D
Deleted member 157923
Гостин
Многу тешко да се грееш во поткровје без изолација на таван затоа што топлината ќе бега нагоре.Господа здраво , дали некој што се разбира во клими може да ми помогне? Немам друго решение освен греење на клима уред оваа зима , на спрат од 38квадрата без изолација. Имам спремано околу 60.000денари за клима па ако може да ми предложите што најдобро може да се земе за таа цена и дали реално можам да се стоплам бидејки се работи за куќа на поткровје без изолација. Фала
Што имаш на таван трска малтар, гипс картон...?
Над тоа има нешто тервол?
Кровот барем искојан е со штици?
Јас на твое место кога немам веќе никаква изолација прво би го премачкал таванот од внатре со Термо Стоп премаз во три слоја. Колку толку би добил изолација.
Клима уред би купил Јапонски, иначе овој сега што го чекаш ќе ти понуди некое кинеско срање валјда Gree.
Пример за околу 60000
Daikin Sensira стариот модел FTXF 4.2kw 61110 денари со попуст во ICS
DAIKIN SENSIRA - ICS GROUP - Intelligent Climate Solutions
Високоѕидна клима со рамен преден панел кој лесно се вклопува во секој ентериер. BLUEVOLUTION серија. Достапни капацитети 2.0KW; 2.5KW;3.5KW; 5.0KW; 6.0KW; 7.1KW

Само не кажа овие 38 квадрати како се, една отворена просторија, дневна, спална, салон...?
Последно уредено од модератор: