Натпревари за паметење

  • Креатор на темата Креатор на темата Iceboy
  • Време на започнување Време на започнување
Натпревари кој дефинитивно ке ги паметам цел живот:

Јувентус-Милан финале ЛШ 2003 се играше на Олд Трафорд и на крај ми се плачеше на пеналите кога даде гол Шевченко.:kesa:

Милан-Ливерпул финале ЛШ 2005 само еден збор за натпреваров- лудница :vozbud::vozbud::vozbud:
Челзи-Манчестер Ј. 3-0 (2006) Ми текнува дека Џо Кол ги изеба Манчестер и дека Челзи славеше титула по натпреварот.Многу бев среќен тогаш.

Челзи-Манчестер финале ЛШ 2008 неможев да поверувам дека по подобра игра и 100 утнати шанси за Челзи ,Тери утна пенал.Лупнав далечинското од земја и заспав со насолзени очи.

Челзи-Ливерпул 4-4 аууф натпреваров беше психички неиздржлив.Се откажав кога губевме реков готово е но потоа следуваше драмата:vozbud::vozbud:

Челзи-Барселона 1-1 најмногу го имам пцуено овој судија во животот.Уште ми е криво за пеналите упм.

Македонија-Англија 2002 - Најдобрата партија на Македонија во животот мој.Ама сум се радувал на корнер-голот на Шаќири:vozbud::vozbud::vozbud:

Истотака сакам да ги споменам и Челзи-Тотенхем 4-4 и Челзи-А.Вила 4-4 кои исто беа лудница и големо нервирање падна на нив.
 
pobeda - sloga 0:6 :) nervvozen bev mesec i pol
pobeda - rabotni4ki 3:4 posle vodstvo od 3:0 za 15 min presvrt ( od togas nema publika na stadion )
i se razbira
rabotni4ki - pobeda 1:2 :vozbud:sampionski bodovi bea toa
 
Никој не се сеќава на Монако - Депортиво 8-3 ??


Како може да не се памти овој дуел. Историски во Лигата на Шампионите, Монако ги уништи Депортиво тогаш.
Освен тој натпревар ми текнаа у други
Англија 2-2 Македонија - треба споменик да му изградиме на Шаќири
Арсенал 1-2 Барселона - Прва титула во Лигата на Шампионите на Барса на која што јас се сеќавам...
И еден гол на кој што скренав дома
Барселона 2-1 Милан - Гол на Роналдињо во 88 или 89 минута кај што се еб*ваат пајаците
 
Челзи-Манчестер 4-4
Манчестер-Челзи 1-1 (ЛШ финале)
Милан-Цирих 0-1 :tv:
Манчестер Ј-Манчестер С. 4-3
Реал Мадрид-Леверкузен 2-1
Реал Мадрид-Манчестер Ј. 3-0
 
Реал Мадрид - Баер Леверкузен (Финале лига на шампиони 2002)

Незаборавен меч. Натпреварот го гледав кај баба и дедо, многу се радував за голот на Зидан. Вечерта кога си легнав да спијам пред мене само Фернандо Хиеро го гледав како :pehar:


Баерн Минхен - Реал Мадрид (Лига на шампиони некаде 2003-2004)

Реал изгубија и отпаднаа, солзи ми течеа од тага.

Реал Мадрид - Олимпик Марсеј 4-2 (Лига на Шампиони)

Гол шоу на мојот тим. Роберто Карлос мајсторски волеј... Гол на мојот поранешен омилен играч Мориентес (за Олимпик Марсеј) за тоа доби голем аплауз од навивачите на Реал.

Реал Мадрид - Баерн Минхен 2-0 (Лига на Шампиони, во гости натпреварот заврши 2-1 или 1-1 за Баерн)

Прво полувреме напаѓат реал но немат среќа, се мачат, се трудат но никако гол да дадат, имаше статива за реал (Елгера) и на крајо ГОООЛ за реал, не памнам кој беше, после неколку мин уште еден гол на Реал, овој пат Зидане. Реал ги отпадна на Баерн.

Јувентус - Реал Мадрид 2-1 (Лига на Шампиони 2003 или 2004)Првиот Натпревар заврши 1-0. за реал.
Во Италија стрелци беа Трезеге и Павел Недвед. Некаде во 70мин имаше пенал за реал, Луис Фиго шутира, Буфон брани... 82мин. Зидане само намалува на 2-1. И после тој натпревар плачев.

Реал Мадрид - Гетафе (Премиера 2008-2009)

Реал Мадрид мораше да победи, но Гетафе не се предаваше. Во 90 мин беше нај интересно. 2 Гола на реал, а пред тоа одбрана на пенал, заслужен Икер Касиљас.

Барселона - Реал Мадрид 3-3 (Ова беше пред 2 сезони)

Меси си играше со нашата одбрана, постигна 3 гола...

Реал Мадрид - Барселона 0-3 (Во времето на Роналдињо)

Овој натпревар никогаш нема да го заборавам, никогаш нема да ги заборавам головите на Барса што ги постигнаа на Бернабе. Никогаш нема да ја заборавам публиката како му плескаше раце на Роналдињо... Овој натпревар го гледав со МИТЕМАН. Во собата имаше постер од Роналдињо, ама да видете што се случи со него :vozbud: Гореше во огин. Хаха

Реал Мадрид - Алмерија (6-1, или 5-2)

Последно коло, реал ја прославува титулата во Шпанија... Јас, Николич, Митеман, набавивме ракети за прослава... Натпреварот заврши во 12 часот - полноќ а ние го осветливме небото, сите излегуваа надвор да видат што се случува хахаха..

Беласица - Вардар 1-0

Во тоа време Беласица и Вардар се бореа за 1вото место, тоа беа претпоследни кола од сезоната. По првото полувреме резултат беше 0-0.. 90 сеуште 0-0... Во судиското дополнение корнер за Беласица на глава ... и ГОООООЛ 1-0 СЕ ТРЕСЕШЕ СТАДИОНОТ, ваква радост досега немам видено, овој момент нема да го заборавам никогаш.
 
Одсекогаш постоеле натпревари во кои адреналинот и возбудата биле на максимум, во кој имало еден куп на пресврти, одлични потези на поединците од двата тима. Кои се тие натпревари кои засекогаш ќе ви останат во сеќавањата?
Во моето сеќавање има голем број на натпревари кои ќе ги памтам, но овие се еднсотавно незаборавни


1. Челзи 1:1 Барселона-полуфинале Лигана Шампионите 2009 - Сите натпревари помеѓу Барса и Челзи биле само за со пивото до тебе и да одмараш додека гледаш фантастичен фудбал, ама едно е сигурно. Овој натпревар од полуфиналето оваа година ќе се памти засекогаш. Прво поради голот на Иниеста во 90+ со кој Барса се пласираше во финалето, потоа поради толку многу зборуваниот судија Овербо кој имаше неколку лоши одлуки, потоа по фанастичниот гол на Есиен за водство на Челзи.
Ама за да ја доживееше стварно атмосферата на овој натпревар требаше да бидеш навивач на Челзи или Барселона. Не се опишува со зборови чувството кога Иниеста го даде голот за 1-1. Едноставно кај мене дома ( а сигурен сум и кај другите навивачи на Барса ) беше УРНЕБЕС. Рипање од радост, мавање се живо и диво околу од тебе ( знам дека после два дена ногата ме болеше, којзнае шо сум напраил додека се радував ).
2. Манстер Јунајтед 2:1 Баер Минхен-финале Лига на Шампиони 1999 - Мислам дека на сите одма ви текнува за кој натпреавр зборувам. баерн Минхен рано водство од 1-0 и на крајот кога сите очекуваа крај и огромна радост на Германците се случи ЧУДО. Два гола за една и пол минута на Манчестер Јунајтед за една од најчудните победи во историјата на фудбалот. Финале кое никогаш нема да се заборави. Ај за првиот гол на Манчестер ок влезе што влезе, ама вториот сигурен сум дека никој на планетава не го очекуваше. Ама Солскјар златната замена на Ферги го нарпави она што ниту еден навивач на Манчестер не го сонуваше.
3. Милан 3:3 Ливерпул-финале-Лига на Шампиони 2005 Епското финале од Истанбул мора да се најде на овој список. Гледавме две различни полувремиња во Истанбул. Во првото Ливерпул како да не беа дојдени да играат фудбал, Милан правеше што сакаше по теренот и успеа уште во првото финале да си обезбеди предност од 3-0. И кога сите мислевме дека е готово финалето и дека треба да се види уште крајниот резултат, во второто полувреме на теренот истрча еден нов Ливепрул и направи чудо, го направи она што ниеден фан на Ливепрул неможеше ни да се надева дека ќе се случи. Набрзина за неколку минути со головите на Шмицер, Чаби Алонсо и Џерард успеаа да го нарпават досадниот натпревар и тоа како интересен. Набрзина резултатот од 3-0 стана 3-3. Потоа се отиде во продолженија во кои Милан имаше повеќе шанси но Дудек на голот правеше чуда, исто и при изведувањето на пенали. На крај на пенали беше 2-3 за Ливепрул за неверојатна радост на црвените и за неверување за навивачите на Милан.
4. Реал Мадрид 2:6 Барселона-Шпанска лига 2009- Незнам што да кажам повеќе тука. Оваа година едноставно барса растураше се пред себе, а најдобро тоа се покажа против Реал на Сантиаго Бернабеу кога им одржаа лекција по фудбал. Шест гола во мрежата на Касиљас за заверување на титулата и за огромна радост. На овој натпревар како да играше само екипата на Барселона, како Реал да не постоеше на теренот:vozbud:
Јас би кажал лоши одлуки кои не му овозможија на челзи да оди во финале(и помогнаа на барселона да оди во финалето)
 
Milan Liverpul 3 3 (finale na LS 2005 koga tepase Liverpul)

Everton Man Utd 2 4 (everton vodese na dvapati pa potoa manu se vrakase i na kraj pobedi)
 
Бешикташ - Ливерпул 0-8

:vozbud:
 
Да..да... И Евертон - Манчестер 2:4 ќе го памтам цел живот...Ради тоа што глеав со другар шо навива за Челзи..И Челзи водеше со Болтон,а Манчестер губеа 2:0...се посра од радост...После Манчестер победи,а Челзи 2:2...Си змина дома без збор да каже..:pos2:

Исто ќе го памтам и промашениот пенал на Ван Нистелрој со Арсенал..кога ја погоди пречката..глеав со фан на Арсенал и кога досудеа пенал излезе надвор...неможеше да глеа,а јас пак се радував..и после кога погоди пречка...:kesa:..Ама тоа е..секој може да промаши.:smir:


Исто и Манчестер-Порто 1:1..

Сколс мислам даде гол,па потоа ако добро се сеќавам чист гол на Сколс му поништија..демек офсајт било...И на крај..Во последната минута Костиња ни го шибна...Колку само сум плачел таа вечер:kesa:
 
Челзи - Арсенал(не се сеќавам на резултатот ама на голот на Есиен со надворешна се сеќавам - мислам пред 4-5 сезони беше)
Челзи - Арсенал(исто не се сеќавам на резултатот ама се сеќавам на расправијата помеѓу Дрогба и Леман кога се бореа во петерецот(шеснаесетникот)кога паѓаа црвени картони :pos2:)
Челзи - Арсенал во ФА Купот мислам беше или во карлинг купот кога Дрогба со 2 гола им донесе победа на Челзи со пресврт)
Челзи - Тотенхем 4-4
Челзи - Ливепул 4-4 ЛШ
Милан - Манчестер ЛШ (Кака со глава кога ги мина Евра и Хајнце)
Милан - Наполи 5-2 (Пато кога го постигна својот првенец во дресот на Милан)
Милан - Ливерпул 2-1 ЛШ (Инзаги зверката кога ги даде двата гола за победа во последното финале помеѓу овие две екипи)

Натпревари кои не се паметат по добро
Челзи - Ридинг 1-2 (автогол кога си даде Челзи и кога загубија во последните минути)
Милан - Ливерпул ЛШ 3-3 (сите мислат дека Ливерпул направил сензација но ако се знае дека играат ЛШ таму нема сензации - како Милан можеше да даде 3 гола за едно полувреме така и Ливерпул можеше)

Натпревар кој не е од некои од моите омилени клубови
Тотенхем - Вотфорт (голот на Пол Робинсон од гол на гол :pos2: рипнав од кревет и останав без коментар)
 
барн - манчестер 99...уствари тоа се минути, не меч за паметење
 
Челзи - Арсенал(не се сеќавам на резултатот ама на голот на Есиен со надворешна се сеќавам - мислам пред 4-5 сезони беше)
Сезоната 2006/07..Заврши 1:1..Мислам дека Челзи мораше да победи за да остане во трка со Јунајтед...Арсенал водеше,бев многу среќен..После од голот на Есиен,80 и некоја мин до крај се тресев цел,но сепак заврши нерешено и Јунајтед освои титула по пост од 3 години...

Taка бар мислам дека беше...
 
Сезоната 2006/07..Заврши 1:1..Мислам дека Челзи мораше да победи за да остане во трка со Јунајтед...Арсенал водеше,бев многу среќен..После од голот на Есиен,80 и некоја мин до крај се тресев цел,но сепак заврши нерешено и Јунајтед освои титула по пост од 3 години...

Taка бар мислам дека беше...

Во 88,89 мин имаше и пречка челзи повторно есиен шутна:tv:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom