Брат, Нова Година за мене е денес!!!! Ми се напрај и денот и годината и се'.Оставете го @Генерал треба да се израдува малку ,ама тука не треба да застанат им треба уште некој играч ако сакаат да направат нешто.
Следен Сиакам по мене иде на трејд ,мое мислење иде во Милвоки ,таман ќе им легне на Лилард и Гркот.
Премногу ми е криво за Квикли (премногу) ама од др страна пре пре пре мило ми е за ОЏ и за тоа што се куртуливме конечно од лепрозниот Берет.
За жал, Рендал премногу работи (секогаш е во топ форма физички), а и омилен е кај Тибодо, сигурно е и кај управата во некој дел и нема да го трејдаат АМА со ОЏ добија такво елитно крило кое можи да игра одбрана на највисоко можно ниво.
Сега го имаш него во одбрана, го имаш Харт кој можи да чува некој плеј и го имаш Мич Робинсон (добро најверојатно ебана е сезоната за него ама се надеваме ќе дојди во ПО назад во тимот, зависи, рано е да се прогнозира) и Рендал колку толку.
Му треба сега некој скорер од позиција 2 или кога би имале мадиња, дај го Рендал + Грајмс + Фурние (ако сака на овој некој да му го превземи договорот, можда има и таква будала) и трејдај за некој од типот на Сиакам.
Чекај Фила да пропадни во ПО (мали шансите се), па нуди уште играчи + покрај овие 3, дај ги и пикојте (сите ако треба) за Ембиид... шо знам, земи барај таму во Феникс шо има 200 тимој сменато и лажи го на приказната види шо одбрана јака имаме и дојди ни ти со Брансон и ОЏ да лапните титула (па шо, не малку се има прелажано да игра со шамани и со брадоњи...), сврти телефон во Вориорс, ти треба расен шутер... можда некој е улав Клеј да го дај, Мичел од Кливленд ќе биди ИЛИ ИЛИ да го бараш пошто е преситен и малечок со Брансон да игра...ама е скорер. Зајон?
Копилето е ненаситно, фука како будала, склон ради то на повреди... во 6 години (од кои 3 поминаа од договорот) ова му е врвот? Ќе му дојди паметот ако игра за Никси? Понуди му договор или оваа килажа и овие бројќи на терен + толку наптревари да изиграш или ДУПЛО помала плата. Зошто да не? Го плаќаш, мора да има одговорност за пари земање.
Јави се во Јута, види Марканен шо прај, шо иднина гледа во тој тим... едноставно телефоните врака и врти.
ОЏ сигурно ќе оди на 120+ милиони на лето, не знам другите како ќе ги вклопат ама мора да избилдаат уште еден јак трејд.
Никако нема да ми се свиѓа Зајон од Пеликаните или Таунс од Минесота во Њујорк ради шо и двата немаат карактер ама мора да бараат уште еден и ќе имаат состав уште годинава да играат во ПО, можда нема финале на исток ама полуфинале сигурно, а финале со огромни огрооомни шанси.