Нарачка на храна преку Интернет (Скопје)

  • Креатор на темата Креатор на темата А.L.HC
  • Време на започнување Време на започнување
Гласав, иначе не би дал повеќе од 20+30 ден за достава. Зашо мислам дека сегде во светот или не се плаќа или ептен минимално се плаќа.
 
или е вметнато во цената, како што направи Гирадико кога ја зголеми цената на гирото од 110 на 140 (мислам дека е сега непроверена информација) одкога ја внесе доставата до дома :)
 
Пополнето. Се согласувам со д-рЧејс, до кај 20-30ден е добро за испорака, ако е повеќе уште кога ќе се види цената на достава нема да имаш многу нарачки. Вметни +10 или 20 денари во цената на храната и не наплаќај за достава.
 
Пополнет прашалникот.

Одлична идеја, и се надевам дека ќе се реализира, за разлика од некои кои останале само на лист.
 
гласано! во врска со доставата...па колку по евтина толку повеќе ќе има заинтересирани јас мислам и ќе биде ваљда исплатливо за доставувачот.
 
Јас мислам дека не треба да се плаќа за достава :)
 
верувам дека тоа ќе биде најдискутирана и најтешка тема за договарање :)

Во мојот бизнис план кој го има разработено, нема да треба да се доплаќа за достава. :)
 
Пополнето.

Што се однесува на цената на доставата, тоа треба дополнително да се истражи. Со проста анализа на односот цена на достава - побарувачка при ceteris paribus, можеш да заклучиш до колку пари се луѓето спремни да дадат. Пример, анкетата би била ако е цената до 10 денари би нарачал, ако е до 20 би нарачал, ако е до 30 би нарачал, итн...
Зашто еве, јас(колку што се сеќавам на прашањата, пред некој ден ја пополнив) пишав дека би било 0 денари да е доставата, но би платил и 10-20 денари, па и 30 во зависност од тоа колкава количина нарачувам, дали е само за мене или друштво. Има многу варијабли.
Ако бројот на нарачките за достава значително се намали доколку се стави цена од 10 денари, 20 или 30, тогаш треба да се намали на 0 денари. Се разбира, и треба да се разгледаат и трошоците на доставувачот...

Али ако ти е ова само за на факс, никое фајде нема да видиме, Брокер доколку го реализира бизнис планот, може да го земе и ова погоре во предвид.
 
Не е за на факс, немаше толку да го промовирам да беше само за таму :) , проект е кој е малце пообемен од само достава на храна, но мора од негде да се почне нели ? Проектот ќе биде реализиран, а целта на анкетава е да се види дали има воопшто заинтересираност за достава на храна меѓу луѓето, а што се однесува до цената за достава (ако не е бесплатна) ќе зависи од многу други варијабили како количината, времето, локацијата па дури и лојалноста понатака и е нешто за кое ќе се разработи систем кој ке биде од корист најмногу на потрошувачот. Интересно е можеби да се направи pool од можни ситуации за нарачка па да избере аудотирумот :)

@mettalhammer резултатите од анализата ќе бидат објавени најверојатно при крајот на летово
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom