Назарет - изгубениот град

  • Креатор на темата Креатор на темата Let 3
  • Време на започнување Време на започнување
site hristijani toa go pravat, zosto nie drugite da ne smeeme da go pravime toa?

Што се однесува до назарените, тие, според форумџиите од српски православен сајт, постоеле и пред Христа, со свое убдеување и мудрување. А самиот град Назарет, постоел едно 6 века пред Христа.

Иако не практикувам „..клипчиња и линкови...„, сепак еве еден, на оваa тема:

http://forum.bgdcafe.com/index.php?showtopic=8971

Назрените секако постоеле прд Христ и по христа. Против нив хајка крваше xристијнската црква со векови и векови. Исус по убедување бил назарен и и припаѓал на тој правец на јудаизмот. Исус Назарен е припадност на вера а не на град. Инаку се трудат се уште археолозите и историчарите да откријат било каков доказ дека Назарет градот постоел во време на Исус но за сега нема такво нешто. Ископувања се вршат назат со децении, се што нашле е римска гробница од почетк на втори век (над која во недостаток на друго нешто кренале црква, и римска винарија од ист период. Христијаните денес кои одат во назарет (од кои Израел и денешен Назарет инкасираат големи пари) му се клањаат и паѓаат во екстаза покрај римски гробишта и римски винарии.
Ако имаат тие од Београд некои докази за Назарет во време на Исус кои докази ги нема ни во стариот завет ни во талмудот но во рабинските записи ни во пишувањата на Флавиј... можеби има некои записи од Чукарица или Звездара... некој наод на калимегдан или Теразије кои ќе докажат дека Назарет навистина постоел во врремето на Исус.
 
Апостолите немале никаква причина да лажат или измислуваат дека Исус живеел во гратчето Назарет. Доколку градчето Назарет не постоело во 1 век, тогаш лесно ќе била разобличена лагата во евангелијата и истите ќе биле прогласени за фачсификати и немало да бидат прифатени од христијаните. Но тоа не се случило. Градчето Назарет се спомнува 11 пати во евангелијата и 1 во делата на апостолите. Доколку ова бил "лажен град", тогаш ова лага немало да им промакне на читателите и тие ќе реагирале. Сепак таква реакција нема.
Значи не е вистина дека нема историски записи за градот Назарет од 1ви век. Има 5 историски документи каде што се спомнува тој град: Евангелијата по Матеј, Марко, Лука, Јован и делата на апостолите.
 
Евангелијата се напишани многу подоцна и на грчки јазик а подоцна преведени на латински. Тие се напишани за луѓе кои живееле надвор од Галилеја и Израел. За читатели и слушатели кои зборувале грчки и латински не арамејски или хебрејски За луѓе кои појма немала ниту хебрејски ниту географија или историја на Јудеја. Најрани текстови се оние на Павле. Неговите посланија. Колку пати тој го споменува Исус? мислам дека над 200 пати низ неговите пишувања. Колку пати е споменат Назарет? Ниту еднаш. Павле абер нема за Назарет и дека Исус дојде од таму. А за разлика од авторите на евангелијата за кои не се знае ни кои се а не се знае ни точно кога настанале, Павле бил евреин, ја знаел историјата и географијата на својата земја и тој нигде ни со еден збор не споменува ни Назарет ни безгрешно зачнување ни предавството на Јуда.
Евреите си знаеа дека назарет во тоа време не постои и не постоеше скоро еден век ПО Исуса кога е основана и прв пат се споменува Назарет. Али знаеа за НАЗРЕН НАЗАРЕЕЦ, а исус му припаѓаше на назарените или нарекувани и ебонити. И самиот павле е обвинет дека шири назаренска мисла.
 
Евангелијата се напишани во 1век. Павле во своите посланија едноставно немал причина да го спомне градот Назарет, ниту безгрешното зачнување, ниту предавството на Јуда. Друг бил фоксуот и темата на неговите писма.
Можеш да докажеш дека евреите си знаеле дека Назарет во тоа време не постоел?
 
Доказ дека назарет постоел како град или населба би бил негов помен или во Талмуд (каде се наброени 63 градови и населби во галилеја) или во стариот завет каде се споменати мислам 18 градови и населби или во описите на патишта, војни, бунтови, истории или во рабински пишувања...... град е бе, имал синагога имал луѓе имал карпа од каде ќе го фрлеле исус разбеснетите граѓани.... Тоа било према Лука (1:26) град. Град претпоставува куќи улици дуќани продавници складови синагога наоди наоди.....
Ништо од тоа нема од тој период. Дури ни карпата ја нема....
 
Тоа што Назарет не е спомнат во Талмудот, не е никаков доказ дека не постоел. Но, кога веќе го спомна Талмудот, добро знаеме дека Талмудот мрсно плука по Исус и по христијаните, но сепак некако, од чудни и непознати причини, ја занемарува оваа лага на евангелистите за нивното спомнување на овој "непостоечкиот град Назарет" каде што живеел Исус. Замисли, христијаните 12 пати го спомнале Исус во евангелијата и во делата на апостолите, а ортодоксните евреи заборавиле да ја разобличат оваа лага за измислувањето на овој непостоечкиот град во нивната средина. Ете ти соодветна контра реплика. Талмудот не го спомнал првото, ама не го спомнал ни второт. И сега? Кој е погласен молк според тебе? :)
 
Па најгласно е то што го нема ннигде Назарет. Никој нигде не го поменува. Ни археолози не можат да го најдат. Нема ни улици ни градби ни синагога, нема траги во талммуд нема во стар завет нема во рабински записи нема кај флавиј нема нема нема....

Стариот завет споменува доселување на племето Зебулони во Галилеја и набројува 12 града и 6 села.... Назарет го нема
Флавиј набројува 45 населени места во Галилеја.... Назарет го нема
Талмуд набројува 63 населени места во Галилеја... Назарет го нема

Нигде ни во каква литература од тој период ни во апокрифни дела ни во рабински ппишења нема Назарет.... како да не постоел. А евангелијата велат дека бил град. Jaс лесно можам да докажам дека историски Назарет не постоел во време на Исус. Го нема.. не постои, ни археологијата не може да најде град од тоа време. Невозможното е да се докаже дека историски постоел Назарет во тоа време.
 
Ти можеш да докажеш само дека не е спомнат во Талмудот, дека не е спомнат во стариот завет, дека не е спомнат во делата на Флавиј и сл. но не можеш да докажеш дека не постоел во 1 век во Галилеја. Никој не им ставил нож под грло на писателите на стариот завет, Талмудот и на Флавиј да ги спомнат сите градови во нивните списи. Тие воопшто не биле свесни дека ќе се јават некои мудреци во 20 век кои ќе оспоруваат постоење на некои градови, па да прават листи на сите градови во своите книги.
И прифати веќе еднаш, Назарет е спомнат 12 пати во 5 историски документи: евангелие по Матеј, Марко, Лука, Јован и дела апостолски. Да не постоеше овој град, на таа лага ќе реагираа противниците на христијанството, како што реагирале за многу друго работи. Но не реагирале. Ниту еден од нив не реагирал. Овој молк зборува погласно од молкот кој ти го посочуваш, затоа што Назарет сепак е спомнат во евангелијата и делата апостолски, додека пак никој ништо не спомнал за непостоењето на измислениот Назарет во тоа време.
 
Назарет бил опишан како град. Кај е тој град денес. веќе 50 години се ископува и не се најде. Неколку пештери римски гробови и римска винарија. Па никој не им ставил нож под грло на археолозите (од кои доста католички) па да не најдат цел еден град. Куќи, дуќани, улици, бунари......
Го нема. И тоа баш Назарет. А пази го има негде кон половина на втори век. Тогаш не е пробллем да се лоцира. Проблем е пред тоа. Инаку критичарите на христијанство пишеле многу. Можеби и спомнале дека Назарет не постои. Али за жал нивните книги се уништени до последно. Ги нема критиките на Целзо, нема 15 (петнаесет тома) критики на христијанството на Порфориј... спални до последен примерок од христијанската црква, можеби во тие 15 тома покрај другите недоследности и контрадикторности на светите писма имало и 2-3 тома за Назарет? да беа тие лесно побивливи и да можеа со аргументи да се отфрлат, ваљда ќе ги побијеа а вака ги спалија.... зошто....
Значи мнооогу од литература која укажува на проблематични работи во христијанството се уништени, многу автори се убиени

Ние денес само можеме да потврдиме дека Назарет како град не се појавува во ниту една историска книга. Ниту пак археологијата потврдува негово постоење во времето на Исус
 
Еве го тој град денес: http://maps.google.com/maps?hl=en&biw=1280&bih=583&gbv=2&q=nazareth+map&ie=UTF-8&sa=N&tab=il

Талмудот е сочуван до ден денес. Во делата на Ориген има доста цитати од Целзо. Еве ти еден линк каде што има 97 фрагменти од Профориј: http://www.ccel.org/ccel/pearse/morefathers/files/porphyry_against_christians_02_fragments.htm Никаде не се зборува против постоењето на Назарет и неговото измислување од страна на евангелистите.
Што спалила црквата не знаеме, но знаеме дека не можела да спали се. А штом некои апологети се нафатиле да реплицираат на делата на противниците на христијаните, значи сепак тие дела постоеле. Секако дека има некои кои тотално биле изгубени (можеби и уништени), но слична судбина ги снашло и многу христијански дела. Сепак како чесни истражувачи, можеме да дискутираме на она основа на она што преостанало, на она што го имаме како црно на бело. Во спротивно и јас би можел да кажам дека имало стотици историски документи каде што бил запишан градот Назарет, ама ете тие дела се изгубени или уништени како еретички.
 
Па црно на бело немаме никаков доказ дека Назарет постоел во времето на Исус. До сега можеме да констатираме дека Назарет не постоел во време на Исус спрема историја и археологија.
Али зошто баш Назарет. Каде пишува дека ете морал да дојде од Назарет?

Кај Матеј 2-23 се вели

А кога пристигна, се насели во градот наречен Назарет за да се исполни кажаното преку пророцте дека Он ќе се нарече назареец.

Значи сепак морал да е од Назарет затоа што тоа е кажано од пророците. Дека ќе се наречел Назареец. Е сега јас прелистав цел стар завет и не најдов тоа пророштво на кое се повикува Матеј. Го нема или сум го превидел негде. Дали некој може да ми покаже такво пророштво??
 
Епа ако го нема тоа пророштво во стариот завет, тогаш зошто христијаните, кои според тебе нели ги прекројувале светите писма по свој мерак и кои палеле се што не се согласува со нив, зошто тие го оставиле тој стих во евангелието Матеј? Зошто не го запалиле и евангелието по Матеј заради ова "лажно пророштво" и заради оваа смешна лага за постоењето на непостоечкиот град Назарет? Ако јас денес решам да пишувам евангелие за некој современ "месија" и сакам од него да направам култ, тогаш мене нема да ми биде во прилог во моето "автентично евангелие" да пишувам дека мојот Месија потекнува од градот Нарнија кој се наоѓа близу Скопје и уште да пишувам дека имало и пророштво за тоа :)
Но ајде да претпоставиме дека сум ментално скренат и дека сум напишал таква научна фантастика. Кој би го прифатил тоа мое "евангелие" како свето писмо? Ќе успеам ли да убедам некој во Македонија дека Нарнија е град близу Скопје каде што се родил мојот Месија пред 60тина години и дека за тоа имало и пророштво во Библијата? Можеби и ќе убедам 2-3 слично скренати како мене, но стотици? Илјадници?
 
Имаш ли ти или немаш пророштвото дека исус ќе дојде од Назарет?
Дај цитирај ми. Дај која книга кој пасус кој стих.

Матеј вели во 1.23

А кога пристигна, се насели во градот наречен Назарет за да се исполни кажаното преку пророцте дека Он ќе се нарече назареец.

Каде е тоа пророштво запишано.
Дај го на виделина!
 
Матеј вели во 1.23

А кога пристигна, се насели во градот наречен Назарет за да се исполни кажаното преку пророцте дека Он ќе се нарече назареец.

Каде е тоа пророштво запишано.

А зошто бараш да е запишано? Матеј не вели дека е запишано, туку дека е кажано.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom