Пророкот
Ќе ме биде...
Пророк ако Господ кажал изрично јасно и недвосмислено да не правиме/сликаме ништо што е на небото,земјата или под неа и да не им се молиме и да не им служиме тогаш чуму икони и такви работи..И кој е тој обичниот смртник(макар бил и патријарх)да ми преведува- Абе знаеш ОН уствари сакаше да каже тоа и тоа..
И зошто книгата на Енох(Хенок) е прогласена за ,,апокрифна" кога таму има објаснување кое е клуч за разбирање и поврзување на нештата особено сега во времето во кое живееме..
Читај ја втората Божја од почеток до крај, не „на парче„, оти само во нејзиниот контекст можеш да ја разбереш.
Значи, сликањето на нештата кои се „горе„ или „долу„ и нивното претворање во бог односно идол, на кого/кои некој треба да им се поклонува, туку е главната причина за забраната на сликарски приказ на нешата кои се на Небесата и/или на Земјава. Така, сам Бог не дозволува постоење на измислени богови-идоли, оти само Он Е единствениот жив и постоечки Господ Бог.
Светото Писмо е пишувано низ векови, во различни услови и од различни автори, така да за негово правилно разбирање, потребно е и негово правилно толкување во авторитети, кои се на исто ниво‘ од светост како и самите пишувачи на Книгите од Писмото.
Наведената книга не е влезена во канонот на Стариот Завет, затоа што неговите канонизатори (старозаветните еврејски теолози и преведувачи) така одлучиле, а Црквата во зема Стариот Завет како „готов производ„, без никакви подоцнежни интервенции во него.