„Најслаба алка“ со Живкица @ Алфа ТВ

  • Креатор на темата Креатор на темата Lincoln Burrows
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
16 август 2008
Мислења
3.293
Поени од реакции
637
200full-the-weakest-link-2000.jpg

Живкица во квизот "Најслаба карика"

По две годишна пауза, чекајќи ја вистинската понуда, Живкица Ѓурчиновска се враќа на Тв екраните како домаќинка на квизот "Најслаба карика", на телевизија "Алфа". Популарниот квиз кој е производ на англиската мрежа Би-Би-Си, наскоро стартува на "Алфа", која ги откупи правата за емитување во Македонија.
Живкица вели дека се радува што се враќа на својата матична професија, телевизијата. Подготовките на сценографијата и изборот на учесници се во тек, а квизот стартува наскоро. Според неа, сарказмот и специфичната смисла на хумор што го поседува ќе и помогнат да го направуи квизот интересен за гледачите.
- Ме немаше долго на телевизија, ја чекав вистинската понуда. "Алфа ТВ" со одличниот тим, и високата техничка подготвеност ги исполни моите критериуми и се најдовме на иста бранова должина. Моите пријатели се шегуваат дека во овој квиз треба да бидам "кучка", но јас мислам дека само треба да бидам саркастична и да го употребам мојот препознатлив смисол за хумор. Ова е светски бренд, и сигурна сум дека како проект одлично ќе ми легне", ни откри Живкица.
Живкица е присутна во телевизискиот етер повеќе од 15 години. Меѓу неколкуте проекти на кои сме ја гледале на Македонската телевизија, се издввои со музичката емисија "Мислам дека имаме хит". Откако ја напушти МТВ, ги водеше емисиите "Моменти" и "Ноу лимитс". Веќе седум години ја слушаме во улогата на Леа, на "Сити радио", секој работен ден од 12 до 14 часот.
 
Каква црвна Живкица, уште ли е на тв гревот? :pos2:

Мисли дека е суперстар, а до вчера на вардар се бањаше !!!

:pos2::pos2::pos2::pos2::pos2:
 
Ајде... почнаа и тука да оранизираат нешто такво? Ќе видиме колку ќе биде сериозно и добро. Како и да е сигурно ќе биде подобро од милионер... Или со овај народ тешко :)
 
аиххх, женава беше ко хеклер, имаше способност да испали по 300 збора у секунда :)
Добар квиз у секој случај, ќе си го споредувам знаењето со учесниците. :P
 
Банка :))


Жими све Живкица најмногу потсеќа на хрватската водителкиа

+за Алфа
 
па уште ова фалеше, веројатно едно од ретките со поасално сценарио...

ќе си го споредувам знаењето со учесниците. :P

па боље така него ли да се замарам да ја пунам касата и пак да не ја допунам од писмените, а и на крај постои можност да ме шутнат договорено ради страв :tv:
 
Ќе биде интересно ако има добри натпреварувачи(не да примаат и штуро и сакато ко на Милионер) И да Живкица највеќе наликува на таа од ХРТ.
Браво за Алфа,прераснува во една од најдобрите телевизии во Македонија.
 
За ова ќе се пријавам пошо ми е класичен концепт на квиз, а не ко Милионер да водам муебети со Трендо.
Ако знае некој каде,кога,кај кого да се јавам или пријавам нека пиши тука.
Време е за пари:zlo:
 
Биче интересантно. Сакал да сум се пријавуел на нешто вакво. :salut:
 
Мислам дека пријателите на Живкица имале право кога и кажале дека треба да е "кучка" :pos2:
Она може наликува на таа од ХТВ водителката меѓутоа тоа е само физичкиот изглед , таа од хтв си е кучкетина права а таква и треба за ова шоу ,додека живкица е само маченце :tv:
А и ќе треба да го направат подот кај што ќе стои Живкица потврд затоа што пудрата што ја става ќе тежи повеќе од сите натпреварувачи заедно :pos2:
Како и да е ,со кој и да е ,супер е и браво за Алфа
 
Само треба да биде и безобразно цинична со учесниците....ако сакаат бар малце да ги достигнат хрватите!
 
За ова ќе се пријавам пошо ми е класичен концепт на квиз, а не ко Милионер да водам муебети со Трендо.
Ако знае некој каде,кога,кај кого да се јавам или пријавам нека пиши тука.
Време е за пари:zlo:

Одиме заедно, нема да се исфрламе до крај:)
 
Одиме заедно, нема да се исфрламе до крај:)


А после ... ко баскет пред 10 години што игравме. Ја од 5-0 за мене, до 6-5 за тебе ... само сеа со сменети улоги :devil3:


И ти ако победиш парите нема да ти ги дадат :pos::pos::pos:
 
Интересен квиз, уште Живкица да го одигра своето ко што е на Хрватскиот. Се надевам дека ќе биде нешто интересно за гледање.
 
Јебемлига, као успеаа иста, идентична да ја ископаат као на ХРТ, јебемлига?!?!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom