По ова што видов тепачката се одвива во делот кај што се Рибари, па веројатно луѓево од Каменица одат први да ги нападнат Рибари , е сеа дали имало претходна провокација тоа незнам ..
Со оглед дека се разменија неколку удари не се деси нешто спектакуларно но се гледа дека само 2-3 од Рибари се тепаат , другите стојат на страна , да бидеме реални кога одиш на гостување треба да бидеш подготвен и на вакви работи .
Точно е дека не се сите фајтери што одат на гостување но мислам дека Рибари ке добиеја повеќе почит ако сите тие 10 души т.е цела група се спротиставеше на овие домашните , бидејки кога веќе те напаѓаат тогаш ке се бориш без разлика дали си фајтер или не , едноставно гостинска ултрас група би ги прегазила овие сељациве од Каменица..
Во овој исти град гостуваа Комити и Чкембари по 20 луѓе но немаше ни една провокација , значи тука си знаеле до каде им е силата ..
За дечкото со баклата од Рибари мислам дека сепак на крај правилно постапи што не мавна никој , туку повеќе беше во обид на одбрана , на крај почит за сите тие 10 души од кај нив што одат да го бодрат клубот секаде но моја препорака ви е да се држите сите меѓу себе , бидејки некој следен пат ако се сретнете со посериозна група би изгубиле , поздрав ..