Најуслужлив/најнеуслужлив персонал?

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Локација
Некаде далеку...
На неколку теми до сега сме дискутирале општо за услуживоста на персоналот во продавници, ресторани, кафичи, мобилни оператори и слично, но не сме имале конкретна тема за најљубезен и најнељубезен персонал, па би било убаво кога секој би си го споделил своето искуство во оваа област.

Од ваше искуство, каде сте добиле најдобри услуги и однос со клиент?
Од друга страна, кое е вашето најнегативно искуство?
На многу места, може да се пријави лошо или безобразно однесување, сте го искористиле ли тоа и мислите ли дека има ефект?

Значи каде биле најљубезни, а каде најдрски со вас?

Без разлика за каков вид услуга се работи. :)
 
Во Скопје во Сет Компјутери позитивно.
Во Штип во Нептун позитивно

Во Скопје и Штип во СЕКОЈА банка негативно
 
Во МВР(Телевизија) за мењање возачки оделот! Таму никој ништо не знае ,никој ништо не почитува! И на крај ги отерав у ПМ. И веднаш станаа љубезни и се забрза процесот! Само строго со администрација! Маме им ..... паразитиско! Пред некој ден беше случката, уште ме држи нервоза кога ќе ми текне на нив:mad:
 
Во градски трговски центар вип до сега имам отидено на 2-3 пати девојките кои работат секоја чест (y) само пофалби имаат од мене :) Во беко каде што е за вадење лична карта и сл. прашуваш а тие кутрите што работат таму албанци не знаат добро да зборуваат па додека се разбереш мислиш дека ќе се стемни :cautious:
 
У Куманово кд ќе прашаш келнера има ли топло чоколадо у Корзо, он те погледне како сас кур у чорбу да си му бркнаја.
Такој да, у Куманово, дефинитивно Корзо најлошу услугу имав, и ви Скопјанци и остала багра Македонска што доаѓа во Куманово, немојте никад во Корзо.
 
По рестораниве се добри вработените. Добро сега не во сите ама ок се. Ти мобајл исто така добри.
Ама овие од државна администрација за вадење пасоши, лични возачки итн итн па тие луѓе се ненормални. Ако дојдам на власт некој ден смртна казна ќе предложам за нив. На едни роднини, еден копук кај пасошите отворено им побарал пари. Им рекол: "Алчен сум за пари" :eek:
 
Најлошо: ВИП (недоволно познавање на работата) и Макпетрол (да ти стане непријатно што си застанал да ставиш гориво, мора да излезе вработениот и да ти наточи на ладново, кој апсурд како се осмелуваш)
Најдобро: ПроКредит Банка (ко дома се осеќам во нивни филијали, млади и услужни луѓе)...
Ќе ми текнат и други.
 
Најлошо
- Мвр: шалтери, не смееш да прашаш, ти одговараат со дерење или креваат рамења.
- Поштата кај Нип Нова Македонија, сменете ги тие вработени со помлади, со еден прст не се куца на тастатура, кога ќе прашаш треба да ти одговорат а не да урлаат и да се мрштат.
- ПИОМ, кој критериум го имате за вработување на шалтер и дали имате памет ?


Најдобро
- Салонот на Т- Home на плоштад, сите вработени сте срцки.
- Бурекџилница Коки и вие сте ми срцки.
- Тетката со кратката коса од Седмица, те обожавам.
- господинот од Табернакул :cuc:
 
Најуслужив персонал во АМЦ во Соравија ( дечките што работат таму ќе ти ги кажат сите позитивности и негативности за тоа што сакаш да го купиш ). Најнеуслужлив во Т-Мобиле во Ченто ( цело време кога ќе отидам таму се карам со нив, те прават дека си ретардиран )
 
Негативно искуство: "Кај Злате" локација кај Веро Центар, на неколку пати страшно нељубезен однос на некои келнери
"Маќедонска куќа" келнерот е од оние ендемските видови
"Автобуска станица" - на вработените ко да си им државен непријател посебно една нетачна што има


Позитивно искуство: "ВИП" - ГТЦ многу љубезни девојките
"ORKA" - Локација Skopje Citty Mall, една од продавачките алал нека и е многу пријатна и комуникативна, го убеди другар ми да си ги купи патиките :) (плави очи елегантно полничка и многу секси, поздрав до неа :) )
 
Наjнеуслужливи:
- МВР и општо државната администрациjа
- Книжарата на Економски
- Комерциjална и Стопанска банка
- Книжарата во Топанско до Тедикото, таа вработената ко со сила да работи
- Барселона и ЧекИн
- FM Кафе (среќа банкротираа па веќе ги нема)

Наjуслужливи:
- Прокредит
- продавачките во ЕКО (ГТЦ), сироти не те оставаат на мир да се облечеш, ти влагаат у кабина :)
- МекДоналдс (обично се воспитани и насмеани, исклучок е една дебела намќорка на Рекорд)
- Т-Мобаjл
- во повеќето кафичи каj што идам
 
Негативно искуство: "Кај Злате" локација кај Веро Центар, на неколку пати страшно нељубезен однос на некои келнери
"Маќедонска куќа" келнерот е од оние ендемските видови
"Автобуска станица" - на вработените ко да си им државен непријател посебно една нетачна што има


Позитивно искуство: "ВИП" - ГТЦ многу љубезни девојките
"ORKA" - Локација Skopje Citty Mall, една од продавачките алал нека и е многу пријатна и комуникативна, го убеди другар ми да си ги купи патиките :) (плави очи елегантно полничка и многу секси, поздрав до неа :) )
Сексиплината во Орка city mall работи?Што боја на коса има?Колку е висока?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom