Наметната религија?

  • Креатор на темата Креатор на темата Димитар
  • Време на започнување Време на започнување
Navistina sakam da veruvam ama ne mozam da veruvam deka Bog navistina postoi ne mozam toa da si go objasnam i ako postoi zosto ne sozdal nas koga nie ne sme barale od nego takvo nesto i koj go sozdal nego :toe: I jas ako se rodev vo muslimansko semejstvo ke bev musliman da se rodev vo budisticko ke bev budist i ke bev ubeden deka toa e pravata religija:toe: Sekoj si vika taka za svojata religija! Dali to znaci deka lugeto ja izmislile religijata koga religijata e edna i povikuva na veruvanje vo eden Bog?:toe::toe:

Епа ако видиш дека религијата ЕВОЛУИРАЛА од Лоши и добри духови,па потоа до самовили,па паганство(повеќе богови) па се до сегашниве од џошуа и мухамед..кои тврдат дека има само еден БОГ.

Значи си биле лоши духови кога врнело,кога грмело,а добрите обратно.

Потоа за да ја палат војската и она имала нејзин бог(марс) па и винарите имале бог..абе уште хомиславите немаат(пак дискриминација..ццц)..

И во тогашните услови за да се одржи контрола врз рајата ја држеле затуцана со религиски лаги и невистини(кои во тој период на рајата им биле логични)...така би инквизицијата па прогонот на богомилите а еве ги денес Арапските држави ти се пример за модификација на инквицијата која ја вршеше ватикан на чело со папата(адвокатот на ѓаоло)...
 
Добро кажано, секоја религија е наметната од страна на семејството во кое си роден и нормално за тебе таа е вистинската. Но ако прочепкаш по другите религии ќе видиш дека сите се исти-веруваат во еден единствен Бог, само месијата е друг. Незнам зошто се палат луѓево на религија, ако се вистински верници тогаш сите ќе се почитуваат.
 
Чорбаџија напиша:
Пијана работа е кога на некој му се мати пред очи и не чита или пак чита, но не разбира дека темата овде е "Библиски пророштва", па коментира работи што немаат допирни точки со темата. Ете тоа е пијана работа :)

Најбазична дефиниција на Библијата е: “Збирка на текстови од различни автори“. Мислам дека околу ова треба сите да се сложиме. Староста на текстовите варира, но сигурно е дека се мери со илјадници години. Исто толку илјадници години Библијата е отворена за најразлични толкувања.
Па и јас сум човек, и јас сакам да толкувам малку. Еве:
Библијата (Свето писмо) е литературно дело од жанрот “фантастика“. Од сличен жанр е и “Илијада и Одисеја“. Има делови кои што можат и историски да се потврдат, но има делови каде што светотото писмо и не е баш толку “свето“, а има и делови каде што се јавуваат контрадикторности што е и разбирливо со оглед на писменоста на авторите и периодот на пишување. Моето мислење е дека не смееме да си дозволиме да ја земеме здраво за готово. И крајно време е да се почне со испишување на “Најнов Завет“, при што сите ќе бидеме консултирани.
 
Која била целта на тие автори кои ја пишувале, комплетирале во толкав временски период? Манипулација со народот тогашен сигурно не затоа што според тебе (па и според историјата што ја опфаќа) била пишувана многу долг временски период. Како дошла идеја кај оној кој почнал да пишува прв дека се настанало само од Божјата воља истото да настане? И дали оригиналниот текст содржи референци како што е сегашната Библија (не знам како да ги наречам поинаку осим референци) т.е. за еден збор на страна 15 постои референца дека се споменува/објаснува на страна пример 1000-та, поглавие...
Кој ја оформил конструкцијата на Библијата каква што сега ја знаеме?
 
Smexy_Bit напиша:
Во теорија сите религии проповедаат мирољубие,разбирање и сослушување на соговорникот дури и ако тој има спротивно мислење.
И тоа е ОК...
НО!
Во секоја сорта има чудаци кои тие зборови ќе ги извртат за свои цели и
ќе ги проповедаат лажно.
Ај да одиме полека, чекор по чекор.
Што е целта на една религија?
 
Ај да одиме полека, чекор по чекор.
Што е целта на една религија?

Ајде да тргнеме од христијанството.
Како основни постулати на христијанството да ги земеме 10те божји заповеди и се приметува дека поголемиот дел од нив се против неморалот.
Е сега постојат и заповедите кои ти велат дека не смееш да имаш други Богови.
Според 10те заповеди може да се заклучи дека христијанството се обидува да одржи некој свој ред на земјата со помош на ширење страв и конфузија.
 
ОК тоа, ама генерално, која е заедничката цел на сите религии?
 
ОК тоа, ама генерално, која е заедничката цел на сите религии?
Заедничката цел на сите религии е тоа ако евентуално неможеш да разликуваш добро од лошо,да земеш некоја света книга да прочиташ и да видиш како треба да се живее без да им се наштети на тие околу тебе.
Секоја религија кажува за љубов,етика,толеранција...и ние треба тоа да го земеме и по тоа да се водиме.Мене не ме интересира дали Исус бил оженет или дали воскреснал,или колку жени имал Мухамед,мене ми е потребно тоа што го имаат тие проповедано,нивното учење.Ние повеќе се замараме за приватниот живот на професорот наместо да ги учиме неговите лекции.
 
Верување во Богот тој кој те створил.

НЕ!
Заедничката цел на сите религии што постојат на светов е тоа да секоја религија собере што повеќе верници. Така? :)
Притоа тука доаѓа до конфликт на интереси, што главно предизвикува војни помеѓу религиите.
Следно прашање:
Како да се спречи тоа?
 
Според мене целта на религиите е тоа што погоре го пишав.А тие што веруваат слепо и што мислат дека само нивната религија е правилна - тие предизвикуваат војни помеѓу религиите.
Толку многу народ изгинал за време на крстоносните војни.Зошто?За глупости,затоа што луѓето ја гледале религијата од материјален агол.Ако паднат Ерусалим и Мека тоа незначи дека ќе дојде крајот на христијанството и исламот.Вербата е во нас,а не во некој објект,дрвена реликвија и сл.
 
ОК тоа, ама генерално, која е заедничката цел на сите религии?

Заедничка цел на сите религии е држење во покорност на рајата,замена на духовноста која се развивала со милениуми со искривени тумачења шо рекол некој пророк или месија,насочување на конструктивната енергија на луѓето кон некои ентитети кои секоја религија наводно ги толкува правилно,монопол врз “вистината“,поделба на луѓето према уште една основа и слични лоботомии...

Со еден збор улогата на религиите е да детектира дали некој некаде некако на светов е среќен и да му го испере мозокот со научно фантастични прикаски притоа и да му наметне чувство на вина...

Бегајте од религиите како вампир од лук...
 
Јеа, тоа е тоа.
И секоја религија сака да ја победи конкурентната религија (т.е. сите други) и да има најмногу верници.
 
Абе тоа со религиите ти е добро замислено ама лошо реализирано .
Месиите и пророците и самите биле против религиите , Исус кога влегол у Ерусалим превртил све и ги осудил тогашните "попови" .
Ама кроз време све се извртоперува , за тоа не се криви религиите , криви се лугето.
 
Верба е човечка особина, фантазија и ред други. In the name of the science, ask questions.
 
Back
На врв Bottom