Увек кога станува збор за оваа тема, секогаш се нервирам и ме потресува фактот дека некој воопшто може да КРЕНЕ рака, а камоли да истепа девојка која наводно ја сака. Многу работи кажуваме и правиме во афект, ама за да измлатиш некој што е најпрвин физички послаб од тебе е запрепастувачки, треба нешто да ти фали во психата и разумот.
Секогаш сум велела дека дури и да помисли да крене рака, ќе му кажам сиктер, не сакам да те видам во животот, но сепак не можам, ниту сакам да замислам каков стрес и страв се претрпува во тој момент. Па таков човек не заслужува да стои до мене, камоли па да ми го троши времето.Ако некој некого сака сигурно нема да го тепа и да прави работи за да другата особа биде мизерна и несреќна.
Знам дека би прекинала веднаш таква врска, бидејќи оној што еднаш удрил и му е опростено, сигурно ќе удри пак. Ама го молам Бога никогаш да не доживеам таква ситуација и да не морам да проаѓам низ таков пекол. Пошто после стравот од претходната врска, потсвесно може да ми се пренесе и во наредните врски.
Има жени кои се оправдуваат дека наводно заради децата или да не претрпат срам пред луѓето не се осмелуваат да го остават "саканиот". Мои блиски роднини го имаат овој проблем...
) според мене вистинската глава на семејството е жената, барем во денешни времиња така ми се чини. Жената е таа што се грижи за децата, куќата, јадење, перење, пеглање и се останато. Ако нема жена нема ниту деца, нема кој да те среди, да те испере, испегла дотера итн. сам маж неможе сето тоа да го направи, има исклучоци на мажи кои се способни за овие работи ама тие се еден мал процент. Затоа мислам дека жената треба да се цени повеќе и отколку што заслужува.