Најстресна професија

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување
најстресна работа е да си хирург или они што работат во центри како Демир капија,што гледаат се и сешто.
а има и други стресни работи како градежен работник,се утепуеш од работа а зимаш мизерна плата :vozbud:
 
Брокер !!! - се верува дека брокерите имаат поголема можност да добијат срцев удар од било кој друг :vozbud: (ова ми го кажа една професорка :pos: )
 
Развивач на игри во EA.:nesvest:

Зошто стресна? Еми... оти е. :) Ем те пцујат насекаде низ гејминг форумите оти си направил катастрофа игра, ем кога ке ја направаш те падат од работа како куче, за ЕА да си ги намали трошоците :(
 
Некој што работи со струја или некој градежник, самиот стрес е во ризичната работа.
 
Сите професии се стресни.Сите што ги пишавте погоре, хирург, градежник сите тие се стресни.Ама сигурно и ептен стресно им е на милијардерите.Не може човек да спие мирно кога има толку пари и треба да се грижи за нив.Кога ќе дојде тек финансиска криза...
 
Скоро читав некое истражување според кое најстресни професии се хирург и менаџер.
 
Наставник, професор.
Дома родителите не ги трпат и сигурни се во тоа дека децата му се згрижени, а ваму плус да ги воспитуваш и образуваш, да ги трпиш нивните тинејџерски зезанции, а да не смееш ни да го искараш.
 
Економист,сметководител...До денар се точно треба да биде,ако не излезе од почеток почнуваш.Или да утнеш некои цифри и после се влечеш по банкии судови :nesvest:
 
надзорник односно чувар у идризово,леле во какви само услови се работи со само какви луѓе и битанги,секоја чест на исклучоците али повеќето се леле мајко па посебно со иредентистите ццццццццц ај да објаснувам
 
Се согласувам со повеќето од вас, дека најстресни професии се хирург и менаџер. Всушност сите професии со кои се доаѓа во контакт со луѓе се стресни, а да не зборуваме оние професии од кои зависи човечкиот живот- како што е ХИРУРГОТ.
Меѓута треба да се напомене тука дека тоа зависи многу и од личноста која ја врши таа работа, дали е совесен или не, на пример има многу несовесни лекари кои не се грижат за здравјето на пациентите и се заитересирани само за добра заработувачка и луксузен живот... но тоа е друга тема....
 
Професионален војник во воена зона..........постресно нема, па каков сака нека биде по карактер.:toe:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom