За тоа дека Богородица немала други деца, освен Христа Единородниот Син, а тоа е доста „разглабано„ на друга тема.
“Зарем она не е синот на дрводелецот, Зарем мајка му не се вика Марија а браќата негови Јаков, Јосиф, Шимун и Јуда. Зарем сестрите негови не се меѓу нас“
Матеј 13 54-56
“Зарем овој не е синот на дрводелецот, синот на Марија, а братот на Јакова, Јосифа, на Шимуна и на Јуда. Зарем неговите сестри не се овде меѓу нас?“
Марко 6, 3
“Токму пред 3 години подоцно отидов во Ерусалем да го запознам Кефа, и останав со него 15 дена. Вториот кого што од апостолите не сум го видел, освен Јакова братот на Господа“
Делата апостолски 1, 18-19
1. Крстот на кој беше Христос распнат, не е во Назарет, туку на местото лобно/Голгота, блиску до Ерусалим.
Поентата ми беше околу “прикаската“ како е најден крстот.
2. Назарет не е толку битен град колку што ти му придаваш внимание. Во времето од Христовите проповедања, неспоредливо е побитен градот Капернаум, кој во тоа време бил трговска крстосница и згодно место за разнесување на Исусовото учење во тогашното источно средоземје.
Ако Назарет не постоел в исусово време (а по тоа што нема никаков доказ дека постоел се до век векипол ПО Исуса, тогаш прикаските за Габриеловото јавување на Марија вво Назарет, за животот на исус во Назарет губаѕт основа. Немаат темел. Паѓаат
3. Важно е раѓањето на Спасителот, несомнено.
Да али не се знае кога е точно оден. Распонот е некои 10-12 години Писмата не се прецизни и се меѓусебе противречни и контрадикторни
4. Лично, не ми е познато дека Исусовите следбеници се именувани како назарени. По своето вознесение и седнување оддесно на Отецот, Христос, преку Духот Свет, ни ја основа и ни ја остави Црквата. Црквата не е назарејска, туку е христијанска. Назарените ќе да се „нешто„ кое во моментов не ми е познато.
Во делата 24:5 за Павлета велат: “ Бидејќи најдовме дека овој човек е зараза и дека крева бунтови против сите Јудејци во вселената и дека е водач на назарејската ерес“
Павле не одречува дека шири назаренска мисла само се противи на тоа дека тоа е ерес во истото 24.14 “Но ти признавам, дека според учењето кое тие го нарекуваат ерес, Му служам на Бога и на отците наши, дека верувам во се што е напишано во Законите и Пророците.“
5. По смртта Христова, Он нема никаков световен наследник. Христос не само што умре, туку и воскресна. Нема потреба од наследници Исусови, оти Он е глава на Црквата, а членовите во Црквата се тело Христово. Тоа е досега невидена блискост меѓу Творецот и творенијата, блискост непозната за нидена друга вера.
По смртта негова Јаков ги превзема учениците и следбениците на Исуса и продолжуваат со строго почитување на старозаветните закони онака како и Исус проповедаше
6. Тоа што дел од раната Црква, особено јудеите, ја славеле саботата и се обрежувале, тоа е само проста инерција од нивната претходна вера. Ништо не се случува преку ноќ, па така, не се случува ни наглото прифаќање на новата вера Христова, без „влечење остатоци„ од претходната вера од јудеите.
Тоа што тие ги почитуваа старозаветните прописи е наложено од Исуса лично
Немојте да мислите дека сум дошол да го поништам Законот или пророците, не сум дошол да ги поништам туку да ги исполнам. Зашто, вистина, ви велам дури постојат небото и земјата ниту една јота или црта од Законот нема да се измени, додека не се исполни се. И така оној што ќе наруши една од тие најмали заповеди и така ги научи луѓето, најмал ќе се наречи во царството не*есно , а оној што ќе ги исполни и поучи, тој голем ќе се нарече во царството небесно
7. Павле и тоа како Го знаел Христа, оти Христос самиот му се јави на Павла, на патот Павлов кон Дамаск.
Павле сам се пријавил за апостол дека негде во пустина Исус му се јавил. Павле не почитувал тоа што му го наложиле Јаков и Петар туку и покај нивни налози на своја рака менувал закони и прописи. Павле опишал неколку пати како Исус му се јавил во пустината. Секој од тие описи се разликува еден од друг. Тоа се вика лажно сведочење.
8. Тоа дека демек, Павле вовел ново учење, поинакво од Христовото, тоа е класичен муслимански и атеистички став и самооправдување за неприфаќање на Исусовата вера.
Тоа е став на типичен павликанец не на христијанин