Наши репрезентативци во странство

  • Креатор на темата Креатор на темата Billa Bong
  • Време на започнување Време на започнување
Антиќ повторно МВП!!!

По којзнае којпат Перо Антиќ е прогласен за МВП на колото во бугарската лига. Нема крај на одличните игри на нашиот репрезентативец во редовите на Лукоил Академик.

Новиот дабл-дабл на Антиќ беше доволен за бугарскиот шампион да го добие "дербито" со ЦСКА, кој беше декласиран со 110:52.

Искусниот крилен-центар постигна 25 поени (4/4 за три, 6/7 за два, 1/3 за еден поен) и фати десет скока. За 36 минути во игра додаде уште седум асистенции, една украдена топка и два блокади.

И Ристе Стефанов беше расположен за игра, одигра 21 минута за кои запиша 11 поени (3/5 за три, 0/2 за два, 2/2 за еден поен), фати два скока, подели исто толку асистенции и украде две топки.

Бешикташ пресилен за Мерсин

По победата минатата недела, кратко траеше радоста во таборот на Мерсин. Тимот на Врбица Стефанов на домашен терен со 84:77 беше совладан од второпласираниот Бешикташ Кола Турка.

Капитенот на нашата репрезентација на овој меч постигна само пет поени (0/4 за три, 2/4 за два, 1/2 за еден поен), четири скока и една асистенција.
Павловски одличен, Крашки Зидар поразен

Кирил Павловски с$ уште ќе го чека првиот триумф со Крашки Зидар, кој и овој викенд беше поразен, но овој пат од Лука Копер со убедливи 82:70.

Нашиот интернационалец пружи солидна партија. За 30 минути во игра Павловски постигна 15 поени (6/9 за два, 3/6 за еден поен), фати седум скока и удри една блокада.



Деби победа за Александар Антиќ

Александар Антиќ го доби дебито што секој играч би го посакал. Неговиот нов тим Балкан на гостувањето кај Рилски Спортист се извлече со минимални 83:82, а нашиот интернационалец беше трет стрелец.

За 29 минути минати на паркетот Антиќ постигна 11 поени (1/6 за три, 2/3 за два, 4/4 за еден поен), еден скок и две украдени топки.
Деби на Аврамовски, Динамо ја "фати" победата

Синиша Аврамовски конечно го направи дебито во дресор на отопени. И беше успешен бидејќи неговата екипа стигна до убедлив триѕумф (118:88) против Арџеш Питешти.

Нашиот центар настапи 23. минути во кои направи дабл-дабл, реализираше 11. поени (5/7 за два и 1/2 за еден поен), но и 13. скока пред да го направи 5. прекршок.

Екипата на Динамо од Букурешт за која во оваа сезона игра Енес Хаџибулиќ, конечно "фати" победа во домашниот шампионат.

Во натпревар со мал број на поени, "полицајците" од Букурешт ја совладаа екипата на Рамнику од Влчеа со (62:52).

Хаџибулиќ одигра скоро 30. минути и притоа реализираше 12. поени (1/5 за три, 3/9 за два и 3/6 за еден поен), плус и два скока и една асистенција.
 
Napisav i vo drugata tema no mislam deka ovde e mestoto,Vrba potpisa za Menorka,aj so sreka VRBA:smir:
 
Napisav i vo drugata tema no mislam deka ovde e mestoto,Vrba potpisa za Menorka,aj so sreka VRBA:smir:

Абе за 100 000 евра кој не би потпишал да го е..... поарно што си замина од турција мислам дека ова му е прав потег и ќе игра во најдобрата Европска лига ај со среќа нека му е и нека ги растура таму да му покаже кои и што се МАКЕДОНЦИТЕ..
 
Абе за 100 000 евра кој не би потпишал да го е..... поарно што си замина од турција мислам дека ова му е прав потег и ќе игра во најдобрата Европска лига ај со среќа нека му е и нека ги растура таму да му покаже кои и што се МАКЕДОНЦИТЕ..
Ke vidime kako ke se pokaze..No spored mene Vrba veke e isvirena pesna...:toe:
 
Многу,многу ме радуваат вестите за нашите репрезентавици што клубови ќе одвојуваат милиони за нив...Перо најверојатно во Ростов за 1 500 000 за 2 години...Какви ли цифри се само тоа,а Тошо најверојатно во Задар првата година за 250 000,а втората за 300 000....:vozbud::vozbud::vozbud::vozbud:
 
Илиевски и помогна на Олимпија

Само неколку дена по големиот успех за македонската кошарка, пласманот на Европското првенство (ЕП) в година во Полска, кошаркарскиот репрезентативец Владо Илиевски дојде и до првиот трофеј во дресот на својот нов клуб Унион Олимпија. Тимот од Љубљана, со кој Македонецот со словенечки пасош летово потпиша двегодишен договор, победи во словенечкиот Суперкуп откако во улога на актуелен шампион го совлада бранителот на купот, Хелиос со 67-56.

Најзаслужен за триумфот на У. Олимпија беше токму Илиевски, кој со 14 поени беше најефикасен на теренот. Македонскиот репрезентативец за својот одличен настап по мечот со Хелиос беше прогласен за најдобар поединец на словенечкиот Суперкуп.

- Пехар си е пехар, мораме да бидеме задоволни од победата. Прикажаната игра, сепак, не беше на задоволувачко ниво. Тоа е и разбирливо, бидејќи пред само неколку дена се комплетиравме. Претстојниот турнир во Љубљана, на кој ќе настапат уште Фенербахче, Макаби Тел Авив и Панатинаикос ќе биде идеална шанса за целосно уигрување - изјави за словенечките медиуми Илиевски, по мечот во Постојна.

Според словенечките медиуми, Илиевски уште на првиот меч во дресот на својот нов клуб се наметнал како вистински лидер на новиот, можеби најквалитетен состав на љубљанчани во последните десетина години.

- Подготвен сум да ја преземам водечката улога во екипата. Во моментов сум во мало заостанување поради обврските кон репрезентацијата на Македонија, но сигурен сум дека многу брзо ќе ги достигнам останатите. Очекувам една исклучително добра сезона за Олимпија - дополнува македонскиот Словенец.


Браво ВЛАДЕ:vozbud::vozbud::vozbud::vozbud:
 
Браво за Владо!!!!!
Само не знам шо е финтата во нивните тимови играат како луди а кога ќе дојдат да играат за Македонија.....:jaj::jaj:(зборам за сите спортови)
 
Еве го бе Мејси, со Калдерон, дочекан во Мадрид по квалификувањето на ЕП.

Satellite
 
Локомотив Ростов на АНтиќ во осмина финале на куп на русија имаше тежок инцидент.

И притоа боксерот што го нокаутираше играчот и нокаутираноит се казнети само со две уткамици, језда парично се удрени прилично јако, ама две утакмици за ваков бокс...кај нас Миленковиќ го казнија 4 утакмици на играње за бокс во гради, а овој циганов 2 утакмици за класичен нокаут
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom