Насилство во врска

  • Креатор на темата Креатор на темата RealGirL
  • Време на започнување Време на започнување
Јас мислам дека девојките (зошто обично момците се насилни и ги тепаат својте девојки нели?) остануваат во таквите врски од страв. Се плашат дека може нешто уште полошо да им се случува ако ја прекинат врската. Или можеби тој и им најавува дека ќе биде полошо доколку се стави крај.
Сепак мислам дека единствен спас е да се пријави во полиција. Зошто таквите случаи не треба да поминат неказнето. Плус тие луѓе се психички забегани дефинитивно. Не се покажува љубовта со тепање на партнерот. Тоа ми е скроз нездрава работа. Само што треба жртвата да не биде слепа и да пријави навреме.. И да не се залажува дека тој така и покажува љубов или дека го прави тоа несакајќи особено ако после секое тепање се лигави и ветува дека нема повеќе, или дека го прави од љубомора што на некој начин = љубов или па убедување дека го сака и дека неможе тек така да стави крај. Сепак во врска со насилство мислам дека не постои никаква љубов. И оној што мисли дека е заљубен па останува во таква врска иако јаде ќотек всушност не е ни свесен колку се плаши од партнерот. И како што кажав треба уште на почетокот таквиот слуќај да се пријави во полиција. Сепак насилството е незаконска работа ако го читаме оној дел од законот за права на човекот. А нема зашто да се дозволува некој да ти ги крши правата. Но затоа и пред воопшто да се започне врска треба подобро да се запознае особата. За да не се налета нели на некоја ваква. А во случај да се налета кажав кој е спасот.
 
Имам една другарка и со дечкото постојано се тепат т.е ја тепа повеќе од колку го тепа али она си е среќна.Нема коментар на тоа:toe:
 
Абе понекогаш девојките мислат дека дечково изразува некој вид на емоции преку насилието, или дека ги тепа од љубов па затоа се такви попустливи и преминуваат преку се ама не е така, кога ќе се освестат веќе ке бидат :angry3: фалични или без заби или троа со некоја лузна на фацата.
 
не би била у врска доколку некој ме малтерита ако ме сака нема да ми го прави тоа сваќам викање дерење зборење у нервоза но удирање не
ако мисли дека е маж нека оди нека се тепа со мажи колку него а не да крева рака на женско послабо од него и не верувам у тоа ама ме сака и не го сваќам тоа сакање со удирање
некој ако се сака ќе гледа да не го повреди да не му е лошо а не да удира:toe:
 
Како и повеќето - се сложувам дека во една врска не треба да постои никакво насилство

Во денешно време во врска и брак почесто е психичкото насилство (некој да те омаловажува, навредува, прави глупава), но не помалку е застапено физичкото насилство (шамари, тупаници, силување во врска)

Насилството е најчесто поврзано со нерешени психолошки проблеми на лицето кое е насилно, пр.:
- комплекси и трауми кои ги влече од детството
- неостварени идеали и амбиции
- болести на зависности
- губиток на љубов кон партнерот и мнг други.
Односно нсилното лице е психолошки нестабилно, па едниствен начин кога неговиот глас се слуша е преку насилство ... а не со разговор, дискусија, полемика ...

Според мене - најдобар начин да се помогне на тоа лице е да се биде што подалеку од него се додека не стане свесно дека му е потребна психијатриско-психолошка помош и истата не ја заврши
 
го видовте ова ?? сам себеси си зарил нож у стомак- причина-жена му го напуштила
http://www.pressonline.co.rs/sr/vesti/hronika/story/130227/DRAMA+U+PO%C5%BDAREVCU%3A+Zario+no%C5%BE+sebi+u+stomak!.html

Аман бе дете научи саглам линкови да ставаш.

Он: (Ако земеме дека машкото и врши насилство на девојката.) Не мислам дека девојките остануваат со насилните дечковци од страв да не ги натепаат повторно. Јас мислам дека остануваат ради тоа што се плашат да не не најдат подобар дечко од него, у смисла да не ја пропуштат барем оваа прилика која им ја дал Господ. Пример, имаВ другарка која беше забавна, откачена, богата, паметна, учеше. Е сега не беше нешто убава. Дечко и е (не претерувам) ептен ружен, ја тепа, ја навредува, не е паметен, има завршено средно тригодишно, нема саглам работа, не е богат. Нема една убава особина. Буквално не може ни на мал прст да и се фати. И откога се фатија на неа памет не и дојде, нонстоп плачеше, почна да пуши, цело време дома седат, не излагаат надвор, у кафиќ никој ги нема видено со години, а кога иде кај него на гости она му носи пици, грицки и цела зграда ги оговара. А девојчево нонстоп плаче. Јас не знам како планира фамилија да има со таков човек. Тој ти е зрел психијатриски случај. Децата нивни ги жалам уште неродени. Не можам да ви опишам значи како само ја навредува. Пред некој година им рекол на неговите другари дека кога она била пијана (а уште не беа фатени) ја однел позади контејнери и ја скинал. Она мртва пијана не се сеќаваше што се десило, и он не и ни спомна што се десило. Ја вреѓа дека ич не е убава, и се дере, со мори и се обраќа. И на крај и забрани да ми се поздравува. Лошо многу.
 
Јас мислам дека остануваат ради тоа што се плашат да не не најдат подобар дечко од него, у смисла да не ја пропуштат барем оваа прилика која им ја дал Господ. Пример, имаВ другарка која беше забавна, откачена, богата, паметна, учеше. Е сега не беше нешто убава. Дечко и е (не претерувам) ептен ружен, ја тепа, ја навредува, не е паметен, има завршено средно тригодишно, нема саглам работа, не е богат. Нема една убава особина. Буквално не може ни на мал прст да и се фати. И откога се фатија на неа памет не и дојде, нонстоп плачеше, почна да пуши, цело време дома седат, не излагаат надвор, у кафиќ никој ги нема видено со години, а кога иде кај него на гости она му носи пици, грицки и цела зграда ги оговара. А девојчево нонстоп плаче. Јас не знам како планира фамилија да има со таков човек. Тој ти е зрел психијатриски случај. Децата нивни ги жалам уште неродени. Не можам да ви опишам значи како само ја навредува. Пред некој година им рекол на неговите другари дека кога она била пијана (а уште не беа фатени) ја однел позади контејнери и ја скинал. Она мртва пијана не се сеќаваше што се десило, и он не и ни спомна што се десило. Ја вреѓа дека ич не е убава, и се дере, со мори и се обраќа. И на крај и забрани да ми се поздравува. Лошо многу.

Па и не е лошо. Лошо е за мене или тебе ама за неа очигледно не е лошо чим седи со него.

Порано многу ми беше жал за такви типки ама сеа око не ми трепка. Имаат можност да се тргнат, не ги држи со сила а они седат и трпат, очигледно им е убаво на некој нивен посебен начин. За нив среќата очевидно се состои од некоја друга компонента за нас необјаснива која они си ја препознаваат.

У краен случај не можеш со сила да правиш некој среќен ако тој нема малку здрав разум да процени што е добро или лошо за него.
 
Па и не е лошо. Лошо е за мене или тебе ама за неа очигледно не е лошо чим седи со него.

Порано многу ми беше жал за такви типки ама сеа око не ми трепка. Имаат можност да се тргнат, не ги држи со сила а они седат и трпат, очигледно им е убаво на некој нивен посебен начин. За нив среќата очевидно се состои од некоја друга компонента за нас необјаснива која они си ја препознаваат.

У краен случај не можеш со сила да правиш некој среќен ако тој нема малку здрав разум да процени што е добро или лошо за него.

Аа па веќе и мене баш ме боли. Она го одбра него, еден никаков, преку мене. Зашто сеа да ми е жал. Ич не се замарам, ич не ми значи дали е среќна или не е, она сама си е крива и никој друг не и е. А што викаш чим седи со него не и е лошо, абе што знам не сум психијатар али други ми кажувале кога ќе застанеле на улица со неа и кога ќе ја прашаат како и е со него одвај се воздржувала да не заплаче, очите полни со солзи, устата ја гризе, гласот и се тресе. Што убавина ќе беше тоа?
 
Аа па веќе и мене баш ме боли. Она го одбра него, еден никаков, преку мене. Зашто сеа да ми е жал. Ич не се замарам, ич не ми значи дали е среќна или не е, она сама си е крива и никој друг не и е. А што викаш чим седи со него не и е лошо, абе што знам не сум психијатар али други ми кажувале кога ќе застанеле на улица со неа и кога ќе ја прашаат како и е со него одвај се воздржувала да не заплаче, очите полни со солзи, устата ја гризе, гласот и се тресе. Што убавина ќе беше тоа?

Не значи дека убавината мора да е манифестирана со насмевка. Може кај неа солзите и синдромот на жртва и се побитни отколку среќата онака како ние би ја разбрале и прифатиле.

Инаку мешањето у врска меѓу двајца со најдобра намера да помогнеш најчесто завршува на твоја штета така да и тука е најдобро човек да не се меша.
 
Не значи дека убавината мора да е манифестирана со насмевка. Може кај неа солзите и синдромот на жртва и се побитни отколку среќата онака како ние би ја разбрале и прифатиле.

Инаку мешањето у врска меѓу двајца со најдобра намера да помогнеш најчесто завршува на твоја штета така да и тука е најдобро човек да не се меша.

Да у право си, али у некои ситуации едноставно не можеш да не се мешаш. Како и да е, не дај Боже е ситуацијава, не ја посакувам никому.
 
nikogas ne bi dozvolila da krene raka na mene ... toa stvarno ne mi e jasno kako moze nekoj da si dozvoli da bide tepan i pak da ostane pokraj nego toa samo nekoj bez pamet moze da go napravi:shok:
 
nikogas ne bi dozvolila da krene raka na mene ... toa stvarno ne mi e jasno kako moze nekoj da si dozvoli da bide tepan i pak da ostane pokraj nego toa samo nekoj bez pamet moze da go napravi:shok:

Златна џабе е веќе имаме морална деградација а насилството станува секојдневие и кажи ми што очекуваш од глупа ретардисана куроња кој е неспособен нит за врска нит па за фамилија...па затоа исфрлаат фрустрации врз женски.
 
Златна џабе е веќе имаме морална деградација а насилството станува секојдневие и кажи ми што очекуваш од глупа ретардисана куроња кој е неспособен нит за врска нит па за фамилија...па затоа исфрлаат фрустрации врз женски.[/QUOTE] toj deka si ima problemi e edno ali taa so sedi pokraj nego i go trpi e sosem dr ako taa e nesposobna da se odbrani i pokraj tolku mn institucii togas ne toj tuku taa treba da se leci ali ako e tolku jaka i moze da trpi kotek na sekoi 10 min alal da i e sekoja cest :pos2:
 
:(

Увек кога станува збор за оваа тема, секогаш се нервирам и ме потресува фактот дека некој воопшто може да КРЕНЕ рака, а камоли да истепа девојка која наводно ја сака. Многу работи кажуваме и правиме во афект, ама за да измлатиш некој што е најпрвин физички послаб од тебе е запрепастувачки, треба нешто да ти фали во психата и разумот.

Секогаш сум велела дека дури и да помисли да крене рака, ќе му кажам сиктер, не сакам да те видам во животот, но сепак не можам, ниту сакам да замислам каков стрес и страв се претрпува во тој момент. Па таков човек не заслужува да стои до мене, камоли па да ми го троши времето.Ако некој некого сака сигурно нема да го тепа и да прави работи за да другата особа биде мизерна и несреќна.

Знам дека би прекинала веднаш таква врска, бидејќи оној што еднаш удрил и му е опростено, сигурно ќе удри пак. Ама го молам Бога никогаш да не доживеам таква ситуација и да не морам да проаѓам низ таков пекол. Пошто после стравот од претходната врска, потсвесно може да ми се пренесе и во наредните врски.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom