NBA 2024/25

Koи тимови ке изборат плеј оф? (покрај фаворитите за титула)

  • Вкупно гласачи
    59
Не им е сигурно на Лејкерс трето место еден пораз и чуда се дешаваат се е отворено.
Со оглед на тоа што Хјустон се на одмор и Портланд не се борат за ништо, не верувам дека нема да земат уште 1 победа до крај, а со тоа и да го запечатат третото место.

ГСВ си пукаа у колено вчера со поразот, ќе биде интересно против Клиперс последната.
 
Имам морална одговорност да се извинам за коментарите за Лука и дека потајно сакал во Лејкерс. Ноќеска маж од 2 метра и 110 кила заплака како мало детенце кога одеше farewellот за него. Тоа беа вистински емоции. Стварно му направија нешто што ни на душман не се прави, го сакаше Далас и сакаше да биде Дирк 2.0
Со тоа поднесувам оставка на темава и ако ја прифатите , нема веќе да пишувам.

(Илз метода :D)
 
Ти се одјавуваш,Генералот најјави одјава,Изи братот исто ,ќе останат Коби,Сладоледот и тук таму некој еднаш неделно да пише ,нека се стави клуч на темава.
 
Ти се одјавуваш,Генералот најјави одјава,Изи братот исто ,ќе останат Коби,Сладоледот и тук таму некој еднаш неделно да пише ,нека се стави клуч на темава.

Не бе , тука сум плејоф почнува сеа.
Допрва ќе има јаки работи , круна на оваа луда сезона.
 
:D

"REPORT: The Denver Nuggets have reached out to Strahinja and Nemanja Jokić for potential General Manager and coaching positions. (Via @ESPMNBA)"

GoH5OnkXAAADE1I
 
:D

"REPORT: The Denver Nuggets have reached out to Strahinja and Nemanja Jokić for potential General Manager and coaching positions. (Via @ESPMNBA)"

GoH5OnkXAAADE1I
Не бре, Нико Харисон ќе дојде гм во Денвер и ќе го трејда Јокич во Лејкерси за две кила семки.
 
Бреј видеото со Лука кај едвај се сопира да не заплаче гледајќи го видеото и камен ќе расплаче а не маж.:place:
Колку и да не го сакам Леброн и Лејкерс, неможеш да не им изразиш респект каков дочек и подршка му даваат на Лука, колку едните го исшутираа како да е гомно, толку другиве го дочекаа со две раце. Синојќа цела екипа се придружи при скандирање Лука, Лука и буквално откако отиде таму се гледа колку се среќни што го имаат, за респект е, егото тргнато на страна, посебно на Леброн, сите работат на едно, голема пофалба и до ЈЈ е за ова што ги држи конците во екипата и сите се фокусирани на добра атмосфера и сакаат да гураат напред, да победат.
 
Како ќе чоукнеше Харден на крај за Клиперс. Батето се претвори во Стојан Ѓуроски последните минути, утна едно 100 отворени шутеви од рекетот, некои на метро од кошот.
За среќа Сакраменто не направија целосен пресврт, благодарение на ДеРоузан кој истотака се изглупира на крајот.
Тешка победа, иако на неколку минути до крај имаа безбедни +10 поени. Без дедо Батум во одбрана, одма е потешко :D

3. Лејкерс 50-31
4. Денвер 49-32
5. Клиперс 49-32
6. Минесота 48-33
7. Голден Стејт 48-33
8. Мемфис 47-34

Последно коло:
Порталнд-Лејкерс
Мемфис-Далас
Минесота-Јута
Хјустон-Денвер
Голден Стејт-Клиперс

Лејкерс и Минесота со сигурни победи во последно коло. Лејкерси го гарантираат третото место.
Со оглед на тоа што Минесота сигурно победува, Мемфис дури и да победи со Далас, сигурно оди во плеј ин.
Денвер исто така би требало лесно да ги добие Хјустон, бидејќи не се замараат последните кола.
За крај останува дербито на колото, Голден Стејт против Клиперси.

Во случај да тепа Клиперс и они и Денвер ќе имаат скор 50-32, но Денвер е подобар (сезонава се 2-2 во меѓусебни дуели) поради подобар скор со екипите од западна конференција.
Во превод, со победа Денвер го гарантира 4-то место.

Моментално:
Минесота-Голден Стејт 1-3
Минесота-Клиперс 3-0
Клиперс-Голден Стејт 3-0

Ако тепа Голден Стејт, тогаш сите три тима ќе имаат скор 49-33.
Во меѓусебни дуели, Голден Стејт ќе има скор 4-4, Минесота 4-3, а Клиперс 3-4.
Во превод, табелата ќе биде:
5. Минесота
6. Голден Стејт
7. Клиперс

Преглупо екипи со скор 49-33 да играат плеј ин, еден меч може да ти скрои судбина, со екипи што завршиле со негативни скорови.

По мене, ова ќе биде крајното сценарио. 4. Денвер
5. Минесота
6. Голден Стејт
7. Клиперс
8. Мемфис
 
I sakramento moze da padne na 10to mesto, a dalas da bide 9to..
 
@Saber Rider
Може Денвер да падне на 6-то или 7-мо место? Мислам дека поише ќе сакаат на Лејкерс да одат отколку на Клиперс.
 
@Saber Rider
Може Денвер да падне на 6-то или 7-мо место? Мислам дека поише ќе сакаат на Лејкерс да одат отколку на Клиперс.
Ако Денвер изгуби математиките се следни:

1. Минесота победува (со сигурност), а Голден Стеј го тепа Клиперс

Во ова лудо сценарио, 4 екипи би имале скор 49-33.
Меѓусебните би биле:
Голден Стејт-Минесота 3-1
Минесота-Клиперс 3-0
Клиперс-Голден Стејт 3-1
Клиперс-Денвер 2-2
Минесота-Денвер 4-0
Денвер-Голден Стејт 2-1

Значи, Голден Стејт ќе имаат скор 5-6, Клиперс имаат 5-6, Денвер имаат 4-7, а Минесота има 8-3.

Табелата би била:
4. Минесота
5. Клиперс
6. Голден Стејт
7. Денвер

2. Минесота победува, Клиперс победува со Голден Стејт

Тогаш, Минесота и Денвер ќе имаат ист скор, а Минесота се подобри во меѓусебен и табелата би била:
4. Клиперс
5. Минесота
6. Денвер
7. Голден Стејт

3. Минесота губи, Голден Стејт го тепа Клиперс
Тогаш, ќе се прави круг меѓу Денвер, Клиперс и Голден Стејт.
Тука, Клиперс има 5-3, Денвер има 4-3 и Голден Стејт има 2-5.
4. Клиперс
5. Денвер
6. Голден Стејт
7. Минесота

4. Минесота губи, Клиперс тепа со Голден Стејт
Тогаш, Клиперс оди пред Денвер само.
4. Клиперс
5. Денвер
6. Голден Стејт
7. Минесота

Сценарија 3 и 4 се невозможни, нема теорија Минесота да изгуби од Јута.
Денвер со пораз ризикува да падне дури до плеј ин или да игра со Лејкерс во прва рунда.
 
Браво за трудот шо го вложи да пресметаш кој и како ќе испадне на крај, години си ги следиш клиперси и иако вие имате дудук од газда (сепак зеде 2 играчи кои се ровити на жими мајка) - особено треба да се гледа на бизнис интересот т.е. на новата сала и мислам дека покрај тоа што го скоцка тренерското дуо (не е мала работа Ван Ганди да го повлечиш да тренира на овие години - после скоро 25 пауза), ќе ја скоцка и екипата и ќе бидат уште поуспешни со здрав Каваи.

Во ПО баш мислам дека ќе раздрмате, многу т.е. сè ќе зависи од канџата, до толку е квалитетен. Може да угаси *(буквално) играч во одбрана, а во напад е еден од ретките поентери за 2 кои се олдскул - од полудистанца за него нема одбрана.
Харден е навистина чоукер, се согласувам со тебе потполно, ама и таков има мадиња да превземи одговорност и ги игра сите натпревари макар и повреден.

Мислам дека не сум единствениот шо е на став дека годинава, во сепак горе-долу изедначен и конкурентен запад ќе направат проблеми доста овие, а посакувам да го извадат максимумот од екипата - шо моментално најверојатно е финале на запад. Многу голема почит имам кон Ван Ганди како тренер, сепак тој е тренерот шо го донесе Њујорк од 8 место до финале во НБА (нема друг таков) во 99-та против Сан Антонио и многу сакам да го видам Каваи со уште еден прстен, само заради тоа шо е играч кој ја држел муцката затворена и играл баскет.
Покрај тоа мемето со неговото глупо ќезење на прес конференција, има изјавено дека играч кој не знае да игра одбрана не треба да игра во НБА - или нешто слично беше изјавата, али тоа е поентата (никогаш не гуглам, мака ми е да барам).

Машка работа беше Богдан шо се донесе на полусезона, шутер, млад е, игра одбрана колку толку. Таман старата коска Батум да можи да се одмори, а ист калибар на играч е. Ќе гледаме интересни натпревари таму.

п.с. Лука го наштелова шутот, ќе биди крвав плејоф на запад, а Мемфис (каков, таков - дури и без одбрана играње) сепак заради Џа може да прелеби некој „фаворит“ на пола.
Кон Голден Стејт, заради Стеф, секогаш ќе гаам симпатии - не се ни тие да ги отпишиш.
Јокарата е... џабе ќе пишам.
Јака Оклахома, треба да се докажат во ПО.

Хјустон, Минесота и Сакраменто ќе треба да се надминат себе си за да направат нешто - иако не се тимови шо тек така би ги потценил.

Ќе врие на Западот овој ПО. :vozbud::vozbud:
Wild wild west. :pistoldz::pistoldz:
 
Уф шо убаво се местат Минесота за прво коло со Денвер , време е за одмазда и да се свртат работите на другата страна.
Јокич мислам има да го фати позитивен инает и со поддршка од Мари и Гордон да ја земат серијата.
 
Лука како шутира тројка последниве текми ќе иде над career просекот шо го има 30.9 во плејоф, не знам кој ќе го чува. Со 40 посто тројка, језиво добар ќе биде.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom