Наши репрезентативци во странство

  • Креатор на темата Креатор на темата Billa Bong
  • Време на започнување Време на започнување
:: “Банкарите“ сами на врвот во Италија

Екипата на Монтепаски, за која настапува нашиот репрезентативец Владо Илиевски, славеше на гостувањето на Упим во Болоња со 70:58 во меч од 4. коло на Првата италијанска кошаркарска лига.

Илиевски, заедно со Ромен Сато, постигнаа по 12 поени и беа водечки стрелци кај Монтепаски. Илиевски одигра 20 минути, а оствари и 3 украдени топки и 1 скок.

Стефанов го предводеше Мерсин до триумфот

Екипата на Мерсин, за која настапува нашиот интернационалец Врбица Стефанов, имаше успешен старт во турскиот кошаркарски шампионат. Имено, во меч од 1. коло Мерсин ја совлада Алпела со 70:61. Нашиот ас за 33 минути игра постигна 13 поени (втор стрелец во редовите на Мерсин), а оствари и 3 скока и 1 асистенција.
http://www.basketball.org.mk/
 
Антиќ како разбивач

Две одлични партии се зад Перо Антиќ на стартот на новото првество во Бугарија.

Откако со убедливи 96:61 го добија дербито со ЦСКА, во второто коло "студентите" предводени од одличното крило лесно го совладаа и Спартак од Плевен овој пат со 86:73.

Против "црвеноармејците" имаше ефект од 28 поени (3/5 за три, 8/12 за два и 3/4 за еден поен), плус 12 скока и 7 асистенции за 37 минути од играта.

Против Спартак беше уште подобар. Заврши со 35 поени (1/4 за три, 8/12 за два и неверојатни 16/16 за еден поен), како и девет скока и една асистенција.

Вториот наш репрезентативец Ристе Стефанов против ЦСКА даде 8 поени, плус 5 скока и 2 асистенци.

Интересно против Спартак, Стефанов имаше 12 скока, со кои беше најдобар скокач во екипата. На тоа придодаде и 9 поени (3/5 за три), 3 освоени топки и 2 асистенции.

Стак го чува Киев, Чековски солидно

Рајан Стак е играчот број 1 во овој момент во екипата на Киев.

Украинскиот тим кој важи за прв фаворит за титулата стигна до тешка победа на гостувањето во Одеса. Славеше со минимални 73:72 откако Рајан Стак постигна рекордни за него во новата сезона 23 поени.

Американецот со мак-пасош до таа бројка стигна со висока реализација (9/12 за два 1/4 за три и 2/2 за еден поен), а придодаде и пет скока и една асистенција.

Важна победа, исто така на гостински терен, забележа и тимот на Черкаски Мавли, кој го победи Кривбаксет (90:83).

Ѓорѓи Чековски одигра 25 минути и притоа реализираше 6 поени (0/2 за три, 3/5 за два и 0/1 за еден поен), како и четири скока и една асистенција.

www.sport.com.mk
 
Висок пораз на Черкаски мавпи

Екипата на Черкаски мавши, за која настапува Ѓорѓи Чековски загуби на гости на Политехника Гаљочина со 59:89 во првиот четвртфинален дуел од Купот на Украина.
Чековски за 22 минути игра имаше скор од 3 поени и 4 скокови.

Киев на Рајан Стак славеше на гости на Будивељник со 106:63. Стак за 19 минути имаше 7 поени и 3 скокови.
http://www.basketball.org.mk/
 
Antic_gol_6.jpg
Перо Антиќ (Лукоил Академик)

25.10.2007 :: Антиќ најефикасен во Сливен

Перо Антиќ продолжува со одличните игри во дресот на Лукоил Академик. Македонскиот интернационалец беше прв стрелец во редовите на бугарскиот шампион, кој славеше на гости на Сливен со 104:63 во средба од 5. коло во Првата лига на Бугарија.
Антиќ за 34 минути игра имаше ефект од 31 поен, 8 скокови, 3 асистенции и 1 украдена топка.
Ристе Стефанов не беше во составот на Лукоил Академик поради повреда.

Лукоил Академик е на 1. место на табелата со максимални 10 бодови.

www.basketbаll.org.mk
 
Pan4e Ke4ev igre vo amerika igrase za reprezentacijata za mladincite . Mos go znae nekoj igrase prvo za nemetali posle za polotrejd playmeker igrase.

јас го знам.. Панче Кечев играа за Virginia Wise Highland Cavaliers - vo NCAA College лигата во Америка.
 
Врбица Стефанов веќе не е на тоа ниво што беше од пред 5-6 години.
 
Задар триумфално мина низ Љубљана
Задар на Тодор Гечевски ја совлада Унион Олимпија на гости со 75:66 во меч од 16. коло во НЛБ лигата. За Задраните ова беше 10. победа по ред во ова натпреварување.
Гечевски за 30 минути игра оствари ефект од 8 поени, 4 блокади, 3 украдени топки и 1 скок.

ФМП Железник на Предраг Самарџиски очекувано загуби на гости на Партизан Игокеа со 68:90.
Самарџиски за 13 минути постигна 4 поени, а имаше и по 2 скока и украдени топки и 1 блокада.

Задар е втор со 29 бодови, 2 помалку од лидерот Партизан Игокеа, додека ФМП со 24 бодови се наоѓа на 8. место.

Во следното коло Задар е домаќин на Широки, а ФМП го пречекува Загреб.

Минимален пораз на Мерсин

Екипата на Мерсин, во чии редов настапува капитенот на македонската репрезентација, Врбица Стефанов, загуби на гости на Анталија со 71:72 во меч од 15. коло на Првата лига на Турција.
Стефанов беше прво име во редовите на Мерсин. Тој за 35 минути игра постигна 17 поени, а оствари и 1 асистенција.

Мерсин има 21 бод и го дели 10. место со Алпела. На табелата водат Галатасарај и Бешикташ со 27 бодови.


Победи за Бенетон и Монтепаски

Монтепаски, во чии редови настапува Владо Илиевски, славеше со 82:58 против Снајдеро во средба од 18. коло на Првата лига на Италија.
Илиевски за 25 минути игра постигна 11 поени, а имаше и по 2 скокови и асистенции.

Бенетон, воден од Октај Махмути, славеше на гости на Солсоника Рјети со 93:71.
Најефикасен во редовите на тимот од Тревизо беше Лајонел Чалмерс со 20 поени.

Монтепаски води со максимални 36 бодови, додека Бенетон има 25 и го дели 14. место со Снајдеро.

Черкаски Мавпи го изненадија Банвит

Екипата на Черкаски Мавпи, за која игра Ѓорѓи Чековски, го победи како гостин турскиот Банвит со 90:88 во натпревар од 3. коло во “Б“ Групата на ФИБА Еврокупот.
Чековски за 27 минути на теренот постигна 5 поени, а оствари и 5 скокови и 2 украдени топки.

Пораз за Лариса
Олимпија Лариса на Мирза Куртовиќ загуби дома од Спартак Санкт Петерсбург со 58:63 во меч од “Ц“ Групата.
За 21 минути игра Куртовиќ постигна 7 поени, а имаше и по 2 скокови и асистенции.

www.basketball.org.mk
 
Черкаски Мавпи го изненадија Банвит

Екипата на Черкаски Мавпи, за која игра Ѓорѓи Чековски, го победи како гостин турскиот Банвит со 90:88 во натпревар од 3. коло во “Б“ Групата на ФИБА Еврокупот.
Чековски за 27 минути на теренот постигна 5 поени, а оствари и 5 скокови и 2 украдени топки.
Олимпија Лариса на Мирза Куртовиќ загуби дома од Спартак Санкт Петерсбург со 58:63 во меч од “Ц“ Групата.
За 21 минути игра Куртовиќ постигна 7 поени, а имаше и по 2 скокови и асистенции.
So Arsic?
 
Владе Илиевски добро игра во Монтепаски :smir:
 
ma dvajcata braka Antic vo bugarija.Pero Antic im e ubedlivo najjak kosarkar tamo a postariot Aleksandar kaj i da e ke proba da go stigne.....top se dvajcata
 
“Студентите“ лесно со Черно Море

Екипата на Лукоил Академик, за која играат македонските репрезентативци Перо Антиќ и Ристе Стефанов славеше на гости на Черно Море со 91:75 во меч од 17. коло од Првата лига на Бугарија.
Антиќ повторно беше прв стрелец на средбата. Тој за 33 минути игра постигна 19 поени, “зачинети“ со 17 скокови, 4 украдени топки и 3 асистенции.
Стефанов беше втор стрелец кај “студентите“ со 15 поени за 33 минути на теренот, а имаше и 7 скокови, 4 украдени топки и 3 асистенции.

http://www.basketball.org.mk/

Перо игрa одлично но зa брaт му незнaм во кој клуб игрa брaт му нa Перо ?
 
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]КОШАРКА - ИНТЕРНАЦИОНАЛЦИ[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Гечевски гази, Самарџиски во криза[/FONT]

[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif] Задар продолжи да гази во Јадранската лига откако во 18. коло ја забележа 15-та победа, овој на гости против Сплит од 88:88. Нашиот најдобар репрезентативен центар Тодор Гечевски постигна 14 поени, пет скока и три украдени топки за 36 минути во дресот на Задар кој по ова коло е втор зад лидерот Партизан.
ФМП Железник потврди дека се наоѓа во криза со новиот пораз од Војводина од 78:88. Нашиот Предраг Самарџиски одигра 20 минути за ФМП и притоа реализираше шест поени и четири скока. ФМП е деветти со скор 8-10.
Во турското првенство Мерсин на Врбица Стефанов забележа победа над Колејилер од 84:76. Капитенот на македонската репрезентација постигна девет поени за Мерсин кој по 17. кола е десетти (8-9).
Македонскиот селектор Јовица Арсиќ го забележа и вториот пораз во украинското првенство откако е на чело на Черкаски Мавпи, овој пат пред своите гледачи од Химик со 70:74. Ѓорѓи Чековски играше 26 минути за Мавпи и оствари седум поени и шест скокови.
Киев на Рајан Стак го совлада Сумхипром со 87:66, а тој имаше ефект од девет поени за 17 минути на паркетот.
Химки ја презеде лидерската палка во руското првенство од ЦСКА со последниот триумф над Спартак Приморје од 106:92. Натурализираниот Македонец Мајкл Вилкинсон беше стрелец на 19 поени и три асистенции за 18 минути во дресот на Химки кој има 13 победи и само еден пораз.
Во грчкиот шампионат Олимпија Лариса загуби од Паниониос со 62:75. Мирза Куртовиќ постигна 12 поени за 19 минути игра за Олимпија.

www.vest.com.mk
[/FONT]
 
Победи за Махмути и Илиевски

Октај Махмути и неговиот Бенетон забележаа уште една убедлива победа. "Обединетите бои" на домашен терен со 107:79 славеа на дуелот со петтопласираниот тим на Д'Орландо.

До триумф дојде и Монтепаски Сиена, кој со минимални 75:72 го порази тимот на Упиум Болоња.

Нашиот репрезентативен бек Владо Илиевски имаше скромен ефект. За 17 минути минати во игра искусниот бек постигна само два поени, и тоа од поле (0/2 за три, 1/2 за два, 0/2 за еден поен), фати еден скок и подели исто толку асистенции.
БОТ Туров го мина Плониа

Екипата на БОТ Туров, предводена од нашите стручњаци Сашо Филиповски и Боби Митев, имаше успешен викенд во "Доминент полската лига".

Имено, тимот од Згожелец на гостувањето кај Полониа славеше со 82:74 и по 14. коло остана на третата позиција од табелата.
"Тројка" за Костоски

По подолго време Александар Костоски повторно се најде во составот на првиот тим на Гравелин, кој со убедливи 92:82 го порази тимот на Ле Авр.

Трите минути минати на паркетот не го спречија капитенот на нашата младинска селекција да се запише во листата на стрелци. Костоски постигна три поени од единствениот обид од линијата три поени (1/1 за три поени) и подели две асистенции.
Караџовски и Здравевски одлични, пораз за Стјарнан

Иако нашите интернационалци Димитар Караџовски и Јован Здравески беа најефикасни кај тимот на Стјарнан, сепак, не успеаја да го спречат убедливот пораз од 103:91 на домашен терен од Гриндавик.

За времето минато во игра Караџовски и Задравевски заедно постигнаа 44 поени.

www.sport.com.mk
 
eve edena interesna rabota dali znaete deka dokolku se povikaat nasi iselenici od kanada da igraat hokej za mkd nie bi imale reprezentacija za pocit bi ja tepale germanija i italija i takvi ekipi od vtor esalon megu toa bi bile vo 10 najdobri zasto osven edi jovanovski koj igra za kanada ima uste nekolku mladi talenti koi sga igraat vo NHL a se so makedonsko poteklo
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom