NBA 2023/24

Koи тимови ке изборат плеј оф? (покрај фаворитите за титула)


  • Вкупно гласачи
    74
Член од
25 јуни 2017
Мислења
57
Поени од реакции
149
Не е без причина тоа што Селтикси се најдобар тим моментално во НБА со најдобар скор во завршена регуларна сезона. Сметам дека и на истокот ако хипотетички Порзингис беше здрав и играа против здрави играчи дека ќе тепаа четири пати против секој и пак ќе се прошетаа до финале.
Евентуално овој тим на Селтикс оваа сезона во плејоф би се мачел само против тимот на Денвер и Минесота и знак прашање би било дали би ги добиле.

Како фан на Селтикс среќен сум што играат ваква шампионска кошарка, нула его постои во тимот и владее целосна атмосфера. Се сеќавам во темата НБА 2022 ставив меме од слика како се чувствува секој Селтикс фан после изгубеното финале (мизерно) поради тоа што играа после 12 години финале пак и којзнае кога пак би догурале до таму. Муабетите дека се гурани од судии се абсурдни, 15-2 се во цел плејоф ран разбирам дека симпатиите се кон Мавс во ова финале, ама се виде дека не постојат на терен Мавс освен Лука што игра и доставува.

Не може Лука сам, премногу повреди носи и се гледа тоа на терен како го прелетуваат и не игра одбрана воопшто. Кајри не заслужува да биде коментиран, ќе го прескокнам. Исто така не може Џејсон Кид таков себеуништувачки тајмаут да викне кога мавси се 20-2 у негатива, тешко дури и невозможно би рекол да бидат првиот тим во историјата во финале кои се вратиле од 3-0 негатива да освојат.

18 титула хир ви кам.
 
Член од
17 декември 2019
Мислења
2.206
Поени од реакции
3.804
Mi tekna Kleba ili Kleber kako god go vikaat, 215cm popi banana u 1/4 :pos:
 
Член од
19 март 2013
Мислења
2.850
Поени од реакции
4.134
Ирвинг сега колку има изгубено по ред од Бостон? 15?
Им покажуваше се гледаме во Г5, каков блам во најава! :pos:
Успеа Лука 2022 да намали 3-1 против Вориорс , он сигурно ќе достави , а и шутот за три ќе му биде боље. Е сеа дали можат другиве нешто да изиграат и со победа Мавс да се одјават сезонава од својата арена , чекаме утре.
 

Mojso

uneducated knob
Член од
14 септември 2009
Мислења
4.702
Поени од реакции
12.698
Не дека се судиите криви, но на крај ја сјебаа работата, спорни ситуации во последните 3-4 минути кои беа 50:50 и ги прегледуваат, ги досудија во корист на Бостон.
Заслужено си водат Бостон 3:0, иако Далас се директно криви за втората и третата утакмица, не дека Бостон прикажа врвна игра, колку што никој од споредните играчи на Далас не отскокна како што беше во претходните серии.
Ако мислиш на тие вклучувајќи ги на Лука 5от и 6от фаул, па се до крај, чисти си беа ситуациите. И ја сакам Лука/Далас да освојат, ама тие ситуации си беа чисти. Усвари судиите дури и шанса им дадоа на Далас колку толку да останат во игра со тоа што не свиреа фаул над Хардавеј на крај ама јбг, братот промарши.
 

Пеце

Пелистер-Битола
Член од
16 септември 2009
Мислења
4.297
Поени од реакции
5.195
Дека чокери Бостон зато.....
Дончич дефинитивно заслужва во појак тим.
ФМВП би требало да е Браун има најголеми шанси, пред да се изигра четвртата...
 
Член од
30 јуни 2020
Мислења
2.962
Поени од реакции
10.994
Оние кретени пак на ЕСПН го распнаа Дончич, како да чекаа со душа да се приближат кон пораз во финалево. Колку комплекси им имаат со Јокич набиено то чудо едно, али бадијала, пак МВП вгодина ќе биди некој од нив двајца.
 
Член од
7 јули 2013
Мислења
1.688
Поени од реакции
11.031
Какви глупости се изначитав и на форумов и на твитер, чудо нешто. Бостон не заслужувале титула, не биле најдобар тим (Феникс имал појак тим :lolzz:), ради повреди биле таму и слични небулози. Па тие повреди доаѓаат баш поради недоволен ростер и слаба ротација, и баш тоа е доказ дека Бостон е најкомплетен тим.

Бостон освен што има добра прва постава, ротација, дури и оние играчи кои се буквално само колку да пополнат минутажа како Сем Хаузер, Причард и еве вчера Тилман може да изиграат солидно и да дадат свој придонес. Да имаш скор од 79 победи и 20 порази (само два во плејоф) во цела сезона, притоа да успееш да ротираш и да ги одмараш своите најдобри играчи е огромен успех и знак дека клубот има одлична организација. Со години се една од најдобро водени франшизи кој со паметни трејдови и паметно одбрани пикови направија одличен тим кој со години е тука меѓу подобрите екипи, но фалеа некој финеси за да дојдат до титула. Со ланските трејдови Бред Стивенс го комплетираше тимот и го заврши она што го почна Дени Ејџ и ќе дојдат до заслужена титула, освоена на прилично доминантен начин.

Огромен напредок имаат Бостон во многу сегменти за споредба од ланската сезона, прво лани Мазула беше изгубен, не знаеше кога треба да викне тајмаут, не знаеше како да игра кога противничкиот тим се брани во зона. Сето ова е надминато сезонава, плус направи многу добра хемија помеѓу играчите. Друго, Џејсон Тејтум и Џејлен Браун намалија со безпотребно форсирање, играат повеќе тимски и прават многу помалку turnovers, до лани на скоро секој меч комбинираа минимум по 10 turnovers. Посебно каков напредок во играта има Џејлен Браун, многу добра сезона има и верувам дека ќе е FMVP. Дерик Вајт е одличен играч и тука мора да го спомнам Џру Холидеј, многу благодарен играч, во секоја ситуација може да се снајде, ќе плачат фановите на Бакс по него.

Уште една до "полнолетсво" :oeoeoe:
 

GreenRoot

^Зелен^
Член од
20 јули 2011
Мислења
2.599
Поени од реакции
2.220
Мене многу ми беше криво кога ги трејдаа Смарт и Вилијамс, посебно вториов беше уживање да се гледа. Мислев дека пакетот од Вилијамс и Брогдон е премногу за Холидеј, а токму тој трејд го донесе Бостон на оваа позиција.

Sent from my POCOPHONE F1 using Tapatalk
 
Член од
30 јуни 2020
Мислења
2.962
Поени од реакции
10.994
Какви глупости се изначитав и на форумов и на твитер, чудо нешто. Бостон не заслужувале титула, не биле најдобар тим (Феникс имал појак тим :lolzz:), ради повреди биле таму и слични небулози. Па тие повреди доаѓаат баш поради недоволен ростер и слаба ротација, и баш тоа е доказ дека Бостон е најкомплетен тим.
Овде мислам дека никој од членовите не изјави оти Бостон не заслужува, само навијачки повеќе се/сме настроени кон Далас заради Лука.

Инаку Бостон поштено си ја изигра цела сезона, во ПО си ги испуца сите кои му застанаа на патот и еве сега ќе лапа титула.

Е сега, тие што се ривали или ги мразат ќе речат лесно му беше на Бостон со повреден Ембиид, повреден Јанис, исповредени Њујорк, повреден Халибуртон и било кој друг на истокот што би имало шанси да се натпреварува со нив беше класична болница ама од друга страна титула си е титула и ти си во право кога велиш дека клупата, ротацијата, начинот на игра и минутажа влијаат ите како во сезоната, а директен импакт имаат на постсезоната.
Тимовите треба прво на тоа да мислат пошто БАШ сезонава покажа дека не е битно дали си прв, трет или петти на табела кога во ПО не можиш една серија да завршиш без повреди на клучни играчи.
Годинава тоа кај Бостон го немаше, освен Порзингас ама кај него други се причините.

Така да, капа долу за тренерот и за цела екипа. Јас би им ја дал титулата на Вајт и Холидеј да ја кренат, особено овој првиот кој испадна ненормален работник и ептен благодарен играч. Секој тренер би посакал онаков работник во тим.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom