денвер 4-0
Денвер-Голден Стејт 2-1
Значи, Голден Стејт ќе имаат скор 5-6, Клиперс имаат 5-6, Денвер имаат 4-7, а Минесота има 8-3.
Табелата би била:
4. Минесота
5. Клиперс
6. Голден Стејт
7. Денвер
2. Минесота победува, Клиперс победува со Голден Стејт
Тогаш, Минесота и Денвер ќе имаат ист скор, а Минесота се подобри во меѓусебен и табелата би била:
4. Клиперс
5. Минесота
6. Денвер
7. Голден Стејт
3. Минесота губи, Голден Стејт го тепа Клиперс
Тогаш, ќе се прави круг меѓу Денвер, Клиперс и Голден Стејт.
Тука, Клиперс има 5-3, Денвер има 4-3 и Голден Стејт има 2-5.
4. Клиперс
5. Денвер
6. Голден Стејт
7. Минесота
4. Минесота губи, Клиперс тепа со Голден Стејт
Тогаш, Клиперс оди пред Денвер само.
4. Клиперс
5. Денвер
6. Голден Стејт
7. Минесота
Сценарија 3 и 4 се невозможни, нема теорија Минесота да изгуби од Јута.
Денвер со пораз ризикува да падне дури до плеј ин или да игра со Лејкерс во прва рунда.
Браво за трудот шо го вложи да пресметаш кој и како ќе испадне на крај, години си ги следиш клиперси и иако вие имате дудук од газда (сепак зеде 2 играчи кои се ровити на жими мајка) - особено треба да се гледа на бизнис интересот т.е. на новата сала и мислам дека покрај тоа што го скоцка тренерското дуо (не е мала работа Ван Ганди да го повлечиш да тренира на овие години - после скоро 25 пауза), ќе ја скоцка и екипата и ќе бидат уште поуспешни со здрав Каваи.
Во ПО баш мислам дека ќе раздрмате, многу т.е. сè ќе зависи од канџата, до толку е квалитетен. Може да угаси *(буквално) играч во одбрана, а во напад е еден од ретките поентери за 2 кои се олдскул - од полудистанца за него нема одбрана.
Харден е навистина чоукер, се согласувам со тебе потполно, ама и таков има мадиња да превземи одговорност и ги игра сите натпревари макар и повреден.
Мислам дека не сум единствениот шо е на став дека годинава, во сепак горе-долу изедначен и конкурентен запад ќе направат проблеми доста овие, а посакувам да го извадат максимумот од екипата - шо моментално најверојатно е финале на запад. Многу голема почит имам кон Ван Ганди како тренер, сепак тој е тренерот шо го донесе Њујорк од 8 место до финале во НБА (нема друг таков) во 99-та против Сан Антонио и многу сакам да го видам Каваи со уште еден прстен, само заради тоа шо е играч кој ја држел муцката затворена и играл баскет.
Покрај тоа мемето со неговото глупо ќезење на прес конференција, има изјавено дека играч кој не знае да игра одбрана не треба да игра во НБА - или нешто слично беше изјавата, али тоа е поентата (никогаш не гуглам, мака ми е да барам).
Машка работа беше Богдан шо се донесе на полусезона, шутер, млад е, игра одбрана колку толку. Таман старата коска Батум да можи да се одмори, а ист калибар на играч е. Ќе гледаме интересни натпревари таму.
п.с. Лука го наштелова шутот, ќе биди крвав плејоф на запад, а Мемфис (каков, таков - дури и без одбрана играње) сепак заради Џа може да прелеби некој „фаворит“ на пола.
Кон Голден Стејт, заради Стеф, секогаш ќе гаам симпатии - не се ни тие да ги отпишиш.
Јокарата е... џабе ќе пишам.
Јака Оклахома, треба да се докажат во ПО.
Хјустон, Минесота и Сакраменто ќе треба да се надминат себе си за да направат нешто - иако не се тимови шо тек така би ги потценил.
Ќе врие на Западот овој ПО.


Wild wild west.

