Бостон со Њујорк ќе оставе најголем траг од првата серија.Многу ме интересира дали Бостон ќе ја прифати брзата и ефикасна игра на Њујорк или Риверс ќе си остане доследен на цврстата одбрана или пак обратно.Дантони имам впечаток како да не знае да игра одбрана.Затоа летна од Феникс затоа ќе летне и од Њујорк.Тоа е главниот хендикеп за Њујорк инаку имаат супер тимче
На Западот.Далас и покрај фантастичната сезона оваа година немаше среќа да добие занив лесен противник ако има воопшто таков.Портланд е буквално рамноправен во овој дуел. Со оглед на потечната и подобра за гледање кошарка Бостон и Њујорк се поинтересни за гледање
Повредата на Бајнам ќе значи да гледаме донекаде неизвесна борба со Орлеанс но и покрај тоа Лејкерс се големи фаворити.Факт е дека го имаат Одом на негово место.Но тоа само по себе влече две лоши работи.Првата, немањето квалитетен шести играч и втората , тоа што Гасол ќе оди на центар а во минатото се докажа дека таа позиција не му е најомилената.Повеќе преферира на слободата на четворката. Па и тоа што нема со кој да ја распоредат минутажата.
Оклахома полека созрева како екипа за самиот врв.Денвер кога веќе видоа дека неможат да го задржат Ентони завршија феноменална работа со зимскиот трејд.И таа серија може да потрае подолгоно мислам дека Оклахома ќе продолжи
Други серии кои би биле неизвесни или со потенцијално изненадување не гледам. Сега , изнеадувањето не би било доколку некој стварно не изненади но ќе видиме