Навивачко Обединување. Послушајте патриоти..

  • Креатор на темата Креатор на темата глагол
  • Време на започнување Време на започнување
Навивачите се крадци, лажговци, имаат вошки и спијат на таван ;)
 
И како ќе се ИМПЛЕМЕНТИРА ОВА ?:eek:
Замислата е добра,и јас како поединец не сум против,ама дека лесно ќе се реализира тешко....
Со скопските групи не е толку тешко да има помирување,и така грото се излезени од Комити,си се знаат меѓусебе добар дел од членовите,лесно ќе помини......и така голем дел од тоа "ривалство"е преувеличено....:)
Ама со нас тоа е сосема друга работа...
Еве да речиме некако ќе седнат воџите на преговарачка маса..(мислам дека овде длабоко е навлезена политиката,ова не е случајно шо баш сега се покрена:нинџ: иначе досега имавме далеку поголеми шанси да се СМИРИМЕ(војната во 2001 беше идеална шанса да ги закопаме секирите);)..
И шо ќе се постигни со ова?
Ај нема да се вреѓаме?нема да се напаѓаме...
И шо?
А и кога сме се напаѓале?
По речиси 20 години,пред некој месец беше прв инцидент кога мораше да интервенира полицијата....
Да се разбериме-КОГА СЕ РАБОТИ ЗА МАКЕДОНИЈА,НЕМА КОМПРОМИС КАЈ ЧКЕМБАРИ!!!
Да дојди не дај боже пак до војна пак од Битола ќе има многу доброволци....
Така било уште од времето на Илинденците(Битолскиот регион дал најмногу жртви)....така ќе биди и сега....
Ривалство на трибини си е ривалство,борбата за татковината си е борба за татковината...
Смешните препукувања се ништо во споредба со националните интереси....
Ривалството помеѓу Битола и Скопје ќе си постои,дека ќе има некогаш помирување помеѓу луѓето не верувам,ама ова се ситни работи,смешни......јас сум сигурен дека кога се работи за националните интереси сите мислиме ИСТО...(без разлика на скандирањата).....
Ете во Ниш докажавме дека сите заедно можиме да навиваме за Македонија,толку многу членови на групи имаше и немаше (некои)инциденти...
А малку фалеше,зошто имаше многу ИНДИЈАНЦИ со дресови Вардар,Пелистер.....
И како со вакви луѓе?Ги имало и ќе ги има.....:нинџ:
И да не должам....
Како воџите ќе ги контролираат навивачите?
Демек до вчера се плукавме сега пу,пу не важи...тешко ова да се исконтролира,сепак маса на луѓе е...на дерби 1000 навивачи не можиш да ги контролираш....
Кој пијан,кој дрогиран,како ќе му објасниш,да не го навредува некој шо до вчера му карал се по список.....На секои 5 минути ќе има тепачки....
Едно се желбите,друга е реалноста....:cenzura:
 
Значи вака сеа. На оваа акција се приклучија неколку групи:

- Дивизија Ханриево
- Гемиџии Велес
- Ѓаоли Кичево
- Фемили Аеродром
- Војводи Тетово
- Мајмуни Прилеп
- Рибари Охрид
- Лозари Исток
- Сити Парк Бојс
- Паткари Струга
- Винари Неготино
- Овчари Свети Николе

(апдејтирано)
Сите даваат поддршка ама само овие групи излегоа со официјални ставови. Се надевам денес ќе се приклучат и други групи Кумани, Чкембари, Лозари, Ајдуци, Сити парк бојс во бојкот се така да не знам како би се приклучиле и да не ги набројувам помалите групи.

Во план е да се почне преку пароли и скандирања, знамиња Македонски се задолжителни во што поголем број. Па да му ебам матер едни Гробари и Делије и други поголеми ривали успеаа да ги закопаат секирите, ние да неможеме ? Аман со тоа селодром, центарска пичка, немате аеродром, 63та да се врати, ало бе Македонци сме!

Да почнеме со ред па може и протест да се организира кој се надевам нема да биде мизерен од 100 души. Секоја навивачка група во Македонија: Комити,Војводи, Чкембари, Мајмуни, Лозари, Ајдуци, Фаланга, Паткари, Рибари, Фантоми, Вампири, Гемиџии, Кумани, Багабонти, ФА, ЦПБ, Пирати, Дивизија итн, да има по минимум 200 членови присутни на тој протест(се разбира од помалите групи доволно е и 50 да се соберат)

Да речеме има 7 групи со константно членство(Комити, Чкембари, Војводи, Кумани, Лозари, ФА, ЦПБ) секој од нив да присуствува со 250 членови тоа е бројка од 1750
Другиве да присуствуваат со по 50 членови тоа е + 500 души

Се на се минимум 2000 што ќе протестираат,и + некои обични фанови, гледачи кои ќе дојдат на протестот може да се дојде до бројка од околу 3000(мин).

И треба од Скопје да се очекува да присуствуваат околу 2000 навивачи, бидејќи на дерби со Шкендија и Пелистер се собираат околу 1500 Комити,на МЗТ-Работнички од двете страни по 1000 присуствуваат,да ги минусираме ротирачките навивачи, ќе се дојде до таа бројка од околу 2000 Навивачи од Скопје


И да се направи здружение на НГ каде што ќе членуваат сите Македонски Навивачки групи, и да се потпише еден меморандум, се додека Власта(било која) и Полицијата,заедно со албанците не ги почитуваат државните вредности, Македонските Навивачки групи меѓусебе нема да создаваат никакви конфликти(вербални или физички),и ЗАЕДНО ќе дејстувуваат согласно со Навивачките принципи, против таквите омаложувања!!

Со тек на време мора се да се реализира, зошто додека ние се препукаваме тие ни ја зимаат државата, а ние уште си докажуваме кој е кој преку скандирања. :tapp:
 
Пораката што ќе ја пратиме до обичните граѓани ќе значи многу. Ете тоа е целта на ова обединување според мене.
Како член на една од најдобрите и најбројните навивачка група кај нас, индивидуално ја подржувам секоја ваква иницијатива. Со тоа што на наредно дерби нити ќе се препукавам со моите ривали нити ќе пеам песни против нив, ќе допринесам свеста кај останатите да биде на повисоко ниво, во однос на сплотувањето на сите нас МАКЕДОНЦИ. И не само тоа РАДО БИ пред почеток на утакмца да испееме 4-5 ЗАЕДНИЧКИ ПЕСНИ ЗА МАКЕДОНИЈА, а потоа секој да си пее за својот клуб.
Знаеш ти какво влијание би имале кон оние МАКЕДОНЦИ на кои во потсвеста им едека ние сме увек поделени, дека за ништо не може да се обединиме, дека утре ако се доведе до прашање нашиот опстанок, никој нема да ја брани оваа држава и слично... Кога на трибина Ф.А и Ц.П.Б би викнале песни за Македонија, кога на Вардар = ПЕлистер ќе се случи истото, верувам дека ВЕРБАТА во МАКЕДОНЦИТЕ ќе се врати..
Ова би било мал чекор за сите нас но ГОЛЕМ за МАКЕДОНИЈА..
 
Еве од Мајмуни од денеска
14134_495080637203552_1029045047_n.jpg
 
И Пирати ене ги на Металург-Шамбери
 
И Пирати имаат некоја парола ама неможам да прочитам убаво што пишува.
Има и Македонски знамиња, а истотака го извадија и знамето на цела трибина.
Шлагот за денес го очекувам од ФА :)
 
И Пирати имаат некоја парола ама неможам да прочитам убаво што пишува.
Има и Македонски знамиња, а истотака го извадија и знамето на цела трибина.
Шлагот за денес го очекувам од ФА :)

паролата им е "послушајте патриоти"
 
Како што гледам сега на ракомет функционира повикот со повеќе македонски знамиња и песни за Македонија.
 
Македонска Тифо Сцена
Автобусот со кој иделе Пирати за накај Борис е демолиран на Бит Пазар има и повредени. Повеќе инфо подоцна.
Што има ново :)
Како не им здосади од овакви заседи не ми е јасно. Исто па исто, и тоа магариња стари се замараат господе боже :facepalm:
 
Исто така имало инциденти во 2-ка помеѓу Дивизијата и искривените во суратот
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom