B
Beginner
Гостин
Во Гевгелија имаме 5 поголеми маркети Кам, Стокомак, Алди м/Екстра маркет, Кит Го, Солун 53.
Јас пазарувам од Кам и Стокомак најчесто а скоро и цел град во овие 2 одат најмногу оти се најевтини.
Јас пазарувам од Кам и Стокомак најчесто а скоро и цел град во овие 2 одат најмногу оти се најевтини.
За болдираното што е толку лошо што го употребуваат тој бизнис модел? Никој не ги спречува и другите големи маркети да го прават истото.Од маркети кај отидовте...
Нормално дека треба да се бојкотира мафија, вклучително и шиптaрската. Под мафија подразбирам и оние шо не плаќаат данок како поединци, а тоа се и продавачи на импровизирани, картонски тезги. Таа линија на помал отпор и заобиколување на давачки развива други канцери у општествово.
Не заборавајте дека и во Кам и во Стокомак и во Веро освен газдите, работат и други луѓе, кои земаат плата и живеат од нејзе.
Кам ја спушта цената многу едноставно - му гарантира на производителот дека освен тоа сирење, на пример, на полицата нема да има друго. Тој што влегол у маркетот има избор само тоа да го купи. Со развиената мрежа може да го пласира до задњата рупа у државава и да го шалта од место во место, ако нема побарувачка. Тоа е играта на големи цифри што ги уништува ситните играчи на пазарот. Велија преварантот тргна со оваа игра, со оние хедис маркети и веројатно ќе успееше да не му се закачеше паторот на врат. Се сеќавате на понудата со едноцифрени цени за производи (со Ш квалитет додуша).