Друштво здраво. Во предходни страници прочитав прашање за можност за греење на електричен котел Vaillant. Па, еве, и јас ве прашувам, ама ќе ве молам за издржани одговори или некој со искуство. Имам читано на српски форуми или на некоја фејсбук страна, не знам, за позитивно искуство за греење со таков котел. Напоменувам, Vaillant eloblock, не е класично греачи вклучи-исклучи, туку на некој систем на модулација, секвенционално вклучување на греачи, нешто како инверториве, потрошувачката варира од KW па до полна снага, во зависност од температурата на просториите. Да напоменам, имам инсталирано цевки, радијатори, пошто веќе од поодамна системот беше на електричен котел, класичен, сега ми е поврзан на печка на пелети, ама со цениве на пелетите го ставив во мирување. Моментално се греам на два инвертори, нова Тошиба 5,5ка во дневен простор од 40тина квадрати, стар инвертор АУХ 3,5ка во спална од 13тина кв, во детска соба имам Термор конвектор од 2 KW, така што од овој систем со инвертори не сум задоволен во многу работи, образложено е порано зошто, а и сметкиве за струја не се баш ни мали, иако сезонава не беше многу студена. Можам да кажам дека од Терморот сум прилично задоволен од минатата сезона по потрошувачка. Куќата изолирана добро во собите, останува оваа сезона и дневниот простор да го изолирам, плус дополнителна надворешна изолација, значи план ми е да ја изолирам добро. Значи, прашањето ми е, Vaillant eloblock, модулациски котел, можеби со бафер. И цената на чинење на котелот прилично се разликува од еден инвертор, односно инвертори, помножено со број на простории. Фала на одговорите.