Еве од наше гледиште за целиот ден
Туку, веќе кога се начна темата гостувања, неповрзано со Вардар и Пелистер ќе издвојам некои интересни гостувања, што во сопствена режија, што со групата, со помалку и повеќе познати детали.
КК Пробаскет Пробиштип - КК Вардар
Гостување со Комбат во Пробиштип.
Таа генерација на Комбат која и сега е активна и голем дел се во јадрото на групата МОРАШЕ да добие многу поголема поддршка од Комити. Дечките беа топ организирани, а само неколку пати добија помош од помлади поединци од Комити на некои натпревари каде што имаше и втора навивачка група.
Нека раскаже
@ultras.87 искуства за едно гостување на Лирија, кога наши поединци имаа интересен лов околу сала

Да издвојам дека не бев дел од Комбат, туку од љубов кон Вардар и страст за навивање, доаѓав повремено со нив или седевме со друштво на страна. Секоја чест за дечките кои тогаш беа околу 15-19 години и секој викенд храбро одеја со кортео до малата сала Кале. Кога одиш на Кале во голема група е едно, ама кога одите 30тина клинци, без полиција, во жива темница, во маало кое е на 5 минути од населбите на Шверцери е нешто за пофалба. Идеални ситуации за противнички напад. Тие години Шверцери на секој натпревар на Кале чекаа шанса да фатат некои што ќе ги начекаат сами. И на секој дуел на КК Вардар се собираа и провоцираа од горе од едно брдо, фрлаа камења. Со оглед на тоа што имаа мета која беше помалкубројна и носеше реквизити, да се издвои дека ниту еднаш не успеаја да земат ништо, а неколку пати беа бркани накај Кале. Плус Комбатите им скинаа и неколку реквизити низ градот, што ги носеа под дуксери на физичко

На страна тоа, одиме на гостување во Пробиштип, кошарка ТРЕТА ЛИГА.
Бидејќи поголем дел од групата беше од Волково, имаа ангажирано приватна 22-ка.
Одиме 50тина души со приватна 22-ка, а кај Кратово качуваме уште 5 души пто активно одеа со Комити тој период. Не изјачаа во бус, пошто биле ривалски градови со Пробиштип и беа полни омраза. Доаѓаме во центарот на Пробиштип, почнуваме песна одма. Градот умрен, одеднаш се собраа еден куп деца, луѓе, воџите на Багабонти. Доаѓаат се поздравуваат, ја наполнија целата сала.
Салата школсја, со рачно менување на резултат, криви обрачи.
Прегледај го приврзокот 356850
Атмосфера лудница, Вардар тепаше.
Enjoy the videos and music that you love, upload original content and share it all with friends, family and the world on YouTube.
youtu.be
Цел град сака да се слика со нас, јадевме некои дупли тостови за 60 денари.
Се испративме со нив и тргаме за назад.
Одиме за назад во ноќно време, на патот меѓу Кратово и Прпбиштип снег по планините. Црна темница и таму проватна 22-ка едвај се движи. Одеднаш само слушаме БАП, автобусот мава во нешто.
Штама во бус, надвор не се гледа ништо. Возачов вика згазивме некого изгледа. Ко на хорор филмовине, искача он, се враќа и вика абе сум згазил срна. Вика ќе си ја качам, ќе ја готвам во Скопје. Му викаме не биди будала, нема со мртво животно да се возиме. Вика мој си е автобусот, ако сакате одете, ако не ништо.
Погадна слика во живот немав видемо, срнава пред да умре пуштила солзи, потажна слика амин. Си ја зема типчето на наше негодување и така со умрена срна ставена до делот кај шоферот (од новиве автобуси беа, цели со стакло и од надвор се се гледа) идеме за Скопје.
На секоја патарина стоеја луѓе напред за да не не сопре полиција.
Не се објави јавно случката, али поминаа многу години веќе, нема да замерат членовите на Комбат

Не остава мајсторот кај железничка, си продолжува да вози со срната, гледаме од надвор се се гледа во автобусот
Индивидуални гостувања со Шкендија и Лирија

Шкендија - Вардар 0-2 (2016 година)
Одиме тројца луѓе за Тетово, едниот имаше акредитација да влезе ко службено лице, другиве двајца демек ќе сме влегле со него. Одиме таму, полни скоро сите трибини, затворема само трибината на Војводи и пред нејзе стојат уште 500 луѓе.
Кога не виде полицијава дека сме Македонци, се исплашија, паника ги фати. Абе викам уживајте, не сме вчерашни. Другаров вика да одиме да си купиме карти. Кај ќе купиш карта, одма ми се врати филм од еден нивен залутан во Скопје кога го убија на билетара

Викам овие што чекаат тука нема да ти платат карта, ќе ја урнат вратата и ќе влезат. Викам кога ќе ја буткаат вратата, ќе буткаме и ние. И така и бидна, ја избуткаа полицијата и вратата и влеговме со нив на ура

Седнавме во први редови, само чекав некој да ни ја опали некоја од позади. Влагаш на стадион и сфаќаш дека ако те познаат, НЕМА ИЗЛЕЗ

Пошто знам дека се палат они на секој влез во шеснаесетник викаат шуууут, почнав јас да се дерам прв на заебанција, шуууут, шуууут и цела трибина вика со нас

Дава Вардар гол, си ќутиш, а си шепкате, ајде дупи гиииии

На полувреме му викаа на Асани, АМБУРГЕЕЕЕЕР. Па жена ти се ебе Попове, жена ти се ебе Вардаре. Вардар даде втор гол и се расчисти трибината, можевме на раат да изгледаме од горе. Одма штом се качивме во кола, почнавме со свирење по тоа пасиштето за крави
Втора случка.
Некој ден/недела пред дуелот Лирија-Вардар, Лирија играше со Куманово во полуфинале од куп кошарка Отидовме неколку луѓе во Борис Трајковски, седевме под Кумани, се пцуевме со Шверцери цела утакмица.
Имаше многу Кумановци и многу фанови на Лирија, баш онака цели трибини беа полни. Фрлаа со запалки и двете страни, Шверцери навиваа со оние ребелат од Сарај и извадија парола за Кичево дека го зеле и Куманово е следно. Настана инцодент и се прекина утакмицата. Влегоа ебр кај Кумани, ги забуткаа и еден дечко одглуми дека паѓа во несвест и така се спасија Кумани од ќотек од Ебр. Скокнавме и ние на трибина, ги тргачевме џандарите, кревавме тензија.
Денови после тоа, Вардар требаше да игра со Лирија. Ама ја ставија лирија да е домаќин, во Кале. Комбат ради незадоволство од одлуката, одлучија да бојкотираат. Го терам другар да одиме да гледаме баскет, он нема поим од навивање. Влагаме во малата сала, таа има мало трибинче со 5-6 реда. За да дојдам до делот кај што не седи никој, поминувам крај истите фаци од сарај што се пцуевме пред некој ден

Тука на средина седи еден дечко што доби партиска улога од ДУИ и некоја функција во Лирија, а јас го знаев од средношколски денови затоа што учеше во македонско школо и се дружеше со македонци. Ама од порано така го подбуцнував, иако секогаш негираше дека има нешто со Шверцери. Станува, вика кај си бе, ме кажува по име, цела трибина гледа само во нас. На другсров му станува јасно дека може да го јадеме, му викај уживај, немај гајле.
Седнуваме во делот што е поблиску до трибината на Комбат, јас, другар и уште еден човек што навиваше за Вардар.
Одеднаш, во втора четвртина, доаѓаат 20тина членови на Шверцери (new generation), нормално нема ни реквизити, не ни навиваат.
Седнуваат околу нас.
Се наоѓаш во ситуација ко на рекламана со Гробари и Делије, није свеједно. Трибинче со пет реда, во недојдија, дали 5 џандари во сала, опколен од противничка навивачка група. Лирија води 30 разлика, а овие го замараат Кралевски. Се дереа Кралееееее.
И Вардар фаќа серија, Кралевски забива за -15 на пример. Толку не издржав, скокнав и се раздрав Гази Крале, ајде Вардааааар. Гледаат овие, како што ние седиме подготвени да го јадеме, така и на овие не им е сеедно, си викаат да не има повеќе Комити низ салава.
На 5 минути до крај, Лирија пак направи 30 разлика и му викам на другаров, да си фаќаме магла. Излагаме од сала, по нас тргаат 3 Шверцери, не следат некој чекор и се враќаат назад. Успешно гостување
Во 2013/14 сум бил на 62 натпревари на екипи од СД Вардар, меѓу кои и еден натпревар на хокеј.
ХК Вардар со ХК Металург на Борис Трајковски лизгалиштето. Утакница во 10 вечер, смрзнавме ко кучиња. Навивавме, ја испеавме и Металург ебисееее

Вардар изгубија ко магариња. Се враќавме пешки во 12, премразнати, на минус температури.
Цело време одевме пешки секаде.
Зс оваа бројка од 62 натпревари, најдов во пост на кајгана, сум ги пишал сите. Знам во наредната 2014/15, со другар ја надминавме бројката. Мислам дека 65 утакмици имавме гледано.
Се', ФК, РК прв и втор тим КК, ЖРК прв и втор тим, во некои спортови и младинци.
Имавме едно гостување во Велес со воз на вториот тим на РК Вардар.
Седиме дома после работа, другсров вика абе Вардар игра во Велес. Трчаме до железничка, фаќаме воз и одиме на Борец со Вардар Јуниор.
Салава полна, карта 60 денари. Вардар тепаше, мавнавме по една маринела плескавица и назад за Скопје.
Тоа се 127 утакмици за 2 години. На 90% од нив, одење пешки, никаде со кола.
Будалска работа. Па на трибина, со 10 утакмици одма идат во ветерани, викаат ЕЕЕ ЈА НА ВРЕМЕТО и се бесат по шипки, не навиваат (среќа ова се менува со новиве генерации).
Во тие сезони имавме две интересни навивања со Металург Јуниор.
Влеговме во Кале, после утакмица со Работнички, некаде во 40 минута.
Одма почнавме со пцуење по Лино. Не знаете што беше, над глава сите дерење, ќути бе усташ, ЛИНО ДАНОООК (имаше некоја афера дека не плаќал даноци). Се извадија тогаш новите мотки, над 100 Комити се собравме и топ изгледаше.
На нивен терен не ни даваа карти. Од 100 души влеговме 20тина, ќарив карта од еден пензионер. Во сала на метро од Пирати, без полиција, они собрани цела група, ама не навиваат. Пирати играа педерски, мудро бираа со кого од Комити ќе се закачаат. Со старите стоеја добро, а се тепаа со деца. На излегување ги испровоциравме.
Си одиме од Автокоманда и ја утнавме журката. Цела група седеше надвор, а од другата страна овие викнале од нивниве другарчиња од управите на мвр, фрлале со цигли накај нашиве. Па контра им удриле нашиве и фатиле кидавела.
На гостувањата во Кратово имаше се и сешто. Пешачење 20 км. Турчин не ни кажа дека немаме дозвола за гостување. На пола пат вика абе може ќе има 2-3 дефендери пред Кратово, ќе ги средам јас. Доаѓаме на страцин, 100 специјалци донеле, ќе не убијат. И соломонско решение, се местиме на низок старт и сите шпринт накај Кратово. Умревме по пат, да ја издвојам една баба што ни мачкаше лепчиња со маргарин од една попатна куќа.
Имаше гостување каде што еден тип извади пиштол кај маркетот во Кратово. Па ебр пробаа да вчезат во автобус, се наваше со клоци, со се' за да се одбие нападот.
Имаше едно гостување кое не беше ништо посебно, ама на шоферот му се заглави мењачот, до Скопје одевме со 30-40 на саат. Агонија, ми одеше да се самоубијам.
Имаше гостување во Турново каде шро летна топка во нивите и наш член отиде да ја земе и си ја однесе во автобус. Не тресеа додека не ја најдоа.