Вчера морам да ја пофалам организацијата на полицијата , на време стигнавме во Кавадарци и на почеток влеговме на мечот без некои здржувања , исто сега и не оставаат(гостински навивачи) да се догледа утакмицата и да се поздравиме со играчите со тоа што ова порано во време на претходната власт беше научна фантастика со две навивачки групи ..
Јас идам на утакмици 15 години и не пуштале во 15-20 минита а не терале да си одиме уште кога ке дојде 80 минута , ова е сменето сега и навистина е за поздрав што конечно дозволува нашава полиција да се гледа фудбал од 1 до 90 минута како и што е во целиот свет ..
Друга работа кога стигнавме во Кавадарци , идевме 5 минути пешки низ паркот до стадион и имаше полиција на секој чекор во паркот , што значи немаше никакви шанси за некаков напад од било која страна така да значи можело да се организира све како што треба без ниту еден инцидент вчера ..
Околу Лозари и Комити мислам дека све се кажа и нема потреба веќе да се дискутира на таа тема околу инцидентот, сликите покажаа кој што земал и кој е победник ..
Околу утакмицава , Лозари добра бројка околу 350-400 луѓе заедно со Чкембари(околу 50) , исто и полни две трибини околу 3.000 публика што е за почит ( Вардар каде и да гостува секогаш привлекувал публика тоа е веќе неспорно)
Имаа добра димнијада и баклијада , само изгледот на трибини им беше лош , не беа збиени туку раздвоени , веројатно за да изгледаат повеќе , мислам дека имаа и мала тепачка меѓу себе од тоа што видов ..
Кај Комити 4 автобуси и две комбиња , околу 250 души , што е сосема добро за едно гостување , имавме дечки што дојдоа од Берово и од Велес во автобус ..
Кај нас извадени 2-3 пароли , димни и баклијада , и фрлена на терен второ полувреме кореографијата која им беше на одземена на Лозари ..
Комити дрес код црно
Прегледај го приврзокот 391161
Прегледај го приврзокот 391162
После фудбалот , Комити присуствувавме и на ракомет дербито Вардар-Пелистер ..