Нереално е колку е очајно нивото на дискусија во темава, очигледно нема оправање.
На страна тоа, еден искрен коментар до Чкембари, значи сепак вределе конструктивните критики овде, дека со малку повеќе желба и труд може лесно да се дојде до подобри изданија и поголема бројност, наспроти тврдењата на повеќето ваши членови овде дека бадијала би биле најави и мобилизации, тие сте си 30-40 и подобро било така.

Знам дека е тешко да се одржи констатност во бројка во условиве кои ги имаме, поготово во 2 лига и противниците и нивото на фудбал кое се игра, ама не се гледаше воопшто желба кај вас за некакво подобрување и мрдање од мртва точка, нешто слично како кај нас пред короната кога Екипа Пиво ја одржуваа групата и на фудбал се одеше спонтано, од навика, без никаква организација и најави. Сепак е подобро кога во копот ќе има малку подобра бројка, многу подобро навивање има.
Иначе, од каде излезе оваа опсесија со бројкиве бе, и натегање кој колку бил и броење до последен и докажување? Која е поентата? Да, подобри бројки носат подобри изданија, подобро навивање, повеќе можности за кореографии, пиротехника и слично, ама ова ситничарење и пребројување е многу детско и смешно.