Нашиот Никола првенец на генерација!

  • Креатор на темата Креатор на темата THE_CHOSEN_ONE
  • Време на започнување Време на започнување
Треба некој да научи основно правило дека владеењето не зависи најмногу од спосбноста за учење/помнење, како што успехот во приватни бизниси не зависи од чколиото до тој домен. Милијардери без чколио ги имате.

Да убаво е да се поклопат некои работи, но НЕ МОРА да се поклопат за нештото да се одвива :)
Да не се лажеме, кај нас најмногу зависи од вујче. Тоа е тоа.

Инаку пwемиеwот наш прво и основно нема речник, спази му го речникот и се е јасно. Се гледа дека ни Зоки поки не ја прочитал на времето.
 
Последно уредено:
Сега гледајте кога ќе се појави на шител и со контра изјава која би изгледала вака.
Нелегално копираниот текст содржи зборови кои се вистинити, дел се делумно вистинити, а дел се невистинити.
И одма после тоа иде оној вицот од најсмешните: Заев добил единица по музичко зошто слушалките место во уши ги ставил во очи.
И сите се мочаат од смеење....
 
Познавам човек што учел со него во ист клас, е сега незнам какво му било однесувањето во школо, ама знам дека бил ептен слаб ученик, сите оцени му биле 2 и 3.

Ама таквите луѓе успеваат во државава, нажалост.... :toe:
 
Познавам човек што учел со него во ист клас, е сега незнам какво му било однесувањето во школо, ама знам дека бил ептен слаб ученик, сите оцени му биле 2 и 3.

Ама таквите луѓе успеваат во државава, нажалост.... :toe:
Ова е многу точно. Тетка ми лично, која што четири години во ист клас учеше со Груевски ми го има кажано. Многу слаб ученик, препишувач и врскаџија.

А за неговото високо образование ќе кажам само дека јавна тајна е дека на економскиот во Прилип диплома се купува со евра. Кој студирал таму знае, прашај кој било од тој факултет ќе ти потврди.

Сега да дијагностицираме малку посуштински и подлабоко како еден потпросечен ученик и тежок медиокритет дојде да ја води нашата држава.

Има една појава во нашето опшество што се нарекува негативна селекција.Што е негативна селекција? Негативна селекција е кога намерно на чело се избира послабиот, за да не оди напред подобриот, затоа што тогаш сите ќе мора да одат напред. За да не мора да се оди напред, за да се тоне и да се држи колективитетот во жива кал се избира помалку способниот. Негативната селекција се применува секаде, од градинките, преку школите и универзитетите до министрите и претседателите.
 
Вие шо бевте првенци на генерација, успеавте во животот?
 
Prvo zoshto kur zena mu ne go pishala postot tuku on ?
Vtoro za ekonomija site mu davaat ruka...vkluchitelno i komunjari i ljupchovci ( na telma recimo emisijana )
Treto...i Tito bil drear pa drkate ushte na nego!
Pozdrav.
 
Ваков народ и не заслужува да го води некој одличен ученки
доволен - добар максимум
А вие шо го плукате премијеро да си знајте дека и Цеца многумина ја плукаат па ете таа си е успешна жена и богата а тие шо ја плукаат јадат салама и растителен кашкавал за ручек
 
Вие шо бевте првенци на генерација, успеавте во животот?
Златна средина е најдоброто нешто што може да му се случи на еден човек. Средностатистички Македонец. Средностатистички човек.

Дај Боже да сме сите средностатистички. Попаметни од пола нација, поглупави од пола нација. Поубаво здравје.
 
Не веруем во премисата, дека одличниот ученик дава добар материјал за водач, а доволниот дава лош.
Бранко одличен ученик чинам беше...
(за да не му текне на некој да каже - кој си ја има мувата..., ќе додадам дека и јас бев одличен ученик)

Е сега, фрустрациите и комплексите се друга работа.
 
Ами првоборциве Тихи и Прле :)
http://mk.wikipedia.org/wiki/Општина_Дебарца#.D0.9B.D0.B8.D1.87.D0.BD.D0.BE.D1.81.D1.82.D0.B8


T8fQtfE.png
 
За човек да биде успешен не значи дека мора да биде образуван. И не зборам конкретно за погоре напишаното на сликата, туку општо........, се мрчи по луѓето со помалку образование, а тие луѓе се упешни, додека тој што мрчи ќе заврши факултет и ќе работи на каса или воопшто нема да работи, ќе седи дома.

Затоа до негде и не е важно колку си образуван, туку поважно е она...... Снајди се, па живеј.

:)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom