Навивачки групи во Македонија!

  • Креатор на темата Креатор на темата Hooligan
  • Време на започнување Време на започнување
Обострано работите се ок, откако се погодија ФК Варар - фк слога и КК Работнички - КК МЗТ Скопје во ист ден.

Никогаш не ни имало нешто повеќе од мали тензии и од мал инцидент меѓу кк МЗТ и кк Вардар во Аеродром пред 10 ти на години.
 
Никогаш не ни имало нешто повеќе од мали тензии и од мал инцидент меѓу кк МЗТ и кк Вардар во Аеродром пред 10 ти на години.
Точно тоа, него сакав да кажам од тогаш работите се ептен океј.
 
Убаво е да се види дека се реактивираа две групи во последно време.
Гемиџии Гостивар веќе повеќе од година дена активно го бодрат КК Гостивар. Баш сега ги фатив на ТВ против Куманово, солидно однавиваа, иако не беа повеќе од 30-тина. Исто така убаво е да се види полна сала во Гостивар. Гемиџии беа на гостување против Вардар во Скопје.
Ѓаоли Кичево навиваа на неколку натпревари на ФК Напредок при крајот од сезоната, а навивале и на некој ракометен дуел.

Убаво е да се види дека се будат одредени групи. Штета што оние најбројните се во очајна состојба.
 
Толку ли многу националистички скандирања имаше шо ја прекинаа МЗТ против Скопје?
 
Нема ништо од тоа. Пак одредена група дечки од Комити ќе отидат и пак нема да ги пуштат.

Идев три-четири години по ред на поменот заедно со Комити и немало никакви проблеми сме положувале цвеќе и сме присуствувале на церемонијата, ама тогаш беше режимот, идевме на своја рака. Сега кога е животот полицијата мисли за нас и не чува од инциденти.

Спасовски <3
 
Реално би било добро сите групи да се обединат за настанов, и барем да присуствуваат со свои членови. Исто како Крушево.
 
Браво за Комити за банерите.
Иначе што се случува со нив?
Жал ми е вака да завршуваат, распрачено насекаде, со копиљаци кои веќе пеат исти навивачки песни 10 години, не знаат на навиваат на трибина (зборам за ракомет) и тн...
 
Има пад во бројката веќе одамна али баш младите се тие што ја држат групата да не се распадне.Навивањето е слабо затоа што буквално на кој стигне му се дава карта па така на оваа утакмица имаше можеби 10 дедовци и уште толку жени (една 40 годишна дошла со 2 девојчиња од 15 години на нашата трибина) и како очекуваш да се навива покрај вакви.Затоа само членска карта и само тие што имаат да влегуваат на трибина а не затоа што е карта 100 денари сите со Комити да идат...Ова важи за сите групи затоа што секаде е така
 
А од песните да смените нешто?
Сепак, само истите досадни се веќе...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom