Dani
1 + 1 = 10
- Член од
- 22 јуни 2010
- Мислења
- 24.839
- Поени од реакции
- 60.398
Започна трката за наградата "Ференџ Пушкаш", поточно, наградата за најубавиот гол во 2013 година
На листата за гласање се 10 погодоци, а првата рунда од гласењето ќе трае до 9 декември.Во следната фаза ќе се пласираат трите голови кои до тогаш ќе освојат најголем број гласови.
Конечно победникот ќе биде откриен на 13 јануари 2014 на церемонија на доделувањето на "Златната топка"
На оваа листа се најдоа погодоците на:
- Петер Анкерсен (Есбјерг-Архус)
- Лиса де Вана (Скај Блу-Бостон)
- Антонио Ди Натале (Удинезе-Киево)
- Златан Ибрахимовиќ (Шведска-Англија)
- Панајотис Коне (Наполи-Болоња)
- Даниел Лудена (Пачука-Тигрес)
- Немања Матиќ (Бенфика-Порто)
- Луиза Несиб (Лион-Ст. Етјен)
- Нејмар (Бразил-Јапонија)
- Хуан Мануел Оливеира (Наутико-Спорт Рецифе)
Претходни добитници на оваа награда се:
- Кристијано Роналдо (2009)- Хамит Алтинтоп (2010)
- Нејмар (2011)
- Мирослав Штох (2012)
Што мислите, дали ФИФА била објективна при селекцијата на 10те погодоци ?
Дали некој друг гол заслужи да се најде на листава пред некој од веќе номинираните ?
За вашиот фаворит можете да гласате во анкетата (да ги избегнеме таквите постови)
