Не знам дали пишав овде, ме мрзи да барам, знам на дечкиве што го тераат подкастот "Од клупа" им пишав на инста дека единствен тим од западот што може да им парира на Денвер се Минесота. Ова пред се го мислам од физички аспект, зашо кога ќе ги ставиш Гобер и Таунс против Јокиќ ликот мора да биде уморен и да не пружа партии какви што сите очекуваат. Да, он пак ќе си биде близу неговиот стандард од поени/скокови/асистенции, ама начинот на кој ќе доаѓа до тоа ќе биде многу потежок и ќе го чини тимот многу повеќе отколку вообичаено. Плус тука да додадеме елитни дефанзивци во првата петорка во имињата на Мекдениелс, Едвардс и Конли и имаме една мамојеб петорка против која мора да мочаш крв за да постигнеш поени.
Ваков сличен мечап имаа Денвер против Лејкерс во баблот каде на Јокара одеа Дејвис, Хауард и Мекги и го гњавеа и тераа да се мачи во напад. Додади тука бековски одлични дефанзивци како Рондо, ККП, Карусо и Дени Грин и ја имаш формулата за успех против Денвер.
Рецимо сеа против Лејкерс цело време Денвер продаваше иста акција, а тоа е пикот на Мареј и Јокиќ или пас од Мареј до Јокиќ на висок пост/крушка и после урочување на топката од Јокиќ до Мареј и автоматски создавање на вишок кој Денвер прелесно го експлоатираше на милион начини, или со тројки или со цепелин до Гордон или со лесни 2 поени од останатите играчи. Сега го немаат тој луксуз затоа што Мареј го бранат животињи како Едвардс и Мекдениелс кои се 100 пати подобри дефанзивци од Расел и Ривс и пред се се атлетски посилни, а богами и во рекетот имаат животињи како Таунс и Гобер па затоа и ноќеска Денвер останаа под 100 поени што е реткост за нив на домашен терен.
Минесота е многу симпатична екипа, а успехов што го имаат сезонава мислам дека пред се се должи на тоа што сфатија кој е алфа и омега во тимот и Таунс му ја препушти лидерската улога на Едвардс. Кога веќе го спомнав, не може да не поштуваш човек на кого Коби му е идол и кој е крвав работник и фер играч. Лека полека си имам нов миленик во НБА после Коби, едно време ми беше Дурант ама се просељачи си еба мајката така да кој го ебе.