Навивачки групи во Македонија!

  • Креатор на темата Креатор на темата Hooligan
  • Време на започнување Време на започнување
п.с. Не памтам кога прво ги празнеле трибините на домаќинот па на крај гостинската трибина :ROFLMAO:, све обратно денес направија џандариве.
Ха, ова ме потсети на тетовска полиција, на утакмица Шкендија-Тетекс прво чекаа да се испразни цел стадион па на крај една трибина Војводи.
 
Денеска буквално изгазивме во секој аспект!!!

Целодневна дружба пред утакмица со предобра атмосфера, истата енергија се префрли и во сала..
Не памтам подобра организација и навивање на ракомет во скоро време, Чкембари ни еднаш не се слушнаа додека навивавме, освен кога правевме прекин во моментите кога се кршеше резултатот и свиревме кога идеа во напад.
Многу луѓе стоеа на влез зашто во буквална смисла толку беше преполна трибината што немаше место игла кај да падне.
Се гледаме на реванш!

А за зелкариве што се појавуваат од време на време после згаснувањето нема потреба да им се објаснуваме…
 
Тензично дерби , добри бројки кај двете групи, Комити позади гол двата пуни блока и плус долниот дел полн ..над 1,200 луѓе
Чкембари околу 400 ...

Инцидентот дојде кога Чкембари почнаа да фрлат бакли кон обична публика , што предизвика влез на Комити на терен и доаѓање скоро доле пред нив ...

Разбирам инциденти дерби е , ама да фрлиш бакли кон обична публика кај што може да има жени и деца е глупаво од Чкембари и мизерно , ради тоа реакцијата на дел од Комити со влагање на терен според мене е оправдана ..
ti ne si bil na taa utakmica izgleda i neznam zosto i koa e poentata profilna komiti vardar i sami si pisite bravo jaki
Eve i odmene BRAVO
 
Последно уредено:
На крај имало и инцидент со 1312 каде што не дозволиле да им се приведе член, што е за пофалба. Некој рече дека кревале раце тепчите од Битола при тој инцидент, па и Торцида креваа раце при сличен инцидент кога спасуваа член од апсење па се меѓу најдобрите и најјаките групи во Европа.

Све на све многу јако дерби, ќе биде интересно сигурно и во Битола иако разликата во резултатот е голема.
Имам другар од Битола живее во Скопје се знае со луѓе од чкембари не е битно вика дека 30 души се уапсени од чкембари уште еднаш мвр на дело...
 
Имам другар од Битола живее во Скопје се знае со луѓе од чкембари не е битно вика дека 30 души се уапсени од чкембари уште еднаш мвр на дело...
Лошо ако е така, многу полесно е надвор при вадење од сала да ги препознаат и уапсат. Мојот коментар беше за дечкото што го одбранија на трибина од апсење.
3 ца да има уапсено е многу, а не 30.
 
Изгледот на трибина со заставата доле не ми се допадна затоа што сте ја ставиле најмалата кој не покрива ни 1/3 од трибината и сразмерно спрема колку луѓе имаше на трибина изгледа минорно.

Дефинитивно, иако трибината не е баш најпогодна за убавите и поголеми ударни (доле ограда ми се чини е премногу ниска, а горната ограда немаше ни да се гледа на исполнетоста денес), можеше поубаво да се организира тој дел. Редок ваков пропуст кај нас на трибина последниве години.

Влезот во сала како и минатиот пат им беше многу напален со дивеење на трибина, а тоа им го овозможуваат организаторите затоа што ги пуштаат сите заедно наеднаш во сала.

Ама ич не ја разбирам целта и поентата. Исфрустрирани од прошлиот пат, што влезот како пијани матуранти резултираше со изгубени дуксер и маица па сега обид да се обели образот и лечат компекси? Имало или не во тој дел со маици Комити, домашен терен е, нормално е и да имало, провоцирале или не, онаков мајмунлук никој со ништо не испоровоцира, поготово што влезот на Комити во Битола е сто пати потензичен, редарите и полицијата те третираат како ѓубре и те бутаат нагоре со пендраци и палки, а неутралната публика те плука и гаѓа со предмети без еден џандар да е свртен накај нив. Они предизвикаа инцидент и прекин, они сега плачат за истиот. :)

За пароли пријатно ми изненадуваат последните неколку дерби натпревари, многу напреднале на тоа поле.

За ова делумно ќе се согласам. Креативноста и дефинитивно е подобрена, а и самиот изглед на истите, за разлика од некогаш кога воопшто и не беа читливи истите, ама една работа морам да искористам. Фалат мадиња, немате мадиња, кај ви се мадињата. За што? Гостувања и на фудбал и на ракомет во Битола, гостување во Кавадарци на „неутрален“ терен со збратимените Лозари, 0 напади, 0 обиди за напад. Да паднеа дуксер и маица СРЕД трибина во Битола, ќе пишуваа за тоа со децении, вака пијани биле децата ги заборавиле. На страна тоа, и самите си кажаа дека имало самостални екипи во Битола, имало и контакт со некој од нив, без разлика кој како прошол и победил, кога Чкембари се појавиле така во Скопје?:)


Инаку со останатиот дел од постот се согласувам, би додал само и изненадувачки потег кореографијата на Комити да се извади на полувреме. Сеуште немам видено како тоа личеше визуелно, ама мислам дека не беше ништо спектакуларно и далеку под стандардите на Комити

п.с. Не памтам кога прво ги празнеле трибините на домаќинот па на крај гостинската трибина :ROFLMAO:, све обратно денес направија џандариве.

Редовна пракса насекаде низ светот, гостинските навивачи се задржуваат додека не се расчисти терен и се изнесуваат последни. Ама кај нас, кај ќе ти седи џандар уште саат време во сала, полесно е да ги извадиш 10 минути пред да заврши утакмица и да си идеш дома. Како за пример, нашите во Палермо, на Италија-Македонија, беа држени преку саат време на стадион, на гостување без никаква тензија и висок ризик.
 
Види на вакво глупирање, не знам што очекувате. Излезе инцидентот во јавност и некој ќе го јаде, и од чкембари и од тие што улетаа во терен.
 
Лошо ако е така, многу полесно е надвор при вадење од сала да ги препознаат и уапсат. Мојот коментар беше за дечкото што го одбранија на трибина од апсење.
3 ца да има уапсено е многу, а не 30.
Не знам брат не сум бил кај нив на трибина може е кажано онака "30" не знам онака пишав татко му на другаров бил на трибина така вика сега што е и како е не знам
 
Ама ич не ја разбирам целта и поентата. Исфрустрирани од прошлиот пат, што влезот како пијани матуранти резултираше со изгубени дуксер и маица па сега обид да се обели образот и лечат компекси?
Незнам зашто толкава критика за влезот на Чкембари според мене баш и беше навивачки и многу хулиганско влегување на трибина. Фрлањето бакљи и не беше може на место ради децата што седеа, али јебига тоа е у секоја група имаш некоја надрогирана будала што нема грам памет и ке направи хаос. На снимката ко што видов прво лета едно столче па после овие фрлаат со бакљи,дерби е коа веќе знаеа минатата утакмица што се деси на таа страна немораа тие мајки со деца да купуваат карти за таа трибина а ако веке е преполна цела сала на крај краева не мора да го носиш детето на таа утакмица подобро така него да биде погодено со некоја залутана бакља. А за влагањето уште еднаш ке кажам не глеам ништо лошо сегде у свет го глеате и стискате лајкови а кај нас коа ке се деси одма лечеле комплекси или незнам ти што.
 
ПРВЕНСТВЕНО - На уапсените од Чкембари им се однесени храна и пијалоци!
Ќе гледам да бидам што по краток и по објективен. Прво 80% од профиливе на форумов и од Комити и од другите групи, мислам дека не сте баш реални па со лоши и пристрасни коментари станувате досадни за читање.
За мене ова е најуспешно ракометно дерби за нас како група. Дружбата пред сала беше 10/10. Пиво, мезе, музика и позитива. Секоја чест за сите помлади кои учествуваа во организација и помагаа - ПОБЕДА ЗА ГРУПАТА.
Комити:
Бројката и копот убедливо најдобри во историјатот на салата. Изглед на трибина (знамиња ограда) доста слабо затоа што не ставивме акцент на тоа. Пароли - УБИВАЊЕ ВО ПОИМ ! Корео - просечно. Имаше присутни екипи друштва и поединци кои биле дел од трибинава во последните 15-20 години но не биле активни во последните неколку години.
Екипи од Тетово, Велес, Неготино, Берово, Штип, Кичево.
Навивање - со оглед на околностите (дербијаши, неутралци, тек на натпреварот) - ако кажам одлично ќе испаднам скромен.
Последните 10-15 минути (поготово моментот со почетокот на дале чавезе...) беше типична доминација и навивање на цела сала заедно - буквално. ВО ГРАДОТ СКОПЈЕ ИМА е најдобар погодок песна која искочила во поново време. За нас како група денес сум позитивно изненаден ГОЛЕМ ПЛУС.
Чкембари:
Акции и мобилизација за утакмицава подобри од било кога.
Бројка: одлична - горе доле исто како прошли пат. Мислам дека 1 бус им напунија Лозари. Навивање за разлика од прошли пат доста послабо. Потегот со бакљите према неутралци и деца е за срам, кој знае колкав комплекс имаат тие дебили кои фрлија...
Единствено браво имате за паролата за Дарко Смок и за Рипче.
Целокупно голема победа за НАС, поготово што огромен деморал ви донесе денешниов убедлив пораз, во борбата за титула за која чекате долго, и која ќе ви донесеше голема еуфорија и во Битола, а и општо во самата група. Тек сега сум сигурен дека ќе паднете скроз како група. Се гледа од авион а и од лични контакти кои ги имам, дека имате огромни несогласувања внатрешни во групата и на секој 5 минути доаѓа до меѓусебни гурања и кошкања. Кажете збор два за неуспешната акција на врвот пелистер, дознавте ли кој е црвот планинари?
За мене лично најдобро дерби ракометно до сега, слободно можам да кажам дека со сите случувања целокупно, инциденти, бројка, навивање, еуфорија - денешното дерби влегува во ТОП 3 дербиња во државава во последните 10-15 години.
Ние уште од утре продолжуваме со напредок и работа, фокусирани на Ф.К. Вардар, а вие чекајте дерби за пак да пуштите глас.
Еве и една слика од Комбати. JPEG_20230326_230318_5756743020689791237.jpgJPEG_20230326_225856_797916524583103184.jpg
 
Последно уредено:
Не знам дали е точна информацијава, можеби некој може да потврди. Инаку, голем потег за респект.

hUEqpPT.jpg
 
немораа тие мајки со деца да купуваат карти за таа трибина а ако веке е преполна цела сала на крај краева не мора да го носиш детето на таа утакмица

Знам дека темата е навивачки групи, ама ова мислење за мене апсолутно не може да биде прифатливо. Ниту салата е наша, ниту клубот е наш, ниту сме сами во сала, а многу од тие татковци, мајки и фамилии го сакаат, пратат и подржуваат клубот на исто ниво како нас, ама не сите се ултраси. Се си има граници, ако ваквото однесување го прифатиме како нормално, никогаш нема да се искоренат индијанците и никогаш нема да прекинеме да се мачиме со забрани за гостувања. Во ред, еуфоричен влез, пиротехника, провокации, ама границата е тука, пентарењето по ограда и смешниот обид да се сруши истата, и фрлањето со пиротехнички средства на тој дел од трибината, каде патем беше и нивната управа се за мене дебилизам. Истото важи и за тие нашите, што се бутаат во тие блокови и фрлаат предмети кон Чкембари, скриени зад кордонот на полицијата, за на крај невините да го извлечат подебелиот крај и целиот раат да им се поремети
 
Трибината на Комити полна до последно место, одлично изгледаше. Чкембари исто супер бројка, не очекував толку да дојдат.
Иначе мала замерка, првите неколку пароли на Комити не се читаа убаво, другите беа повидливи. Кај Чкембари поубаво се гледаа или дека бевме на тој блок накај нивниот сектор.
 
Дојдов само јавно да се заблагодарам во име на Чкембари, за пружената помош од Комити кон нашите уапсени членој (околу 25 на број), како и секогаш до сега кога требало. Така било и од наша страна, така и ќе биди понатаму.

Спортски поздрав до наредно видување.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom