Евдокија Ангел Неманиќ, Eudokia Angelina, Ευδοκία Αγγελίνα,
...Евдокија Анѓел била првата странска принцеза на српскиот двор, таа била убавица која „ ја осветлувала Византија секое утро кога се будела, на радост на своите поданици“ со својот изглед, таа пристигнала во Србија веднаш откако била договорена венчавката меѓу неа и Стефан Немања, кој подоцна ќе стане првиот српски крал и ќе ја добие титулата Првовенчани.
...бракот, кој нема да биде среќен кој го договориле владетелот и чичко на убавата принцеза, византискиот цар Исак II Анѓел и таткото на Стефан, големиот српски жупан Стефан Немања.
... принцезата пристигнала во Србија во 1191 година, а нејзината придружба ја одвела во Скопско, идната српска престолнина, до која подоцна ќе бидат следени и некои други византиски принцези - српски снаи, таа била многу убава, а младиот Стефан бил пресреќен кога видел каква жена му наместиле.
... бракот бил склучен, започнал добро и децата полека се раѓале, прво синот Радослав, потоа Предислав, Владислав и ќерката Комнена.
... српските историчари заклучиле дека децата биле воспитани претежно во грчки дух, така да Радослав, најстариот син кој ќе стане наследник, бил толку прогрчки ориентиран што едвај се сметал себеси за Србин.
... ситуацијата се променила кога го именувале Стефан за наследник, а не Вукан, кој бил постариот син и на кого му припаѓа жезлото по првородство и класична појава на борба меѓу браќата за престолот.
... Вукан успеал да го симне од престолот својот помлад брат Стефан и владеел, но само две години, во тие критични моменти за државата, се променила и личната судбина на сопружниците, па убава српска жупанка, одеднаш, една ноќ, била исфрлена на улица само во кошула има и такви што велат дека била исфрлена сосема гола, поради моментот на фаќање во неверство други исторјчари тврделе дека неверството било од страна на Стефан да најде нова сопруга од римокатоличкиот двор со која ќе добие и кралска круна од Папата.