Навивачите се луѓето кои стојат зад клубовите, кои ги бодрат своите тимови, луѓето кои ја креваат атмосферата.
Како натпревар од висок ризик Бугарскиот окупатор на самите аут-линии имал поставено и тешки митралези доколку Македонската публика се обидела да направи инциденти. Натпреварот завршил со резултат 2:0, а Бугарите биле премногу бесни што имало апсења на неколку гледачи, а младите навивачки Македонци, започнале борби со окупаторските полицајци.
Е така драги мои, започнала првата општа туча во историјата на македонското навивање.
После тоа цела Македонија, навива за Вардар. Овој клуб бил единствениот македонски претставник во сојузната Југословенска лига, па затоа бил бодрен од Вардар до Пелагонија.
Првиот банер кој се појавил на стадион бил оној на Комитите, бил поставен на мечот помеѓу Вардар и Ц. Звезда во 1987 година.
Одличната игра на Вардар, гостувањата на големата ЈУ четворка и се псоилното македонско национално чувство како магнет привлекуваа навивачи не само од Скопје, туку и од останатите македонски градови за што сведочат транспаретните “Комити - Струмица“, “Комити - Велес“ итн. За силното Македонско национално чувство сведочат и транспарентите “Македонија В.Е.П.“, “Кој го уби Ченто'' итн.
Во блиско минато, т.е. по осамостојувањето на Македонија, започнува масовно да се развиваат навивачки групи низ целата територија на земјата. Еве ќе набројам дел од нив:
- Чкембари, Битола (ФК Пелистер)
- Мајмуни или можете да ги сретнете и под името ''Маркови Внуци'' Прилеп (ФК Победа)
- Војводи, Тетово. (ФК Тетекс)
- Лојал Фанс, Скопје (ФК Вардар)
- Комити Запад, Скопје (ФК Вардар)
- Гемиџии, Гостивар(навиваат за сите гостиварски екипи)
- Вампири, Велес (навивачи на сите велешки екипи)
- Фаланга, Штип (ФК Брегалница)
- Ајдуци, Струмица (ФК Беласица)
- Романтичари, Скопје (ФК Работнички)
- Лозари, Кавадарци (навиваат за кавадаречките тимови)
- Ѓаоли, Кичево ( -||- )
- Рибари, Охрид (ФК Охрид 2004, Амак СП)
- Паткари, Струга (Караорман)
- Кумани, Куманово ( -||- )
- Багери, Саса ( -||- )
- Абре Убре, Пробиштип ( -||- )
- Лавови, Скопје ( -||- )
- Пирати, Скопје ( -||- )
- Шверцери, Скопје (албанска навивачка група -||- )
- Балисти, Тетово (албанска навивачка група -||- )
Главното дерби во Македонија е она помеѓу екипите на ФК Пелистер и ФК Вардар. На почетокот на 90тите години прераснува во дерби од висок ризик и ривалство меѓу Комитите и Чкембарите и воопшто помеѓу Битола и Скопје.Од ова дерби запаметени се многуте гостувања, тепачки, нереди, разни транспаренти, знамиња и кореографии итн.
Други дербиа кои вредат да се спомнат се:
Вардар против Шкендија/Ренова или помеѓу Комитите и Шверцерите (на национална основа).
Како и повеќе соседски дербиа, Пелистер - Победа, Работнички - Вардар и сл.
продолжувам утре со она што го знам најдобро, Италијанско првенство.