Нашата е долга и широка. Ние просто како група еднсотавно немаме среќа т.е она поклопување на коцките во вистински момент. Од Трифун па навака. 2007-2009. Имаш јака група, јака трибина имаш просечен клуб, просечни резултати никаков успех. 2009 Почеток на сезона се случува катастрофа во клубот, на тоа и прво или второ коло инцидент Нерези. Сите вие постари навивачи знаете каква хајка беше против Комити тој период, плус клубот дише на апарати, живее поради Комити, 2010 полека почнува навивачката еуфорија од ново. Се случува Кале, повторно огромна репресија врз Комити медиумска хајка, апсење губење членство. На тоа уште еден јак инцидент на плоштад и групата групата пак функционира доста солидно и на некое добро ниво. На се ова имаме и ужасни резултати, кој продолжуваат и во 2011 но групата со навивачката еуфорија станува се побројна и појака. Испаѓаме во втора лига, се случува фузијата и превземање од страна на Град Скопје. Тотална еуфорија Цело лето се цртаат графити. Групата ја бележи својата најдобра сезона. Феноменални бројки, секој натпревар кореографија, полн коп, ноќни утакмици. Нови подгрупи, се враќаат луѓе еуфорија меѓу младите од сите населби. Секоја подгрупа преминува преку 30-40+ членство. Пак малер, градски се реновира мислам дренажа на тревникот. Од 10 то коло не селат во Ѓорче и од време на време во Маџари но групата продолжува да работи доаѓа последно коло титула 2000+ речеси цела трибина во Ѓорче. 2012 е година каде да си навивач е мода а ние после години мрак повторно играме квалификации за ЛШ меѓу Комити тотална еуфорија, буквално на секое ќоше се разговара за Вардар - Бате, поготово после поволниот резултат 3-2 во гости. ни требаше само 1 гол на градски. На Вардар - Бате групата го доживува своето најдобро издание во историјата, но немаме спортска среќа, Наредната сезона продолжува во ист ритам, при што тука мора да се спомнат и феноменалните дербиња во Борис со Металург. Но како и обично се што е убаво кратко трае. Веќе наредната 2013та сме на работ да го достигнеме зенитот и конечно да заличиме на стабилна група. Вардар - ОФК Белград 700+ луѓе во среда на пријателски натпревар. После сите овие добри сезони очигледно некому засметавме сериозно па ни се случи, да една држава тргне директно да уништи навивачка група. Во тие времиња единствено нешто што ги одржува Комити е ракометот во Борис каде бележиме сериозни изданија. После овој удар групата излегува како победник но прилично осакатена. Во 2014 та се враќаме на фудбал, одлично одработено Кичево и прва домашна против Пелистер. Таа фудбалска сезона не доживеавме никаков спортски успех да излеземе во Европа, притоа имавме и несреќен пораз од Флензбург во ракомет за влез во фајнл фор. Наредната сезозона прво па мушко прво коло случката во Битола но и покрај тоа држиме повторно некое ниво со повремени одлични изданија, тука полека полека почнува и да се раѓа оној мит меѓу членството за не одење на ракомет дека таму шминкерски. Некако се кулминира со прославата на 15 години ЛФ после таа утакмица некако се оди надолу Од 2015 па натака групата оди се надолу и надоли додека клубот полека го трасира патот кон спортскиот успех. Некако опстануваме но веќе 2016 та првенството е толку досадно што секоја утакмица ја добивам со висок резултат нема никаков интерес и општо навивањето паѓа. Taa 2017 e магична за сите фанови на Вардар ги доживуваме најголемите успеси во спортската историја на клубот. Титула ЛШ во ракомет и Влез во Лига Европа групна фаза, спортските успеси на некој начин ја подигнуваат група плус тука е и прославата на јубилејот 30 години Комити. Пак дишеме како група и се одржуваме. Но се случуваат внатрешни проблеми во групата и повторно голем пад. На сцена стапува нова млада екипа не многу едуцирана и со вжештени глави која на некој начин успева да ја подигне малку групата и да ја одржува. Во 2018та го имаме првото убиство на навивач во Македонија врз наш член кое итекако почнува да влијае кај голем дел од младината да престане со одење на утакмици повторно пад во групата, но се одржуваме во некоја бројка. 2019 Повторно освојуваме титула во ЛШ ракомет,како трибина успеваме да се консолидираме и на запад полека но сигурно се чустува една убава другарска атмосвера, истата година на мечот Вардар - А.Пандев за прв пат се раѓа идејата за Аптека, таа сезона почнуваме да врзуваме добри изданија се подобри бројки но суво, без пиротехника, корео, пароли, новитети. Кулминација доживуваме на натпреварот со Искра каде има преку 1500+ на запад. 2020 навивачки ја дочекавме само со неколку кола, паника меѓу народот итн. Т.Н Ковид сезона. Само што се оформи ново младо раководство, во истиот момент пандемија, карантин... Истата година се случува глупоста со свадбарите, по која групата решава темелно да се уреди внатрешно. Се формира фронт за Вардар каде цела зима водиме броба да го спасиме клубот преку акцијата Купи билет за Спас на ФК Вардар, се бркаат луѓе се смислува пропаганда, се враќаат квалитетни членови. Полека имаме консолидирани редови за крај да успееме виртуелно да го продадеме градски и на некој начин спасиме клубот. Иако истата сезона испаѓаме, клубот постои. Решаваме да се вратиме во голем стил на последниот натрпевар каде и официјално се збогуваме со првата лига. Окулу 350-400 луѓе пред југ за последниот валцер на Вардар во првата лига. Од тој момент па навака групата сигурно чекори во нагорна линија. Но немаме спортски успех ниту ронка среќа. 2021/22 Најдобрата сезона во историјата на групата од своето формирање. Играме малку во Маџари, малку во Ново Лисиче, еднаш на Градски и малку во Автокоманда Речеси секој натпревар има корео, пиро, бележиме и добри гостувања секаде каде има можност. Инвазија во Охрид 400+ луѓе итн Со слабата игра на фудбалерите остануваме и наредната сезона во втора лига, но ова ни дојде како мотив плус. Имавме брутално лето, графити, будење населби, ре-организација на екипи, состаноци, трчавме и телефоните ни гореа. Притоа паднато знаме на Шверцери, бакљада по течението на реката Вардар низ цело скопје 12км убедливо најдолга во Македонија и сигурно меѓу топ 10 во Европа. Се оди кон тоа дека ќе се случи да имаме по 400+ во коп дома но пак малер, пак немаме среќа. Натпреварите ги играме во проклетото Маџари на крај нас Скопје. Пак бележиме некој континуитет, работиме и се работи уште покрај сите околности. Ова што овде ќе го прочитате се нарекува континуитет и стабилност. Групата беше неколку години сведена на по 30-70 луѓе во коп денеска е на 200 - 300, се ова благодарение на континуитетот и оние членови кој биле тука за групата во најцрните денови. Кога ќе загребеш малку подлабоко, многу е лесно да се сфати дека цела наша понова историја е немање фактор на среќа и поклопување на коцки, дека цела наша историја е борба и опстанување во најтешките времиња. Затоа што групата не прогласи бојкот од чиста мира или едноставно да ја снема како некој што денеска се декларираат како број1 (а не мислам на Чкембари ниту Фемили) Самите ние не можеме да кажеме дека сме задоволни со моменталанта бројка и дека треба да се остане на тоа и толку да биде мораме уште повеќе да работиме и да достигнеме многу поголемо ниво од денешново. Немојте да ве фаќаат мајмунско- прилепски сипаници од 2016 та каде на секоја страна коментираа како се број 1 во универзумот. Не постој конкретен репер кога групата го доживеала плафонот, отвори јутјуб, фејзбук, инстаграм. Видете каде е светот стигнат на навивачки план каде сме денес, погледнете ги нашите соседи, каде се со бројки, изданија, квалитет. Споредете со нашите изданија и ќе сфатите колку сме долу и мизерни на табелата. Затоа и ми е иронично тоа прогласување за најдобри. Лош е тој ментален склоп.