NBA 2023/24

Koи тимови ке изборат плеј оф? (покрај фаворитите за титула)


  • Вкупно гласачи
    74
Статус
Затворена за нови мислења.
Се шпекулира дека Трае Јанг може да го трејдаат во Спарс.
 
Се шпекулира дека Трае Јанг може да го трејдаат во Спарс.
“Why would we do that?... Get a vet or two and go win a championship this year? I’m going to go think about that.” Popovich finished with his usual brand of sarcasm.
 
Гледам никој не искоментирал, секоја чест за Голден Стејт како вчера му одадоа почит на Дејан Милојевиќ. Не ги сакам воопшто, ама она вчера беше феноменално. Плус Дрејмонд Грин за кого мислам најлошо беше во солзи...
 
Харисон Факинг Барнс. Затоа го мразев тоа копилето ГМ на ГСВ пошто продаде вакви играчи и кога стана најгусто прв го напушти бродот шо тони па сега изиграва некој си ебан НБА аналитичар.

Барнс изигра океј за една дефанзивна 4 во Далас, сега убаво си делка и во Сакраменто. Вечерва го залепи Каминга (на крај тоа испадна) за победа на Сакраменто над ГСВ на гостински терен - првпат по 2020.

Не дека е wow и да се посериш од среќа играч ама за екипа како ГСВ, која на негова позиција не крена глава откако го трејдаа ите како корисен ќе беше.

п.с.
Никси го скинаа Денвер. Цел натпревар водеа и на крај до голема победа. Највисокото водство им беше 38 поени. Играа без Хартештајн, практично без центар. Буши бато. :uzi: :uzi: :uzi: :uzi:

Следна им е против Мајами, кои трејдаа за Скери Тери (чоек шо го набркаа од Бостон на времето пошто имаа пун курац играчи на таа позиција) и ќе биди тешка утакмица. Барем во ран термин е.
 
Не дека е wow и да се посериш од среќа играч ама за екипа како ГСВ, која на негова позиција не крена глава откако го трејдаа ите како корисен ќе беше.
Мислам дека требаше да го преплатат тогаш па затоа го пуштија. По мене паметна одлука, не вреди да преплаќаш играч како Барнс.
 
Мислам дека требаше да го преплатат тогаш па затоа го пуштија. По мене паметна одлука, не вреди да преплаќаш играч како Барнс.
Затоа добар ГМ ќе ги вклопи коцките и во однос на плати и во однос на релации со играчите.

Оваа лигајцата бил добар само со Кари и Кер, а со сите други изиграл на картата „пријателство“ додека макс не го сјеби тимот и си замине. Токму тука ми е и замерката за него.
Тие 4 титули до кои дојдоа се резултат на поранешен тренер и апсолутниот талент и работа на Кари и Томсон.

Во ред е да го платиш, во право си и не е во ред да го преплатиш, ама можеа и мора да најдат начин да зачуват човек како него. Сличен од негов калибар беше Иги ама тој беше постар и не му беше толку битно ако добие помала плата бидејќи го искористи доаѓањето во ГСВ за да воспостави и добри бизнис релации приватно, па еве го сега буричка и на други места освен во баскет.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom