Сме ја подзаборавиле темава...

Ај и јас да пишам некој филм, ама ќе се задржам на оние што се it's so bad it's good филмови.
Troll 2
Филмов го фатив на AMC каналот пред да го исклучат МаксТв од понудата... имав чуено дека е еден од полошите филмови некогаш направени, па затоа решив да го ѕирнам, иако ги одбегнувам ваквите филмови.
Што да кажам... лоша глума, лош дијалог, тапа приказна. Фамилија се преселува во ново градче наречено Нилбог (прочитајте го одназад името

), арно ама тие не сваќаат дека сите жители во тоа место се гоблини, или тролови како сакате.
Познатата фраза...
Beastmaster 2
Ова е од времето кога позајмував VHS касети од комшиите

... Во првиот дел (го немам гледано) се работи за митски суштества, кралици, магионичари, злобни волшебници и херој налик на Хи-Мен што мора да го спаси светот во кој живеат... типично филмче од 80-тите.
Е сега во вториот дел овој Хи-Мен херојот преку портал доаѓа во модерното време, и цело време се дружи со џенцка која го вози низ Лос Анџелес, го облака во фенси алишта, и му пушта рокенрол... катастрофа
Mac and Me
И овој го фатив на AMC каналот. Филмов е реклама за Мекдоналдс, + ET за сиромашни... нема ни да се мачам да го објаснувам
Silent Night, Deadly Night part 2
Демек новогодишен хорор филм... а нема ниту ''Н'' од новогодишен, ниту ''Х'' од Хорор . 80% од филмот го прераскажува првиот дел, додека останатите 20% ти е ова видео...
Leprechaun
И ова е еден вид на ''Хорор''... тука ја гледаме Џенифер Анистон пред да направи операција на носот
За другите ме мрзи да зборам, само ќе ги пишам...
The Room
Twin Sisters
Bio Dome