Најевтин супермаркет

  • Креатор на темата Креатор на темата mkdpp
  • Време на започнување Време на започнување
Во Гевгелија имаме 5 поголеми маркети Кам, Стокомак, Алди м/Екстра маркет, Кит Го, Солун 53.
Јас пазарувам од Кам и Стокомак најчесто а скоро и цел град во овие 2 одат најмногу оти се најевтини.
Од маркети кај отидовте...
Нормално дека треба да се бојкотира мафија, вклучително и шиптaрската. Под мафија подразбирам и оние шо не плаќаат данок како поединци, а тоа се и продавачи на импровизирани, картонски тезги. Таа линија на помал отпор и заобиколување на давачки развива други канцери у општествово.
Не заборавајте дека и во Кам и во Стокомак и во Веро освен газдите, работат и други луѓе, кои земаат плата и живеат од нејзе.

Кам ја спушта цената многу едноставно - му гарантира на производителот дека освен тоа сирење, на пример, на полицата нема да има друго. Тој што влегол у маркетот има избор само тоа да го купи. Со развиената мрежа може да го пласира до задњата рупа у државава и да го шалта од место во место, ако нема побарувачка. Тоа е играта на големи цифри што ги уништува ситните играчи на пазарот. Велија преварантот тргна со оваа игра, со оние хедис маркети и веројатно ќе успееше да не му се закачеше паторот на врат. Се сеќавате на понудата со едноцифрени цени за производи (со Ш квалитет додуша).
За болдираното што е толку лошо што го употребуваат тој бизнис модел? Никој не ги спречува и другите големи маркети да го прават истото.
 
Во Гевгелија имаме 5 поголеми маркети Кам, Стокомак, Алди м/Екстра маркет, Кит Го, Солун 53.
Јас пазарувам од Кам и Стокомак најчесто а скоро и цел град во овие 2 одат најмногу оти се најевтини.

За болдираното што е толку лошо што го употребуваат тој бизнис модел? Никој не ги спречува и другите големи маркети да го прават истото.
Не реков дека е лошо - го кажувам само начинот на кој ја постигнуваат ниската цена. Во описот уште фали дека и на основ на рабат добиваат голем попуст - нешто што е исто клучно, а малите маркети не можат да го постигнат.
Може да е лошо за луѓе на кои тоа конкретно сирење (или производ некој) не им е по кеиф како вкус, пресолено, кисело, горчливо...
Другите маркети имаат друг принцип - непродадената стока ја враќаат или ја пребиваат некако. Прилично комплициран бизнис е, има многу детаљи и во меѓусебните договори со доверителите.

Мене со тие маркети од типот на Кам и Стокомак ова ми е највпечатливо - ќе го искористам постов:
Не треба никогаш на некои производи да се гледа дали се поевтини или не... Што ако се ефтини кога немаат никаков вкус...

Пример Виното Гранде Црвено во стакло од литар и пол во КАМ маркет абе хроник најголем да си повеќе од 2 чаши не можеш да испиеш и тоа како сосила... Домашно вино си е најубава работа...

Киселата вода Божица после отворање колку и да е добро затворена, бргу се ветрее...

Холандските Телешки шницли во Стокомак што ако се најефтини од во сите маркети и месарници кога немаат никаков вкус и ко ѓон да џвакаш...Не може да бидат вкусни и кревки како домашно телешко месо...
Од друга страна, купувам кафе за мока-пот во Кам, кое е 50 денари поевтино од истото во Веро и Тинекс....истиот квалитет, истиот производ, по редовна цена отприлика 25% поевтино.
Само ќе додадам дека за парите за кои се убивам од работа, сакам нешто барем прифатливо да јадам. И кога не беше корона, не дека не одев по ресторани и кафани, ама најмногу јадам дома зготвени работи и гледам да се квалитетни.
 
За болдираното што е толку лошо што го употребуваат тој бизнис модел? Никој не ги спречува и другите големи маркети да го прават истото.
Па брат лошо е за нас како купувачи. Ограничен си.
Сега некогаш се исплати да идеш и големо пазарење да напраиш таму, ќе заштедиш ајде. Ама ако треба јас за 100-200 денари месечно да се шетам од кам до рептил до стокомак до тинекс итн. Тогаш налет.
А па само од таму да пазарам и зимам "замена" за брендот што сакам да го јадам/пијам а не ми се свиѓа па не иде...

Мене лично Кам и Стокомак не ми се пријатни за пазарење, тие неколку продукти што ми требаат ги зиам "на големо", еднаш месечно ќе си влезам таму и доста ми е.
 
Ограничен си да ама ако продуктот им е добар не би ми било проблем да е единствената опција понудена. Се разбира ризикот е тоа дека нема на секој да му се допадне и треба во друг маркет да оди само заради тоа.
Они си израчунале дека ваков начин им носи најмногу профит нека си терат така.
 
Koга велам Рамстор се скапи, секако мислам на исти производи.

еден пример од неодамна - Тоблероне (од ист производител), во Рамстор 107, а во Кам - 62.
Автоматски споено мислење:

океј, можда беа цените 102 со 67, али ипак.
Станувам параноичен на овие теми! Се си мислам дека и самите производители играат игри со квалитетот, зависно за кој ланец на супермарките е наменет производот!
 
Иначе Кит-го, Тера Маркет и Супер кит-го ( бивш Туш ) се на еден газда а и да Тера се најевтини од сите 3:)
Па и сите се разликуваат. Тој што е најевтин и со помал број на вработени, помал простор, помал избор и помали плати од другите два.

Мијалков е газда.
 
КАМ купува роба од германски дисконти на големо кои се веќе поефтини од македонските производи со цена симната на принципот што го прави лидл и алди на пример. Плус колку плаќа данок на државата за увозот останува загатка. Сега има тој два адута во џеб да се носи со конкуренцијата и си фура на макс.

Веро и Тинекс имаат друга стратегија, тие имаат флаери за попуст служат да го прилвечат муштеријата да дојде во маркетот заради даден производ. А кога ќе влезе таму тој биди сигурен дека нема да купи само тоа туку се што му треба во моментот и дури повеќе од тоа.

Карфур ја имаше таа стратегија со киселото млеко од 9 денари ама пошто беше еден маркет, заврши како што заврши.

Кога сме кај стратегии имаше за странски големи ланци на маркети, млекото и ефтино пилешко на крај за додека да дојдеш таму да изнакупиш и многу др работи што можеби и не си ги планирал тогаш. Дури на влезот позиционираат поскапи производи, за психолошки се друго после да ти делува ефтино во споредба со ова

А нашиве брзо учат, ако сакаш производ твој нов да се најде на полица треба за истата да платиш фиксна сума на месечно ниво и плус стандард маржата

Во Гевгелија имаме 5 поголеми маркети Кам, Стокомак, Алди м/Екстра маркет, Кит Го, Солун 53.
Јас пазарувам од Кам и Стокомак најчесто а скоро и цел град во овие 2 одат најмногу оти се најевтини.

За болдираното што е толку лошо што го употребуваат тој бизнис модел? Никој не ги спречува и другите големи маркети да го прават истото.

Лошо е што ти го ограничуваат изборот, и најчесто за голем дел од производите најниска цена нудат странски фирми - па така ние за брзо време и оние малку домашни што ги имаме поради ова ќе ги уништиме, се од увоз ќе биде (надвор парите одат) а плати сакаме поголеми
 
Последно уредено:
Станувам параноичен на овие теми! Се си мислам дека и самите производители играат игри со квалитетот, зависно за кој ланец на супермарките е наменет производот!
Некаде читав дека мастики Орбит и Ервејс не биле со ист квалитет во Стокомак и некој поголем маркет. Можам да замислам што прават со детергенти, нешто што може да се отвори и раствори со вода.
Непотврдено, демек имало магацин каде се препакувале ваквите работи.
 
Има и Tурски Ариел и Германски, на акција секогаш е турскиот, кој бил далеку полош за перење. :D
 
Има и Tурски Ариел и Германски, на акција секогаш е турскиот, кој бил далеку полош за перење. :D
Исто имаш и со первол од над 3литри, не ми текнува колку беше литражата.
 
Некаде читав дека мастики Орбит и Ервејс не биле со ист квалитет во Стокомак и некој поголем маркет. Можам да замислам што прават со детергенти, нешто што може да се отвори и раствори со вода.
Непотврдено, демек имало магацин каде се препакувале ваквите работи.

Многу често ми се случувало да жената ми каже дека има прашак дали беше Ариел не ме држи за збор на акција во Рамстор или Вива фреш и после да увидам дека на тој прашок амбалажата е на турски јазик и баш тој прашок во другите маркети да го нема.Е сега дали имаат лиценца турците или е некој фалц не би знаел да кажам.
 
Имаат лиценца за производство, мерикс у Србија, бугарско нескафе, орбит исто, милка бугарска итн.
 
Исто имаш и со первол од над 3литри, не ми текнува колку беше литражата.
Има на повеќе производи такви работи, Орео од Романија, Милка од Полска... :D
 
Има на повеќе производи такви работи, Орео од Романија, Милка од Полска... :D
Многу се, можам и за томи да ти кажам и која Мак фирма го прави кечапот за подравка.
 
Многу се, можам и за томи да ти кажам и која Мак фирма го прави кечапот за подравка.
Кој Томи?

Не е во Србија произведен?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom