Znam samo deka deloto e zatvoreno zaradi toa sto licata koi bile kidnapirani bile uniformirani lica ..e sega dali trebalo druga presuda,toa treba da kaze pravnik ili strucno lice ..Ти веројатно си видел маскирни панталони на некој од нив.
Работата е што можеш да отидеш одма на било кое градилиште или некоја друга локација кај што има таков тип на работници и ќе видиш барем еден кој носи маскирни/војнички пантолони, кои често се користат од вакви работници поради своите карактеристики кои се погодни за таков вид работа (тешка).
Исто така не знаеме кога ја добиле таа облека.
Местото кај што ги заробиле борците на УЧК не е баш у сред воена зона, како што велиш.
Инаку она што им се случи на нив, не го посакувам никому.
Покрај тоа што безмилосно беа тепани со кундаци и други предмети, на нив им беше бутано стапови во анален отвор и ги тераа да ги лижат. Исто така ги тераа сескуално да општат меѓу себе.
Потоа беа тепани уште некое време, па после им беа врежани иницијалите на кожа.
Хаг процени дека нашето судство е способно да процесуира случаите и ни ги врати. Господинот Груевски - нашиот премиер, и покрај сите повици и назначувања од меѓународната заедница се одлучи (заради меѓупартиски договори поврзани со гласања во комисии и слично) да ги помилува овие не/луѓе. Тоа го направи во јули пред точно пет години. ДУИ му даде неколку места во администрација, некој глас по комисии и слично, а тој од грчка плажа го диригираше амнестирањето, "да личи округло па на ќоше" - како што кажа самиот. Оваа амнестија ја осуди меѓународната заедница, која постојано ја потсетува Македонија за правните проблеми кои ќе произлезат, во идина, заради ова амнестирање на воени злосторници, за кои, според Рамковниот Договор (и меѓународното право), не важи амнестијата, што отвара можност оваа неправда да се исправи некогаш.
ДУИ инсистираше на амнестија и на овие четири случаи, поради тоа што во два од нив на тапет беа високи функционери на партијата (не во овој). Планот беше, амнестијата од 2001-ва за припадниците на УЧК, да важи и за воените злосторници, наспроти тоа што го пишува во Рамковниот и наспроти меѓународното право.
Амнестираните од овој случај, колку и да делува неверојатно, се слободни. За едниот знам дека умре од предозирање во затвор, каде што бил за дело кое не е поврзано со 2001 година. Други се вработени, како кадри на ДУИ, во државна администрација (еден во пошта, друг во архив, колку што знам), а жртвите се починати, некои, некои се ментално болни. Семејствата на жртвите парадоксално (со сите давачки, казни и задолжителни издатоци кои ги наметна Груевски, во изминатиот период) плаќаат за платите на своите џелати, воени злосторници.
На овој празник денес, меѓу другото посветен на хероите кои го дадоа животот за Македонија, добро е да се потсетиме и за ваквите примери на колосално предавство во македонската историја. Дотолку повеќе што овој месец, не делат точно пет години од ова предавство.
Za 'zlostorstvata' treba da se razgovara na golemo,od dvete strani,imase mnogu slucaevi kade bea izgubeni luge,frleni vo septicki jami i slicni,trista drugi raboti ..
Sekako deka nasilstvoto ili zlostavuvanje ne e izgovor za vakvi slucaevi,no sekad vo tenzicni momenti kako tie na vremeto,bea zub za zub,oko za oko ..