Бројката за гостувањето беше одлична. Четири преполни автобуси, две комбиња и неколку коли. Особено ме радува што по пат се приклучуваа и екипи од другите градови.
Напад на влез во градот, како и низ паркот немаше. Е сега, не сум дебил како некои, па да пишам "Пички, никој не не нападна", зошто факт е дека имаше премногу Полиција. Ова го потенцирам, зошто Чкембари беа први кои коментираа "Не ги нападнавте бугарите", а притоа многу добро знаеа дека беа обезбедени како Папата. А сепак имаше напад од наша страна, додека тие удобно си седеа на Широк сокак, правдајќи се дека "Кога Че дојдат во Битола, че ги тепаме."
Делот на стадионот каде што бевме сместени, нема поента ниту да се коментира. Основни услови за следење натпревар немаше, особено што капацитетот веднаш се пополни, па дел од екипата не ни имаше можност да види што се случува, бидејќи беа потиснати скроз позади, па затоа на сликите тие дечки воопшто и ги нема. Напикани како сардини..за жал ова е сликата на мак фудбалот во 21 век.
Првите 10-15 мин копот буквално грмеше. Тука дојде до првата ситуација кога добро познатиот лик од Лозари, облечен во елече (Бидејќи нели срамота е така да се напаѓа

) се приближи до трибината, но веднаш беше приметен и избркан. Ако овој лик, кој прв избега во салата, требаше да биде вашиот одговор на акцијата на Комити, тогаш навистина не знам кај терате...
Лозари/Чкембари - бројка околу 350- 400 луѓе горе доле, раштркани ко да се скарани. По мене, требаше копот да се збие, зошто вака жртвуваа подобар изглед на трибината и за кореото, за да се направи лажна слика "ОТИ поќе сме вака." Ај Чкембари ќе ги разберам, едукација 0, ама па Лозари имаат дечки кои разбираат..
Втора работа, паднаа во вода сите муабети за иселенети Лозари. Името Вардар се уште е магнет и тоа нема бегање. Чкембари на ФК Пелистер во Гевгелија 20 луѓе, вчера 50...збори ми за приоритети. Останува да видиме каква ќе биде бројката на Комити, а каква на Лозари/Чкембари на идните натпревари. Континуитет дечки!
Секако, не заборавивте да се истепате меѓусебе. Овојпат се виде дека од поголем размер е тепачката. Не знам само дали беа нападнати Чкембари или екипи на Лозари се степаа, барајќи го коДошот.
Паролите на Комити:
Уплашени легнувате, уплашени се будите
од стравот од Комити нема да куртулите!
В тиквешко негде, во некоја сала
каде што Лозар мирно се шета
наиде комитската чета...
Во второто полувреме се извади и кореографијата на Лозари, во тој момент се направи и баклијадата. Тука се извади паролата:
Прости ни Кавадарчанке мила,
но немавме трпение да ја покажеме комитската сила
Навивањето опадна во второ полувреме, најмногу поради ужасната игра на фудбалерите од кои повеќето не заслужуваат воопшто да го носат светиот дрес.
Е сега доаѓаме до омилениот дел, а тоа е кореото, поточно ударната парола од кореото на Лозари. Како може екипа која јаде ќотек во своја сала, која е помочана, избркана и на која и е одземена кореографијата, ДВА ДЕНА подоцна да извади транспарент "Црвено - бел неспокој?" Која е логиката бе дечки? Пред некој ден, по нападот во салата, објавувате видео со титаникот...не знам дали до толку не ги разбирате работите или со сила се обидувате да се понижите самите себеси. Нормално дека Комити ви го искористија и ве патосираа со видеото.
Димнијадата на Лозари беше добра, добро се налепи на знамињата, естетски беше убаво за око.
За крај, паролите беа најужасниот дел. Дај некој нека ги објасни, да видам по која тоа црна логика сте се воделе, па да коментираме. Утка жива!