Навива за тиквеш, за партизан, за реал.....
Ако ги грабне брат му, ќе го видат Глишиќ со се Марена, ко цунами ќе ги однесе
Шала на страна, си го сакаат Тиквеш повеќето од сликава, затоа ситуацијава ми е смешна, кога веројатноста да се дружат со тие што се сликани со одземените маици е ОГРОМНА

Ко што кажав вчера, ова повеќе е потег да покажат дека нема простор за ОРГАНИЗИРАНИ други навивачки групи во Кавадарци, иако луѓево на сликава не се отидени ко навивачи, повеќе ко обични гледачи, само што направиле маици. Не е дека ги фатиле и насилно им ги земале или јаделе ќотек, сигурно доброволно се договориле да им ги дадат за сликање на ФБ и покажување на муда. Во секој случај, ПРАВИЛЕН потег.
Нема што да се прават подгрупи на српски групи во Македонија.
Во Комити се исчистија ваквите случаи, иако во минатото и дел од повидните фаци оделе баш со Гробари. Одамна им е забрането доаѓање на трибина (а и самите не знам дали имале таква желба). Двајца од нив дури и опнаа тетоважи СРБИ на времето, па имаа и некоја јака улога на гробарската трибина во тие години. Македонци по националност...
Инаку, во последнава сезона, Лозари го дигнаа нивото од лани, кога според мене имаа послаба сезона од очекуваното (не слаба, туку очекувавме повеќе откако после долги години се вратија во прва лига). Одлични изданија имаат во последниве натпревари и добра бројка.