Една работа која никако не ми влегува у глава е одбивноста на Чкембари да прифатат критика која е конструктивна поврзана со навивањето поточно со нивните песни, поголемиот дел од критиките кои ги добиваат реално се неосновани, Чкембари како група последните две-три години направија стравичен напредок, поставеност на трибина, стил, дрескод, изглед, ограда, бројка, едноставно напреднуваа у сите полиња и покрај сите удари кои ги доживеа последниот период, освен делот песни , тука се застанати во времето на дедо Ное и нема мрдање.
Песните се главниот елемент на навивањето , најзачајниот и најважниот, затоа како земји кои се бог и батина во светот во навивање се Италија, Аргентина, Грција, земји од кои доаѓаат најлудите ритмови и најјаки вокални изданија поради грмогласните песни кои ги имат, а не пример Полска и Русија кои во тоа поле се тиња.
Едноставно кога гледаш група како напредува, ставично добра на изглед, внесува стравопочит и наеднаш почнуват да пеат песни кои доликуваат на треторазредни групи кои се собираат два до три пати годишно да навиваат се паѓа во вода, додуша не мора да има некој којзнае какви песни тоа си бара и креативност, но песните барем да бидат соодтветни за група од таков ранг, истиот проблем го имаа и Комити но тие стравично многу се трудат тоа да го променат, ако гледаме реално целата сезона тоа е и единствена замерка која Чкембари оправдано ја добиваат и мора да ја променат, а тоа се песните со кои навиваат.