Zaptija Stojkov
Комунист
- Член од
- 23 февруари 2010
- Мислења
- 3.191
- Поени од реакции
- 2.869
- Возраст
- 41
Економската криза тропа насекаде
НАТО сојузот, кој е синоним за воена надмоќ и влијание, заглави во финансиски проблеми. Неговите 28 членки трошат повеќе пари отколку што се сливаат во касата на Сојузот, а такво нешто се уште не е забележано во неговата 60 - годишна историја.
Министрите за одбрана на земјите членки очекуваат расправа за тоа како да се надополни празната каса. По тој повод во утре и во петок ќе се одржи состанок во Братислава, главниот град на Словачка.
“Се впуштивме во проекти кои не можеме да ги платиме и така повеќе не можеме да продолжиме“, порача главниот секретар на НАТО, поранешниот дански премиер, Андерс Фог Расмасен.
Но затегнувањето на каишот тешко ќе помине, пред се, поради војните операции во Авганистан и мировните мисии на Балканот и во Сомалија.
Портпаролот на НАТО Џеемс Апатураи не сакаше да зборува за конкретни податоци. Тој додаде дека поголемите трошоци доведоа до недостиг во касата. Според него, загубата не е драматична, но не е ни занемарлива. Од дипломатски извори може да се дознае дека НАТО е во минус 50 милиони евра. Покрај војните и мировните операции во изминатите неколку години НАТО изгуби од 8 до 10 милиони евра на подрачјето на инвестиции.
Треба да се каже дека она што членките го издвојуваат за НАТО е многу малку во однос на нивните национални војни пресметки. На пример, германскиот придонес изнесува 15 отсто од пресметката на НАТО, но овој износ претставува дури 0,5 отсто од германската воена пресметка. Иако опсегот на делување значиотелно се зголеми, приходите од земјите членки не пораснаа.
Додека некогаш парите се трошеа за администрација, сега средствата одат во воените болници по светските воени полиња и за авакс авиони.
“Пресметковната дупка мора да се покрие што поскоро, а министрите треба да одлучат дали ќе се штеди или ќе се намали опсегот на делување“, порача Расмасен.
Бирократијата ги јаде парите
Минатата година НАТО воспостави нова раководна структура која требаше влијанието и работните места да ги распредели праведно. Секако, паметно е во овие тешки времиња да се скрати бирократијата, но такво нешто поради политички причини тешко може да се очекува.
Јужните членки како Италија, Турција, Грција и Шпанија остро се спротивставуваат на оваа мерка. Од друга страна, источните членки на Сојузот, каде се уште се тазе сеќавањата на Студедната војна и блоковската поделба на светот, исто така не ја кријат загриженоста околу можниот расплет на оваа драма.
Имено, постои сомневање дека недостигот на пари може да го загрози постоењето на Сојузот - заштита во случај на агресија како што стои во членот 5 од Вашингтонскиот договор, кој за прв пат е применет по 11 септември. Од анонимни дипломатски кругови може да се дознае дека НАТО пред да ги скрати трошоците треба да одлучи која ќе биде неговата мисија во иднина. Но затегнувањето на ременот бара чуствителни политички компромиси кои тешко можат да се очекуваат.
Извор www.biznis24.com.mk