ZelenoBel
Нова Битола
- Член од
- 30 април 2013
- Мислења
- 1.612
- Поени од реакции
- 8.943
Нереално е колку е очајно нивото на дискусија во темава, очигледно нема оправање.
На страна тоа, еден искрен коментар до Чкембари, значи сепак вределе конструктивните критики овде, дека со малку повеќе желба и труд може лесно да се дојде до подобри изданија и поголема бројност, наспроти тврдењата на повеќето ваши членови овде дека бадијала би биле најави и мобилизации, тие сте си 30-40 и подобро било така.Знам дека е тешко да се одржи констатност во бројка во условиве кои ги имаме, поготово во 2 лига и противниците и нивото на фудбал кое се игра, ама не се гледаше воопшто желба кај вас за некакво подобрување и мрдање од мртва точка, нешто слично како кај нас пред короната кога Екипа Пиво ја одржуваа групата и на фудбал се одеше спонтано, од навика, без никаква организација и најави. Сепак е подобро кога во копот ќе има малку подобра бројка, многу подобро навивање има.
Иначе, од каде излезе оваа опсесија со бројкиве бе, и натегање кој колку бил и броење до последен и докажување? Која е поентата? Да, подобри бројки носат подобри изданија, подобро навивање, повеќе можности за кореографии, пиротехника и слично, ама ова ситничарење и пребројување е многу детско и смешно.
Коментарот ти е на место, ама ај да ти објаснам.
Ниту прв а ниту последен пат се прај мобилизација, а најмалце е то заради критики на форумот, иако беа/се издржани. То не му менва ништо на тие шо не идат моментално воопшто или пак оние шо не се редовни, едноставно ги заболе патката. Не можиш луѓето на сила да ги однесиш на стадион или в сала. Состојбата во фудбалот е ОЧАЈНА веќе неколку години, она не е фудбал него очобол, губиш дел од денот (викенд) наместо да прошеташ и се враќаш дома полн со нерви.
Желба и труд за поголема бројка нормално дека има. Ние константно имаме најави на сите наши профили фејсбук/инстаграм. Околу 10.000 до 15.000 луѓе ги гледат тие објави, ама џабе е ко не идат на стадион. Сакам да кажам дека СИТЕ се известени а не дека ние криеме или не пробваме да соберме поќе луѓе.
Капак на ова се сите проблеми шо се случија овие година-две.
АМА... вчерашното издание дава надеж и мотив за тие шо работат во групата да продолжат.
Во однос на опсесијата со бројките, излезе од кај ВАС,објавија тука слика од paint со црвени точки колку сме биле ние. Некој твој "колеги" од трибина висат на нашите профили и буквално се опседнати со нас.
Читај ги коментарите и гледај со какви работи се занимават децата од кај вас.