Насилства во Македонија

зашто пријателот го ставате во наводници?
Инаку ја мислам дека она, мајка и и пријателот биде во триаголна врска, настанала најверојатно некоја кавга помеѓу сите тројца и ако оваа имала психички проблеми толку и требало за да рипне. И да не е вака не можам да го поклопам делот со пицата и коментарот само два саати по наводното силување или што и да било и неколку саати после тоа како гром од ведро небо оваа да рипне.
 
100 верзи се појавија со случајов...

Официјална потврдена и точна информација за сега нема.

Накратко:

9 март 4:30 наутро – таксист ја носи девојката дома, таксистот е претепан од А.З.

9 март 7:01 наутро – Девојката на фејсбук објавува фотографија од храна и пиење со коментар – Убаво ни е.

9 март 11 претпладне – Девојката паѓа од кров на зграда, постои сомневање дека се работи за самоубиство.

......
Го видов профилот на девојката, пошто е отворен нели демек тој дечкото на мајката го користел. Всушност сликата со јадењето е поставена во 21:00 часот претходната вечер. Што менува многу работи, посебно тоа дека се било вообичаено сабајлето.
 
14.04.2016, 16:52
Деца каменувале воз

ај да видам и да ги откријат, дали ќе ги казнат нивните родители како треба.. ќе напише некој новинар дека таткото на децата е див таксист а возот му го земал лебот...
незнам зошто не фрлаат со камења на колите на автопат што се приватни или легални такси и автобуси ??
 
http://republika.mk/?p=595775

Какви улави работи се дешаваат, највонземирувачко е како успеала да се породи на граница, и да може да продолжи без проблеми да патува, зар немала ни физички ни психички последици. За психички уствари, нема што да прашува,. јасно е дека не е психички нормална личност.




Мислев да отворам нова тема, ако сметате дека не е соодветна веста тука, ќе префрлам.
 
http://republika.mk/?p=595775

Какви улави работи се дешаваат, највонземирувачко е како успеала да се породи на граница, и да може да продолжи без проблеми да патува, зар немала ни физички ни психички последици. За психички уствари, нема што да прашува,. јасно е дека не е психички нормална личност.




Мислев да отворам нова тема, ако сметате дека не е соодветна веста тука, ќе префрлам.
Малце тешко за верување ова, а и изворов не е за влевање доверба...
 
И мене ми беше чудно, но не беше на повеќе медиуми објавено, се повикуваат на пријава од МВР, што знам, бизарно е но може е вистина
 
Ме интересира што ќе кажеш за исвиркувањето на химната на Македонија од твоиве на финалето од купот помеѓу Шкендија и Работнички. Нели и ваша земја била оваа :/
Плус тоа што го демолираа пола стадион.
 
Ме интересира што ќе кажеш за исвиркувањето на химната на Македонија од твоиве на финалето од купот помеѓу Шкендија и Работнички. Нели и ваша земја била оваа :/
Плус тоа што го демолираа пола стадион.
Ја мешаш земјата со државата...
Јас мислам дека албанците ја сакаат земјава, и ја почитуваат, затоа градат и инвестираат тука, донесуваат пари од странство итн...
А за да ја сакаме и почитувам државата и нејзините симболи треба време и трпение, до вчера немаше македонско знаме кај општината во Липково, сега се вее слободно и никој не ја чепка, во Чаир истотака...
Се додека рамковниот договор се гледа од државата (читај од вас) како наметнат крајно лош договор за македонците немој да очекуваш од албанците да веат македонско знаме у свадби...
Да, македонците губат повеќе отколку државата, а дека не и мислете добро на државава тоа е нешто очигледно, 10 год ја држивте на власт најкоруптивната влада во историјата на државава само затоа што е националистичка, тоа дека работи 27/7 за поделба се правите слепи и не гледате...

А за насилството на навивачите нема што да се коментира, за штетата треба да плаќа клубот или не знам кој пошто не знам како оди тоа...
И секако дека не одобрувам свиркување на химната, мислам дека тоа е недоличен чин и треба еднаш засекогаш да се избрише од балканскиот менталитет.
 
http://www.ohridnet.com/vesti/ohrid...nie-protiv-srpskiot-turist-koj-go-ubi-dimitar

Иако во текот на истрагата се собрани и приложени докази кои укажуваат на тоа дека Димитар е убиен на свиреп и подмолен начин, Јавниот Обвинител во Охрид поднесе обвинителен акт за Обично убиство, со минимална затворска казна од 5 години.

Покрај огромната загуба мора да се бориме и со судството на Македонија кое е до срж корумпирано. Секојдневно слушаме за корумпираноста и за договорени пресуди, но за жал кога некој ќе влезе во судските лавиринти, станува свесен дека тоа е навистина реалноста во оваа држава.

Неизмерно сме благодарни што имаме и добиваме огромна подршка од роднините, пријателите, граѓаните на Охрид и цела Македонија кои не подржуваат секојдневно и што не бодрат да се бориме до крај за правдата за Димитар.

--------------------------------------------------------------------------------

Овај обвинителов да му се посерат в уста и да го задават.

---------------------------------------------------------------------------------

Нема понатамошно кривично гонење за Mihajlo Pantovic и Đorđe Pantelic како помагачи !

Иако од самиот почеток беа посочени од МВР дека му помогнаа на убиецот да се сокрие во нивната соба, да се пресоблече,да ја сокрие облеката и патиките, да се измие, додека пристигне полиција по 3 часа. И сите тројца беа готови да побегнат од државата....
Ве Молам кажете каде да ја бараме правдата за Димитар?



http://www.ohridnet.com/vesti/ohrid...nie-protiv-srpskiot-turist-koj-go-ubi-dimitar
 
ИНЦИДЕНТ ВО ОПШТИНСКАТА ЗГРАДА

Куршум оставен за Меџити, градоначалникот на Чаир

Чаирскиот градоначалник и потпретседател на ДУИ, Изет Меџити пред два дена избегнал блиска средба со група од 20-ина лица кои упаднале во неговата канцеларија во општинската зграда на Чаир, објави весникот „Дневник".




Овие се некои кои немаат врска. Не се остава куршум у канцеларија, туку мало столче со пешкир преклопен врз него и тоа се остава пред капија кај што живее.
Еве нека кажат дали е така (тие што знаат).
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom