Маичка не е и никогаш нема да биде релевантен реквизит. Но Комити не го воспоставија овој принцип, туку Чкембари. Шверцери по падот на знамето, разбраа дека маичките е срамно да ги покажуваат.
Маичка се паѓа за да не се дозволи лажно демонстрирање на сила од страна на поединци. Толку, да не го тупиме со тоа.
Е сега, за аргументиве:
1. Велите "Маичката е пазарска".
А какви беа тие кои ги паднавте во Кавадарци? Исто такви, дури и самата подгрупа излезе со официјално соопштение, но тогаш не сакавте да чуете. Да напоменам, јас уште тогаш кажав дека нападот е ЛЕГИТИМЕН (Што кур бараш ако не си спремен) но дека тие не се членови на групата, ниту па маичките се производ на подгрупата. Ете, сега кога ви се одби од глава, сега "Пу пу не важи". Затоа, памет за друг пат!
За срамниот напад во Струга на татко со ќерка, не сакам веќе да зборувам. Ни тогаш не сакавте да чуете. На почетокот велевте "Не е ваше", за после да испадне дека не само што е на Комити, туку и песна се смисли и се запали. И сето тоа го направивте од очај, свесни дека не може да парирате во ниту еден аспект на Комити како група. И еве? Кај сте година дена од тогаш? Има ли напредок? Што се смени? Ништо. Остана само срамот.
2. Велите "Левски се шетале лабаво од граница до Скопје, па и низ градот"
Прво, разликата помеѓу собирот на Комити во Росоман, и собирот на Левски на граница не може да се спореди. Локацијата беше на самиот влез во Кавадарци и немаше воопшто Полиција. Понатаму, не можевте и вие од граница до Скопје еднаш да ги нападнете? Ете, да направите нешто во вашите 35 години..ама не...полесно е да се пишува на форум и да не се прави ништо, а сето тоа да се аргументира со "Нека дојдат во Кавадарци, па ќе видиме", свесни дека никогаш нема да дојдат, зошто побогу би дошле таму? За буре вино?

Баш затоа и беа објавени реквизитите. Комити ве демантираа исто како за Белград, кога цел ден се ситевте и на крај се извинувавте. Ај да не го мачам оној Топлинка, дечкото сто пати се извини
Второ, низ градот Скопје СИТЕ групи беа со силно полициско обезбедување. Докази за сето ова се сликите од видеото на една од попознатите страници на навивачите на Левски. Немаше собир на Плоштад, само поминаа, со Полиција, како што и се гледа ма сликите. Од првата до последната секунда беа следени и обезбедувани, а реквизитите се паднаа на групи кои свесно се дистанцираа сакајќи да покажат муда. Обичните фанови сами се држеа до Полицијата. Тие воопшто не живеат во тој свет, затоа и ги следеа сите инструкциите на Полицијата.
3. "Оти не дојдовте во Кавадарци на ракомет"
36 години постоиме и никогаш не сме го смениле принципот. Финалиња на куп сме пропуштале поради принципот и сега Лозари се најдоа за паметни да не прозиваат. Лозари, кои дадоа соопштение дека ЌЕ НАВИВААТ САМО ТАМУ КАДЕ ШТО ИМА НАВИВАЧКА ГРУПА. Боже господе, ова прв и се надевам последен пат ќе го прочитам, зошто не да ме јаде, туку ме сече на парчиња туѓиот срам, а особено фактот што дискутирам со членови на таа група. Е па господа, не функционираат сите како вас. Некој постои за клубот, не за ривалот!
А пази, зборат за двојни аршини. Настрана ставот на Комити..пази, не доаѓаат во Ск на ракомет, а се бунат зошто Комити не биле? Ова јасно покажува дека намерно се оди во нелогичност и дека аргументите се повеќе одлика на немоќ отколку на желба за некаква си дискусија.
За крај, повелете фото галерија која ви ги руши и последните аргументи