Најстрашен филм што го имате гледано

  • Креатор на темата Креатор на темата Mikiyo San
  • Време на започнување Време на започнување
Го имам гледано римејкот на The Fog, но ќе ја погледнам и старата верзија како и останативе :)

Да додадам само "Нова ноќна мора" на Вес Крејвен од серијалот со Фреди Кругер. Најдобар според мене од останатите делови.

Oд вчера размислувам за насловот на исто така добар, стар психолошки хорор филм, кој после гледањето, се плашев како мала да не случајно излезе некое раче од под кревет :) Филмот почнуваше како еден маж ја губи својата дланка при сообраќајна несреќа, памтам ја подаде низ прозор и камион му ја однесе, за покасно низ целиот филм гледачот мисли дека всушност раката ги убива жртвите. Тоа сето да било во главата на човекот кој поради губењето на својата рака, се шекнал и ги убивал блиските. Дали на некој му текнува на насловот на филмчево?
 
The Hand 1981
 
Од поновиве што сум глеал а да ме задоволил, е The Gravedancers !

И страшен, и напнат, и содржина интересна ( хинт - Почетокот е малце досаден, ако некој реши да го гледа нека не се одкажува по првите 15 минуте )
Не е баш некој хорор ама одлично филмче е со доста интересна приказна.
Инаку од мене American Haunting и Haunting in Connecticat.
Посебно првиот е многу морбиден, и пореметен филм. Еден од подобрите хорори што ги имам гледано.
 
The Grudge.страв ми е дома шо го имам цедето.тибам јапанците,многу морбидни луѓе
 
The Exorcism of Emily Rose...може не беше толку страшен али у коски ми влезе...имав уплав од три саат по полноќ и цело време мислев дека мирисам нешто запалено...ебате филмот:nerv:
 
The Exorcism of Emily Rose...може не беше толку страшен али у коски ми влезе...имав уплав од три саат по полноќ и цело време мислев дека мирисам нешто запалено...ебате филмот:nerv:

Остај ти тоа, беше толку страшен. Поготово сцентата у шталата на крај...ненормална сцена, од кожа да "излезеш" се наежив ко риба :pos: еден од ретките добри нови хорор филмови.
 
The Grudge.страв ми е дома шо го имам цедето.тибам јапанците,многу морбидни луѓе

Јапанците и корејците снимаат најзабегани филмови.
Сум гледал многу нивни филмови и сите или за инцест во некое семјество, масовен убиец на проститутки или некои морбидни хорор филмови за дечиња/повлечени жени чие хоби е масакрирање луѓе.
 
има два филма кои сум ги гледал , и никогаш повеќе нема да ги пуштам . едниот е exorcism of emily rose , целосно се сложувам со вашите коментари погоре , ем напнат , ем неколкуте страшни сцени се терор .
а другиот е The Exorcist оригиналот, снимен 73та а им држи лекција на сите хорор филмови снимени до денес. се кладам дека пола што викаат дека им бил смешен , лажат . или го гледале во друштво па не успеал филмот доволно да им влијае.
 
би ги ставил фајнал дестинејшн и пила, а овие другиве со масакри и вампири се малку смешни..
 
би ги ставил фајнал дестинејшн и пила, а овие другиве со масакри и вампири се малку смешни..

Демек во фајнл дестинејшн и пила нема масакри.

Пила не е страшен ама е филм и пол, првите 3-4 дела.:vozbud:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom