Најлоши и најглупави филмови

  • Креатор на темата Креатор на темата The`bItCh
  • Време на започнување Време на започнување
Не знам дали е пишан а 100 % е , само ме мрзи да глеам 50 страни.
Филмот се вика Мортал Комбат , напраен е у 90тите мислам. Го изглеав пред неколку време и очајно си го барав времето потрошено назад. Полош мислам дека филм нема , глумењето , костимите , едит-от се препрепрепрелоши и преаматерски.
 
Драг ми ту хел 2010 негде на форумов го прогласивме за најдобар од најлошите филмови, затоа што за него важи она it's so bad that is actually good :ROFLMAO:

моментот бабата коа гребеше по колата :pos: некња додека шетав на шалтер у банка ми текна на моментов ја навалив главата да се изнасмеам на раат :pos:
 
Јас овој драг ми ту хел го начекав на синеманија еднаш случајно. Ако сте го симињале специјално да го гледате, тешко вас :D
 
MV5BMTYxNjk4MzcyOF5BMl5BanBnXkFtZTgwMzQ3OTQyMTE@._V1_SX640_SY720_.jpg


на моменти се смеев од што е дебилен.. слично како The Room..
 
01066a34e2617fb25cf91aab22995bed_large.jpeg

Претерано разочаран од филмов, ни 1/10 не би му дал. Немаше потреба да го затупат филмот со ова гомно од продолжение.:гомце: Глумата на Кејџ е ДУПКА!
 
Сме ја подзаборавиле темава... :D Ај и јас да пишам некој филм, ама ќе се задржам на оние што се it's so bad it's good филмови.

Troll 2

Филмов го фатив на AMC каналот пред да го исклучат МаксТв од понудата... имав чуено дека е еден од полошите филмови некогаш направени, па затоа решив да го ѕирнам, иако ги одбегнувам ваквите филмови.
Што да кажам... лоша глума, лош дијалог, тапа приказна. Фамилија се преселува во ново градче наречено Нилбог (прочитајте го одназад името :D ), арно ама тие не сваќаат дека сите жители во тоа место се гоблини, или тролови како сакате.
Познатата фраза...

Beastmaster 2

Ова е од времето кога позајмував VHS касети од комшиите :)... Во првиот дел (го немам гледано) се работи за митски суштества, кралици, магионичари, злобни волшебници и херој налик на Хи-Мен што мора да го спаси светот во кој живеат... типично филмче од 80-тите.
Е сега во вториот дел овој Хи-Мен херојот преку портал доаѓа во модерното време, и цело време се дружи со џенцка која го вози низ Лос Анџелес, го облака во фенси алишта, и му пушта рокенрол... катастрофа :D


Mac and Me

И овој го фатив на AMC каналот. Филмов е реклама за Мекдоналдс, + ET за сиромашни... нема ни да се мачам да го објаснувам :icon_mrgr:

Silent Night, Deadly Night part 2

Демек новогодишен хорор филм... а нема ниту ''Н'' од новогодишен, ниту ''Х'' од Хорор . 80% од филмот го прераскажува првиот дел, додека останатите 20% ти е ова видео...

Leprechaun

И ова е еден вид на ''Хорор''... тука ја гледаме Џенифер Анистон пред да направи операција на носот :icon_mrgr:

За другите ме мрзи да зборам, само ќе ги пишам...

The Room
Twin Sisters
Bio Dome
 
Дефинитивно Spring Breakers, која глупост од филм човече...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom