Aрсенал: Челзи?
а да ве прашам...кој е ваш критериум за дерби?
Пари, нов газда, традиција, слава, што?
Ако е дерби Челзи:Арсенал не знам што е Манчестер:Ливерпул.
Ко прво, од кога е Челзи супер сила? од 2003? што праеше пред тоа? Па Вулверхемптон е пославен тим од него.
Второ: Атрактивни потези на натпреварот, па голови, па финти, дриблинзи...не го прават мечот дерби. Јас сум гледал многу јаки пресметки меѓу (пример) Болтон и ВБА, голови, ова она, ама сепак не е дерби.
За мене најголемо дерби е Ренџерс - Селтик. Нивното ривалство датира од 1888 година ( најдете некое друго толку старо градско згора на се дерби). Заедно тежат околу 200 трофеи ( пак најдете некои два тима), и меѓусебе изиграле околу 500 вечни дерби утакмици. На тоа да ја додадеме и Шкотската фанатичност за фудбалот, и на крај ќе добиеме најголемо дерби на светот.