И кај нас топ бројка и топ навивање во Ѓорче. Атмосфера подобра отколку за титула кога ср боревме играјќи во Ѓорче. Промовирани нови капи.
Се изненадив дека имаше над 250 луѓе по моја проценка.
Уште повеќе се изненадив на топ бројката против Струга во средата, особено што имаше многу млади од тој дел на Скопје.
Очекував дека после сите порази ќе спласне бројката на крајот од полусезоната, но згрешив
Тоа што не ми се допаѓа е што одредена група на млади оди на утакмиците што им се на поблизок стадион. Пример во Маџари доаѓаат помлади членови од Маџари, Ченто и Илинден. На ФФМ бројката ја прават (Ново) Лисиче и Аеродром. Денес во Ѓорче сосема други деца од Ѓорче, Влае, Волково, Тафталиџе, Карпош.
Не може во тие години да ти е оправдување далечината. Од кај мене од населба пешки сум одел по 10 км во насока секоја недела. Па уште пофилм ни било да се напукаш во некој автобус, да грми по пат. Не дека и сега го нема, али имаме една бројка од 300+ деца меѓу 13 и 19 години, али како на сме и да доаѓаат според стадионот на кој играме.
Од друга страна, ептен се радувам што и ваков скапан Вардар убедливо највеќе млади привлекува во Скопјево.